Дија (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дија
Откривање
ОткривачСкот Шепард (2000)

Дејвид Џуит (2000)
Јанга Фернандес (2000)

Јуџин Магниер (2000)
Откриено5 декември 2000
Орбитални особености
Главна орбита полупречник
12,1 милиони км
Занесеност0,210[1]
274 д
Наклон28,2°[1]
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
≈2 км
≈23[1]
Dia-Jewitt-CFHT.gif

Дија (позната и како Јупитер LIII) — втора најоддалечена напредна неправилна месечна на Јупитер. Првично била позната како S/2000 J 11, а своето име го добила на 7 март 2015 година.[2] Била именувана по Дија, ќерка на Дејон. Според Хомер, била заведена од Зевс.

Месечината е единствено познато мало тело во Хималиината група.[3]

Дија се верува дека има пречник од 4 километри.[4] Кружи околу Јупитер за 274 денови.[1]

Откривање[уреди | уреди извор]

Дија била откриена од група на астрономи од Хавајскиот универзитет предводена од Скот Шепард во 2000 година.[5][6]

Првичните откритија не биле обновувани и Дија не била набљудувана повеќе од една деценија по 2000 година. Ова наводно исчезнување довело некои астрономи да ја сметаат месечината за изгубена.[7] Една теорија била дека се срушила во Хималија, создавајќи прстен околу Јупитер.[8] Меѓутоа, на крајот била повторно откриена во набљудувањата направени во 2010 и во 2011 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Williams, Gareth V. (2012-09-11). „MPEC 2012-R22 : S/2000 J 11“. Minor Planet Center. Посетено на 2012-09-11.
  2. CBET (Central Bureau Electronic Telegram) 4075: 20150307: Satellites of Jupiter, March 7, 2015
  3. Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; An abundant population of small irregular satellites around Jupiter Архивирано на 13 август 2006 г., Nature, 423 (May 2003), pp. 261–263
  4. Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; Porco, C.; Jupiter's outer satellites and Trojans Архивирано на 14 јуни 2007 г., in Jupiter: The planet, satellites and magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, ISBN 0-521-81808-7, 2004, pp. 263-280
  5. Daniel W. E. Green (January 5, 2001). „IAUC 7555: Satellites of Jupiter“. Меѓународен астрономски сојуз.
  6. Brian G. Marsden (January 15, 2001). „MPEC 2001-A29: S/2000 J 7, S/2000 J 8, S/2000 J 9, S/2000 J 10, S/2000 J 11“. International Astronomical Union Minor Planet Center.
  7. „FAQ: Why don't you have Jovian satellite S/2000 J11 in your system?“. JPL Solar System Dynamics. Посетено на 2011-02-13.
  8. "Lunar marriage may have given Jupiter a ring", New Scientist, March 20, 2010, p. 16.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]