Евпорија (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Евпорија (старогрчки: Ευπορία) или Јупитер XXXIVприроден сателит на Јупитер. Сателитот бил откриен од група астрономи од Универзитетот во Хаваи под водство на Скот Шепард во 2001 година и му била дадена привремената ознака S/2001 J 10.[1][2]

Евпорија има пречник од околу 2 километри и кружи околу Јупитер на просечна оддалеченост од 19.088 милиони киолемтри, правејќи круг за 538,78 дена со наклон од 145° кон еклиптиката (145° кон Јупитеровиот екватор) во спротивна насока со занесување од 0,096.

Месечината своето име го добила во август 2003 година по старогрчката божица на изобилството и една од хорите (со тоа и ќерка на Зевс) Евпорија.[3]

Евпорија е највнатрешната месечина од широкораспространетата Пасифаина група.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Daniel W. E. Green (May 16, 2002). „IAUC 7900: Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union. 
  2. Brian G. Marsden (May 15, 2002). „MPEC 2002-J54: Eleven New Satellites of Jupiter“. International Astronomical Union Minor Planet Center. 
  3. Daniel W. E. Green (August 8, 2002). „IAUC 8177: Satellites of Jupiter, Saturn, Uranus“. International Astronomical Union. Архивирано од изворникот на March 27, 2012.  Unknown parameter |df= ignored (помош)