Амалтеја (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Амалтеја (ст. грч. Αμάλθεια) е третата позната Јупитерова месечина. Кружи околу Јупитер на оддалеченост од 181 300 км. Димензиите му се 270x166x150 км, што му дава просечен пречник од околу 168 км. Масата на овој месечина изнесува 7,17x1018 кг. Иако е петта по големина јупитерова месечина, позади 4-те Галилееви месечина, Амалтеја е 15 пати помала од најмалата Галилеева месечина Европа.

Орбитите на Амалтеја и Теба се наоѓаат внетре во јупитеровите прстени, поради што се сомнева дека би можеле да бидат материјал за прстените. Амалтеја е најцрвениот објект во Сончевиот Систем. За црвената боја на површината одговорни се вулканите на месечината Ија, кои исфрлаат сулфур во вселената. Како и Ија, Амалтеја зрачи многу повеќе топлинска енергија, отколку што ја прима од Сонцето, се претпоставува, (веројатно поради струјните бранови кои доаѓаат од Јупитеровото магнетно поле).

Амалтеја има многу мала густина: 0.99 ± 0.25 г/см³ (густината на водата изнесува 1 г/см³). Се претпоставува дека Амалтеја била неколкупати разорена со удар, при што денес се состои од многу шуплини.

Спрема теоријата околу настанувањето на Јупитеровиот систем, која превладувала пред мерењето на густината на Амалтеја, Амалтеја требала да биде погуста и од Ија, па затоа овие резултати се прилично изненадувачки за научниците.

Амалтеја ја открил астрономот Едвард Емерсон Бернард на 9 септември 1892 година од опсерваторијата Лик.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]