Пасифаја (месечина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пасифаја
Pasiphaé.jpg
Откривање
ОткривачФ. Ж. Мелот
Откриено27 јануари 1908
Орбитални особености
Периапсида16.980.250 км[1]
Апоапсида31.209.300 км[1]
Главна орбита полупречник
24.094.770 км[1]
Занесување0,2953[1]
764,082032 д (2,092 г)[1]
2,242 км/с
Наклон145,24° (кон еклиптиката)
143,04° (кон Јупитеровиот екватор)[1]
Месечина наЈупитер
Физички особености
Среден полупречник
20 км[2]
18 км[3]
~11.300 км²
Зафатнина~113.000 км³
Маса3,0×1017 кг
Средна густина
2,6 г/см³ (претп.)[2]
~0,022 м/с2 (0,002 г)
~0,036 км/с
Албедо0,04 (претп.)[2]
0,10[3]
Температура~124 K
Повратните неправилни месечини на Јупитер.

Пасифаја (од старогрчки: Πασιφάη)[4]повратна неправилна месечина на Јупитер. Откриена е во 1908 г. од британскиот астроном Филибер Жак Мелот[5][6] и подоцна наречена по Пасифаја, сопруга на кралот Минос и мајка на Минотаурот од старогрчката легенда.

Месечината е првпат е забележана на фотографија направена во Гриничката опсерваторија ноќта на 28 февруари 1908 г., а потоа е забележана на претходни слики наназад до 27 јануари. Ја добила привремена ознака 1908 CJ бидејќи не било јасно дали се работи за астероид или месечина на Јупитер, сè до 10 април, кога е утврдено дека телото е месечина.[7]

Телото го добило сегашното име дури во 1975 г.;[8] дотогаш се нарекувало Јупитер VIII, а понекогаш и „Посејдон“[9] between 1955 и 1975 г.

Орбита[уреди | уреди извор]

Пасифаја кружи околу Јупитер по високозанесена и високонаклонета повратна орбита. По неа е наречена Пасифаината група на неправилни повратни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 22,8 до 24,1 милиони километри, на наклони од 144,5° до 158,3°.[10] (Орбитални елементи од јануари 2000 г.)[1] Тие постојано се менуваат поради сончевите и планетарните пертурбации.

Познато е дека месечината е во секуларна резонанца со Јупитер (врзувајќи ја должината на нејзиниот перијов со должината на Јупитеровиот перихел).[11]

Физички особености[уреди | уреди извор]

Со пречник од околу 58 км, Парсифаја е најголемата повратна месечина и трета по големина неправилна месечина, зад Хималија и Елара.

Спектроскопските мерења на инфрацрвеното зрачење покажуваат дека Пасифаја е спектарски безлично тело, што одговара на претпоставеното астероидно потекло. Се смета дека месечината всушност е откршок од зафатениот астероид заедно со другите месечини од нејзината група.[12][13]

Во видливиот спектар, месечината има сив изглед (бојни показатели B-V=0,74, R-V=0,38), слично на астероидите од типот C.[14]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 Jacobson, R. A. (2000 г). The Orbits of the Outer Jovian Satellites. „Astronomical Journal“ том  120 (5): 2679–2686. doi:10.1086/316817. Bibcode2000AJ....120.2679J. http://www.iop.org/EJ/article/1538-3881/120/5/2679/200233.html. 
  2. 2,0 2,1 2,2 „Planetary Satellite Physical Parameters“. JPL (Solar System Dynamics). 2008-10-24. конс. 2008-12-12. 
  3. 3,0 3,1 Williams, Dr. David R. (2007-11-23). „Jovian Satellite Fact Sheet“. NASA (National Space Science Data Center). конс. 2008-12-12. 
  4. http://planetarynames.wr.usgs.gov/Page/Planets
  5. Melotte, P. J. (1908 г). Note on the Newly Discovered Eighth Satellite of Jupiter, Photographed at the Royal Observatory, Greenwich. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  68 (6): 456–457. doi:10.1093/mnras/68.6.456. Bibcode1908MNRAS..68..456.. 
  6. Perrine, C. D.; Perrine, C. D. (јуни 1908 г). Recent Observations of the Moving Object Near Jupiter, Discovered at Greenwich by Mr. J. Melotte. „Harvard College Observatory Bulletin“ том  20: 184–185. doi:10.1086/121815. Bibcode1908PASP...20..184M. 
  7. Cowell, P. H. (1908 г). Note on the Discovery of a Moving Object Near Jupiter. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society“ том  68: 373. doi:10.1093/mnras/68.5.373. Bibcode1908MNRAS..68..373.. 
  8. IAUC 2846: Satellites of Jupiter 1974 October 7 (naming the moon)
  9. Payne-Gaposchkin, Cecilia; Katherine Haramundanis (1970). Introduction to Astronomy. Englewood Cliffs, N.J.: Prentice-Hall. ISBN 0-134-78107-4. 
  10. Sheppard, S. S.; Jewitt, D. C.; and Porco, C. C.; Jupiter's Outer Satellites and Trojans, in Jupiter: The Planet, Satellites and Magnetosphere, edited by Fran Bagenal, Timothy E. Dowling, and William B. McKinnon, Cambridge Planetary Science, Vol. 1, Cambridge, UK: Cambridge University Press, , 2004, pp. 263-280
  11. Nesvorný, D.; Beaugé, C.; Dones, L. (2004 г). Collisional Origin of Families of Irregular Satellites. „The Astronomical Journal“ том  127 (3): 1768–1783. doi:10.1086/382099. Bibcode2004AJ....127.1768N. http://www.iop.org/EJ/article/1538-3881/127/3/1768/203442.html. 
  12. Brown, M. E. (2000 г). Near-Infrared Spectroscopy of Centaurs and Irregular Satellites. „The Astronomical Journal“ (The American Astronomical Society) том  119 (2): 977–983. doi:10.1086/301202. Bibcode2000AJ....119..977B. 
  13. Sheppard, S. S.; and Jewitt, D. C.; An Abundant Population of Small Irregular Satellites Around Jupiter, Nature, Vol. 423 (May 2003), pp. 261-263
  14. Grav, T.; Holman, M. J.; Gladman, B. J.; and Aksnes, K.; Photometric Survey of the Irregular Satellites, Icarus, Vol. 166 (2003), pp. 33-45

Надворешни врски[уреди | уреди извор]