Пасифаја

Од Википедија — слободната енциклопедија
Пасифаја со Дедал и дрвената крава
Фреска од Помпеја

Пасифаја (грчки јазик|Πασιφάη) (латински јазик|Pasiphae) во старогрчката митологија била персеидина и хелиева ќерка, жена на кралот Минос.[1]

Пасифајиното име на грчкиот јазик значи „она која се осветлува“.

Митологија[уреди | уреди извор]

Минотаур

Пасифаја со кралот Минос имала четири сина - Деукалион, Глаук, Андрогеј, Катреј - и две ќерки - Аријадна и Федра, а потоа се вљубила во светиот бел бик и родила чудовиште, полубик - ѕвездениот Астерион - Минотаур.

Минос , пред да стане крал, побарал од богот Посејдон некој знак дека тој, а не неговиот брат, ќе дојде на престолот на Крит. Посејдон ги слушнал молбите на Минос и како знак испратил бел бик, под услов Минос да га жртвува во негова чест. Преубавиот бел бик излегол од морето, а Минос, кога го здогледал толку прекрасен, одлучил да го измами Посејдон и жртвувал друг бик. Посејдон, кога ја видел измамата, се разбеснил и одлучил да го казни Минос така што направил Пасифаја, миносовата жена, лудо да се вљуби во бикот.

Пасифаја, во желба некако да се доближи до бикот, отишла до Дедал да и помогне и да смисли начин како таа да ја задоволи својата страст. Дедал смислил како да и помогне на Пасифаја. Направил дрвена крава во која се вовлекла и сокрила Пасифаја, па бикот така ја оплодил, а Пасифаја забременила и подоцна го родила чудовиштето - полубик и получовек - Минотаур.

Минотаур, додека бил дете, го одгледала Пасифаја, но како тој растел, така станувал се побесен и побесен, така што Дедал, по совет на Делфиската пророчица изградил лавиринт во кој би се држел Минотаур. Лавиринтот е изаграден под миносовата палата на Кносос.

Пасифаја, како нејзината внука Медеја ги познавала магичните својства на билките, а така ја претставувале и старите Грци. Аполодор во Библиотеката наведува дека Пасифаја му фрлила магија на верност на Минос, така што тој, во своите вонбрачни средби со конкубините, ејакулирал змии и шкорпии и така ги убивал своите љубовници, а единствено Прокрида, бидејќи ја имала волшебната билка која ја штитела од Пасифајините волшепства, успејала долго да остане во врска со Минос.

Во Талами, во континенталниот дел од Грција Пасифаја е почитувана како божица - пророчица, а Паусанија, кој ја изедначува Пасифаја со божицата на Месечината Селена, ја опишува бронзената скулптура на Пасифаја и Хелије. Цицерон, во „De natora Deorum“, запишал дека спартанските ефори, за да им се прикажат предвидувања кои би им помогналепри владеењето, спиеле покрај Пасифајиниот храм.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Замаровски 1985, стр. 258.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Замаровски, Војтех (1985). Јунаци античких митова: Лексикон грчке и римске митологије. Загреб.

Надворешни деца[уреди | уреди извор]