Критски бик

Од Википедија — слободната енциклопедија
Херакле го фаќа Критскиот бик. Детал од римски мозаик од Шпанија

Критскиот бик во старогрчката митологија на критскиот крал Минос му го испратил Посејдон. Минос требало да го принесе бикот како жртва на богот Посејдон, но на Минос му било жал да убие така убав бик, па го оставил во своето стадо, а на Посејдон му принел еден од другите бикови. Посејдон се разлутил на Минос и му пратил беснило на бикот кој излегол од морето. Бикот трчал по целиот остров и уништувал сè на својот пат.

Херакловиот седми подвиг бил да го доведе во Микена овој бик. Херакле го фатил,го довел во своето стадо и го пуштил на слобода. Бикот побегнал на север и стигнал во Атика, на Маратонското поле, каде го убил атинскиот херој Тезеј.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Н. А. Кун, Легенде и митови старе Грчке, Дечја књига 1990, Београд.