Паломарска опсерваторија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Паломарска опсерваторија
Palomar Observatory
Palomar Observatory 2.jpg
Куполата на Хејловиот телескоп
Организација Калифорниски технолошки институт
Место округ Сан Диего, Калифорнија, САД
Координати
Надм. висина 1.712 м
Основана 1928
Портал
Palomar at Caltech
Телескопи
Хејлов телескоп 5,1 м рефлектор
60-инчен телескоп 1,5 м рефлектор
„Семјуел Ошин“ 1,2 м Шмитов
безимен телескоп 0,6 м рефлектор

Паломарска опсерваторија англиски: Palomar Observatoryастрономска опсерваторија во приватна сопственост, сместена во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа 145 км југоисточно од Лос Анџелес, во Паломарските Планини. Со неа работи Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во Пасадена и нејзините истражни соработници како Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и универзитетот „Корнел“.[1]

Во состав на опсерваторијата работат неколку телескопи, вклучувајќи го познатиот Хејлов телескоп (5,1 м) и телескопот „Семјуел Ошин“ (1,2 м). Научниот кадар работи и со други инструменти како Паломарскиот интерферометар и историскиот Шмитов телескоп (0,46 м) од 1936 г.

Телескопи[уреди | уреди извор]

Хејлов телескоп[уреди | уреди извор]

Хејловиот телескоп има отвор од 5,1 и го носи името на астрономот Џорџ Елери Хејл. Неговата изградба е предложена во 1928 г. Конструиран е од самиот институт Калтех со средства од фондацијата „Рокфелер“. Леќата е избрусена од од издржливо стакло од стакларницата „Корнинг“. Во своето време бил најголем телескоп во светот и за првпат е употребен на 26 јануари 1949 г. за NGC 2261.[2] од страна на истакнатиот астроном Едвин Хабл, кој ја имал честа прв да работи со него.

Со Хејловиот телескоп се направени значајни откритија на далечни објекти што се квазарите и дал прв непосреден доказ за ѕвездите во далечните галаксии. Со него е проучуван хемискиот состав на галактички облаци, што довело до сознанието за синтезата на елементите во вселената. Има откриено илјадници астероиди.

Други телескопи[уреди | уреди извор]

Телескопот „Семјуел Ошин“
  • „Шеесетинчен телескоп“ (1,5 м) — сместен во зградата „Оскар Мајер“. Пуштен е во 1970 г. како помошник на Хејловиот телескоп. Со овој инструмент е откриено првата ѕвезда-кафеаво џуџе.[3]
  • „Семјуел Ошин“ (1,2 м) — започнат во 1938 и завршен во 1948 г. Првично се нарекувал „48–инчен Шмитов телескоп“, за во 1986 г. да го добие сегашното име, во чест филантропот Семјуел Ошин.[4] Со овој инструмент е откриена џуџестата планета Ерида.[5] Ова откритие подоцна претставувало повод за научни расправи, што довеле до прогласувањето на Плутон за џуџеста планета.
  • роботски телескоп (0.6 м) изработен во јануари 2006 г. наменет за следење на временските прилики на најголемата Сатурнова месечина — Титан. Се користи и за проследување на набљудувањата на сончевиот систем направени со телескопот „Семјуел Ошин“.[6]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cornell University, Dept. of Astronomy: Palomar Observatory
  2. "60th Anniversary of Hale Telescope," 365 Days of Astronomy (podcast) конс. 26 јануари 2009 г
  3. „Caltech Astronomy - The 60-inch Telescope“. Caltech Astronomy. http://www.astro.caltech.edu/palomar/60inch.html. конс. 17 јануари 2012 г. 
  4. „Caltech Astronomy - Samuel Oschin Telescope“. Caltech Astronomy. http://www.astro.caltech.edu/palomar/sot.html. конс. 17 јануари 2012 г. 
  5. „Caltech Astronomy - Discoveries from Palomar Observatory’s 48-inch Samuel Oschin Telescope“. Caltech Astronomy. http://www.astro.caltech.edu/palomar/SOTdisc.html. конс. 17 јануари 2012 г. 
  6. „Caltech Astronomy - The 24-inch Telescope“. Caltech Astronomy. http://www.astro.caltech.edu/palomar/24inch.html. конс. 17 јануари 2012 г. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]