Хоризонтски координатен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хоризонтските координати ја користат небесната сфера сосредоточена во набљудувачот. Азимутот се мери на исток од северната точка (понекогаш од јужната) на хоризонтот. Висината е аголот над хоризонтот.

Хоризонтски координатен системнебесен координатен систем кој се служи со месниот хоризонт на набљудувачот како основна рамнина за да определи два агла: висина и азимут. Затоа хоризонтскиот координатен систем понекогаш се нарекува висинско-азимутски систем[1]. На висинско-азимутската монтажа на телескоп, двете осовини на инструментот ги следат токму висината и азимутот.[2]

Дефиниција[уреди | уреди извор]

Овој небесен координатен систем го дели небото на две полутопки: горна полутопка, каде телата се над хоризонтот и се видливи, и долна полутопка, каде тие се невидливи бидејќи Земјата ги попречува.[б 1] Големата кружница која ги дели двете полутопки се нарекува небесен хоризонт, и се дефинира големата кружница на небесната сфера чија рамнина е нормална на месниот гравитациски вектор.[3][б 1] Во практика, хоризонтот може да се дефинира како рамнинската тангента на мирна течна површина како езеро од жива.[4] Полот на горната полутопка се нарекува зенит. Полот на долната полутопка се нарекува надир.[5]

Следниве се две независни хоризонтски аголни координати:

  • Висина — аголот помеѓу телото и месниот хоризонт на набљудувачот. За видливи тела, тоа е агол помеѓу 0° и 90°.[б 2]
  • Азимут — аголот на телото околу хоризонтот, кој обично се мери од вистинскиот север и се зголемува на исток. Исклучок од ова е конвенцијата FITS на ESO каде тој се мери од југ и се зголемува западно, или конвенцијата FITS на Слоуновиот дигитален небесен преглед, каде тој се мери од југ и се зголемува источно.

Хоризонтскиот координатен систем не треба да се меша со топоцентричниот координатен систем. Хоризонтските координати ја одредуваат насоченоста на набљудувачот, но не местоположбата на почетокот; топоцентричните коордианти го одредуваат почетокот на Земјината површина, за разлика од геоцентричниот небесен систем.

Општи одлики[уреди | уреди извор]

Хоризонтскиот координатен систем е прицврстен за дадено место на Земјата, а не за ѕвездите. Затоа, висината и азимутот на едно тело на небото се менува со тек на време како што телото делува како да патува по небото со Земјиното вртење. Покрај ова, бидејќи хоризонтскиот систем е определен од месниот хоризонт на набљудувачот,[б 1] истото тело гледано од други места на Земјата во истото време ќе има различни вредности за висина и азумит.

Страните на хоризонтот имаат свои азимутски вредности кои служат за упатување.

Азимутски вредности за страните
Страна Азимут
Север
Исток 90°
Југ 180°
Запад 270°

Хоризонтските координати се многу корисни за одредување на времето на изгрев и залез на некое тело на небото. Кога телото има висина 0°, тоа е на хоризонтот.[б 1] Ако висината му се зголемува, тогаш изгрева, а кога се намалува, тоа заоѓа. Меѓутоа, сите тела на небесната сфера претрпуваат дневни движења, што секогаш изгледа како да оди на запад.

Набљудувачот од север од своја страна може да одреди дали висината се зголемува или намалува азимутот на небесното тело:

  • Ако азимутот е меѓу 0° и 180° (север–исток–југ), тогаш телото изгрева.
  • Ако азимутот е меѓу 180° и 360° (југ–запад–север), тогаш телото заоѓа.

Постојат овие посебни случаи:[б 1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Треба да се има предвид дека опшианите посебни услови важат во строга смисла само за геометрискиот хоризонтот, односно како што тој би му изгледал на набљудувач на совршено мазна Земја без атмосфера и на морското ниво. Во практика, привидниот хоризонт има мала негативна висина поради закривеноста на Земјата, чија вредност станува сè понегативна кога набљудувачот се искачува повисоко над морското ниво. Покрај тоа, атмосферското прекршување предизвикува небесните тела многу блиску до хоризонтот делуваат како да се за половина степен повисоко отколку кога би немало атмосфера.
  2. Како алтернатива, место висина може да се користи зенитен агол бидејќи тие се комплементарни агли (збирот од висинскиот и зенитниот агол изнесува 90°).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „(Az,El) co-ordinate system“. V.M. Keck Observatory. University of Hawaii. Посетено на 2021-05-18.
  2. „horizon system“. Encyclopædia Britannica.
  3. Clarke, D.; Roy, A.E. (2003). Astronomy: Principles and practice (PDF) (4th. изд.). Bristol, UK: Institute of Physics Publications. стр. 59. ISBN 9780750309172. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-07-10. Посетено на 9 July 2018.
  4. Young, Andrew T.; Kattawar, George W.; Parviainen, Pekka (1997). „Sunset science. I. The mock mirage“. Applied Optics. 36 (12): 2689–2700. Bibcode:1997ApOpt..36.2689Y. doi:10.1364/ao.36.002689. PMID 18253261.
  5. Schombert, James. „Earth co-ordinate system“. Department of Physics. University of Oregon. Посетено на 19 March 2011.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]