Јули

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај
Јуни - Јули 2008 - Август
п в с ч п с н
  1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31      
календар за 2008 г.
Сите дати

Јули е седмиот месец во годината според Грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден.









1 јули настани родени починале
1520  La Noche Triste (Тажната ноќ) - здружените мексиканко-индијански сили, предводени од Ацтеките, ги поразуваат шпанските конквистадори на чело со Ернан Кортес.
1921  Основана е комунистичката партија во Кина.
1962  Руанда и Бурунди се здобиваат со независност.
1963  Битлси го издаваат еден од најуспешните синглови на сите времиња - She Loves You - во Велика Британијa.
1979  Сони го патентира Вокменот.
1997  Трансфер на суверенитетот над Хонг Конг од Велика Британија на НР Кина.
1646  Готфрид Лајбниц, германски математичар.
1804  Жорж Санд, француска писателка.
1902  Вилијам Вајлер, американски режисер-трократен оскаровец, роден во Франција.
1976  Руд ван Нистелрој и Патрик Клајверт, холандски фудбалери.
1894  Алан Пинкертон, американски приватен детектив, основач на првата детективска агенција.
1974  Хуан Перон, претседател на Аргентина.
2001  Николај Басов, руски физичар, добитник на Нобелова награда.
2004  Тодор Скаловски, македонски композитор.
2004  Марлон Брандо, легендарен американски актер.


2 јули настани родени починале
1853  Руската армија врши инвазија врз Турција - започнува Кримската војна.
1937  Амелија Ерхарт исчезнува над Тихиот Океан додека се обидува да го изведе првиот лет околу светот по екваторот; нејзиното тело никогаш не е пронајдено.
1947  Објект за кој очевидци тврдат дека бил НЛО се срушува во Росвел, Мексико.
1983  Полис го издаваат својот последен албум - Synchronicity, кој минува 17 недели на првото место на листата на најпродавани албуми во САД.
2005  Во рамките на манифестацијата Live 8 се оддржуваат десет концерти во различни градови во светот.
1877  Херман Хесе, германски писател и Нобелов лауреат.
1903  Олаф V, норвешки крал.
1923  Вислава Шимборска, полска поетеса и Нобелов лауреат.
1566  Нострадамус, француски астролог и пророк.
1778  Жан Жак Русо, француски филозоф, роден во Швајцарија.
1934  Ернст Рем, германски нацист и глава на СА.
1961  Ернест Хемингвеј, американски писател и Нобелов лауреат.
1977  Владимир Набоков, руски писател, автор на познатиот роман Лолита.
1997  Џими Стјуарт, легендарен американски актер.


3 јули настани родени починале
321  Римскиот император Константин I, првиот римски владетел со христијанска вера, ја прогласува неделата за ден за одмор и верски обреди.
1583  Рускиот цар Иван Грозни го убива, во настап на гнев, својот син и престолонаследник Димитриј.
1881  Под притисок на Велика Британија, Турција потпишува договор со Грција, со кој Грција ги добива Тесалија како и делови на Епир.
1995  Југославија станува европски кошаркарски шампион.
1423  Луј XI, француски крал кој владее од 1461 до 1483 година.
1883  Франц Кафка, чешки писател, автор на Процес.
1962  Том Круз, американски актер.
1918  Мехмед V, султан на Отоманската Империја.
1969  Брајан Џонс, англиски музичар (поранешен член на The Rolling Stones).
1971  Џим Морисон, американски музичар и поет, член и основач на The Doors.
1977  Александар М. Волков, руски математичар и романсиер.


4 јули настани родени починале празници
1054  Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Таури. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја оформуваат Небулата Рак.
1776  На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста.
1802  Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк.
1855  Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен - Листови трева.
1862  Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во Алиса во Земјата на Чудата; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка.
1918  Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар).
1939  Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот.
2004  Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска.
1804  Натаниел Хоторн, американски писател.
1807  Џузепе Гарибалди, италијански патриот.
1917  Манолете, шпански матадор.
1921  Жерар Дебр, француски економист и Нобелов лауреат.
1927  Џина Лолобриџида, италијaнска актерка.
1826  Томас Џеферсон, третиот американски претседател.
1826  Џон Адамс, вториот американски претседател.
1916  Алан Зигер, американски воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта.
1934  Марија Кири-Склодовска, француски научник од полско потекло, добитничка на две Нобелови награди, една за физика и една за хемија.
2003  Бери Вајт, американски пејач, Човекот со велветен глас.
Ден на независноста во САД, денот кога во 1776 година Конгресот на САД ја донел Декларацијата за независност.


5 јули настани родени починале празници
1687  Исак Њутн ја објавува книгата „Математички принципи на природната филозофија“.
1811  Венецуела објавува независност од Шпанија.
1830  Франција го окупира Алжир.
1884  Германија го освојува Камерун.
1946  Во Париз, Франција, за прв пат е промовиран новиот женски костум за капење - бикинито.
1954  Елвис Присли ја има својата прва снимачка сесија. Ги пее That's All Right (Mama) како и Blue Moon of Kentucky. За многумина овој ден го означува раѓањето на рокенролот.
1962  Алжир добива независност од Франција.
1975  Зелено'ртските Острови добија независност од Португалија.
1977  Со воен удар во Пакистан е соборен Зулфиќар Али Буто, првиот слободно избран пакистански премиер.
1989  Се емитува првата епизода од комичната серија Зајнфелд, прогласена за најдобро телевизиско шоу според влијателното списание TV Guide.
2000  Излегува првиот број на дневниот весник „Вест
2006  Парламентарни избори во Република Македонија: Победа на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски стана премиер на Република Македонија.
1889  Жан Кокто, француски писател, поет, дизајнер, драматург, боксерски менаџер и режисер.
1891  Тин Ујевиќ, еден од најголемите хрватски поети на сите времиња.
1891  Џон Хауард Нортроп, американски хемичар и Нобелов лауреат.
1911  Жорж Помпиду, француски политичар.
1996  Доли, првиот клониран цицач.
1833  Жозеф Нипс, француски иноватор, човекот кој ја направил првата успешна трајна фотографија.
1932  Саша Черни, руски поет.
1965  Порфирио Рубироса, доминикански дипломат, Формула 1 возач и меѓународен плејбој.
1969  Валтер Гропиус, германски архитект.
 * Венецуела - Ден на независноста.
 * Алжир - Ден на независноста.
 * Зелено'ртски Острови - Ден на независноста.


6 јули настани родени починале
1535  Сер Томас Мор, автор на познатото дело Утопија и еднаш англиски Лорд-канцелар, е погубен поради предавство на Кралот Хенри VIII откако одбива да се согласи со кралската одлука Англиската Црква да се одвои од Римската католичка црква.
1885  Луј Пастер успешно ја тестира својата вакцина против беснило; пациентот е Жозеф Мајстер, деветгодишо дете гризнато од бесно куче.
1908  Во Турција започнува т.н. „Младотурска револуција“, предводена од група млади офицери и интелектуалци незадоволни од владеењето на султанот Абдул Хамид II.
1928  Во Њујорк е одржана премиерата на филмот Светлата на Њујорк, првиот звучен филм во историјата на светската кинематографија.
1957  Во Ливерпул се запознаваат Џон Ленон и Пол Мекартни, идните основачи на една од најголемите групи на сите времиња Битлси.
1964  Малави прогласува независност од Обединетото Кралство.
1966  Малави станува република, со Хестингс Банда како прв претседател.
2002  Светиот архиерејски синод на МПЦ го разрешил од должност митрополитот велешки и повардарски Јован, поради еднострано пристапување во екуменско единство со СПЦ.
1818  Адолф Андерсен, германски шахист.
1907  Фрида Кало, мексиканска сликарка.
1927  Џенет Ли, американска актерка; останува запаметена по туш-сцената во Хичкоковиот Психо.
1946  Силвестер Сталоне, американски актер; познат по своите неколку пати репризирани улоги во Роки и Рамбо.
1946  Џорџ Буш, 43от американски претседател.
1415  Јан Хус, чешки рефораматор.
1533  Лудовико Ариосто, италијански поет.
1893  Ги де Мопасан, француски писател, мајстор на расказот.
1962  Вилијам Фокнер, американски писател и Нобелов лауреат.
1971  Луj Армстронг, американски трубач и џез музичар.


7 јули настани родени починале
1937  Јапонската армија го нападна кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставија, па Јапонија тоа го искористи како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траеше се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.
1969  Во Канада, прифатен е Официјалниот Јазичен Акт според кого францускиот јазик станува еднаков со англискиот јазик.
1985  Борис Бекер станува првиот нерангиран играч, најмладиот тенисер (дотогаш), како и првиот Германец што го освојува Вимблдон, на возраст од само 17 години и 7 месеци.
2000  Целиот тираж на Хари Потер и Огнениот Пехар, четвртото продолжение на авантурите на малиот волшебник, е распродаден уште во претплата, пред и воопшто да биде испечатено делото.
2005  Се случува серија од терористички напади на Лондонското метро, во кое убиени се 52 луѓе, меѓу кои и четворицата бомбаши-самоубијци.
1860  Густав Малер, австриски композитор.
1887  Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари; создаде фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимаваше со графика и сценографија. Умре во Ница, во Франција, на 28 март 1985 година.
1893  Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. најзначајни негови дела се „Хрватскиот бог Марс“, „На работ од умот“, „Господа Глембаеви“ и „Во агонија“. Умре во Загреб, на 29 декември 1981 година.
1921  Васко Карангелески, народен херој на Македонија. Загина во несреќен случај, на 3 февруари 1977 година.
1940  Ринго Стар, роден како Ричард Старки, тапанар на Битлси.
1854  Георг Ом, германски физичар.
1890  Анри Нестле, основач на една од најпознатите компании за производство на чоколадо, именувана според него.
1930  Артур Конан Дојл, шкотски писател.
1973  Вероника Лејк, американска актерка. Според Бети Дејвис, најубавата личност што има дојдено во Холивуд.
2006  Сид Берет, англиски музичар, поранешен член на Пинк Флојд. Роден е во 1946 година.


8 јули настани родени починале
70  Римјаните го освојуваат и разрушуваат Ерусалим. Единствениот дел што останува од градот е само западниот ѕид на Големиот Еврејски Храм, денес познат под името Ѕид на Плачот.
1497  Португалскиот морепловец Васко де Гама испловува од Лисабон на патувањето кое ќе му овозможи да го открие поморскиот пат кон Индија.
1997  Усвоен Законот за употреба на знамињата, со кој беше регулирана употребата на македонското државно знаме, а беше забранета употребата на знамиња на други држави во државните и локалните институции.
1621  Жан де Ла Фонтен, француски поет и баснописец. Има напишано 240 басни. Умре во Париз, на 13 април 1695 година.
1809  Људевит Гај, голем хрватски идеолог и водач на Илирското движење. Забележувајќи ги објективните околности на своето време, тој сметаше дека литературната и културната дејност претставуваат пат до националната преродба во услови на политичка пресија. Во 1943 година беше забранета употребата на илирското име, а тоа значеше почеток на крајот на Гај, кој умре во Загреб, на 20 април 1872 година.
1885  Ернст Блох, германски филозоф.
1893  Фердинанд Цепелин, германски генерал и конструктор на воздушните бродови (балони), според него наречени Цепелин. Првиот воздушен балон летна на 3 јули 1900 година. Умре на 8 март 1917 година.
1822  Перси Биш Шели, англиски писател, еден од најголемите лиричари во светската поезија. Во поемата Кралицата Маб го дава изразот на својот револуционерен дух против кралевите, свештениците и политичарите. Неговиот сонет Озимандиас се смета за едно од врвните дела на светската поезија.
1967  Вивиен Ли, американска филмска и театарска актерка, позната по своите незаборавни изведби како Скарлет О' Хара во Одвеано со Виорот и Бланш Ду Буа во Пајтонот наречен Желба.
1994  Ким Ил Сунг, комунистичкиот водач на Северна Кореја.


9 јули настани родени починале
1873  Педесет години по пуштањето на првата железница во светот, меѓу Скопје и Солун е воспоставена првата железничка врска.
1877  Се одржува првиот тениски турнир во Вимблдон. Денес, овој турнир, кој е единствен гренд-слем што се игра на трева, се смета за неофицијално светско првенство на белиот спорт.
1922  Познатиот американски пливач кој подоцна ќе стане уште попознат филмски актер откако ќе ја одигра улогата на Тарзан во истоимениот филм - Џони Вајсмилер - станува првиот човек во историјата кој делницата од 100 метри ќе ја преплива за време помало од една минута (58,6 секунди).
1960  Советскиот водач Никита Хрушчов го предупредува САД да не ја напаѓа Куба зашто во тој случај СССР би интервенирал.
1997  Масовни нереди во Гостивар, тројца етнички Албанци загинаа, а десетици цивили и полицајци се повредени.
1834  Јан Неруда, чешки писател и публицист, најистакната личност во чешкиот културен живот во втората половина на 19 век. Најпознати негови дела се „Малострански раскази“, „Арабеска“, „Прости мотиви“ и „Балада и романси“. Умре во 1891 година.
1937  Дејвид Ворк Грифит, англиски сликар, еден од највлијателните уметници во поп-арт културата.
1956  Том Хенкс, американски актер, познат по своите изведби во Форест Гамп и Филаделфија, улоги за кои, две години по ред, добива оскар за најдобар актер.
1441  Јан ван Ајк, фламански сликар.
1934  Иван Хаџи Николов, македонски општественик и револуционер.
1942  Цветан Димов, народен херој на Македонија; убиен е од бугарските фашисти во Скопје, во Обласната полициска управа.
1943  Иван Горан Ковачиќ, хрватски поет, есеист, новинар, политичар, преведувач и борец во НОВ.
1992  Ханс Ем, најстариот член на МАНУ. Учесник е во НОВ на македонскиот народ од 1941 година.


10 јули настани родени починале
1943  Англо-американските трупи, во текот на Втората светска војна се истоваруваат во Сицилија.
1953  Советскиот претседател Никита Хрушчов го сменува министерот за внатрешни работи - Лаврентиј Бериј, егзекуторот на Сталинистичките чистки. Подоцна Бериј е уапсен, осуден на смрт и стрелан.
1962  САД го лансираа телекомуникациониот сателит за пренос на телевизиските програми од САД во Европа.
1973  Бахамските Острови стекнаа независност по три векови британско колонијално владеење.
1992  Американски суд го осудува поранешниот диктатор на Панама - Мануел Нориега на 40 години затвор поради тоа што дозволил криумчарење на дрога во Панама.
1509  Жан Калвин, верски реформатор, основач на калвинистичката протестантска црква. Следбениците на Калвиновото учење беа хугенотите во Франција, а во Англија - пуританците. Умре во Женева, на 27 мај 1564 година.
1830  Камиј Писаро, француски сликар и графичар.
1856  Никола Тесла, генијален истражувач и пронаоѓач на полето на електриката и радиотехниката. Умре во Њујорк, на Божиќ 1943 година.
1871  Марсел Пруст, француски писател и академик. Автор е на големиот циклус романи Во потрага по Изгубеното Време. Умре во Париз, на 2 ноември 1922 година.
1895  Карл Орф, германски композитор, автор на Carmina Burana.
1099  Ел Сид, шпански национален херој.
1851  Луј Дагер, француски иноватор и фотограф.
1884  Пол Морфи, американски шахист.


11 јули настани родени починале
1921  Почна борбата за ослободување на Монголија што ја поведе монголската Народна револуционерна партија под раководство на Суха Батор. Овој датум се прославува како национален празник на Народна Репулика Монголија.
1979  Американската вселенска станица Скајлаб по шестгодишно кружење по орбитата околу Земјата, се распадна при приземјувањето.
1987  Обединетите Нации објавуваат дека новороденчето Матеј Гаспар од Загреб е петомилирдитиот жител на Земјата.
1995  Република Македонија и Република Литванија воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади.
2000  Во посредништво на американсиот претседател Бил Клинтон, започнуваат преговорите меѓу израелскиот премиер Ехуд Барак и водачот на Палестинците Јасер Арафат околу суверенитетот на Ерусалим.
1274  Роберт Брус, крал на Шкотска.
1844