Томас Џеферсон
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Томас Џеферсон Thomas Jefferson |
|
|
3
|
|
| Мандат 4 март, 1801 – 4 март, 1809 |
|
| Заменик претседател(и) | Ерон Бр Aaron Burr |
|---|---|
| Претходник | Џон Адамс |
| Следбеник | Џејмс Медисон |
|
|
|
| Роден | 13 април 1743 Шедвел, Вирџинија |
| Починал | 4 јули 1826 Шарлотсвил, Вирџинија |
| Партија | Демократско-Републиканска Партија |
| Сопружник | Марта Вејлс Скелтон Џеферсон |
| Професија | Адвокат, Земјоделец |
| Религија | Деист |
| Потпис | |
Томас Џеферсон (13 aприл, 1743 - 4 Јули, 1826) бил третиот претседател на Соединетите Американски Држави (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за Независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и промотер на идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806).
Џеферсон бил политичар, философ и претставник на просветителството и познавал многу интелектуалци - лидери во Велика Британија и Франција. Тој го сметал независниот фармер како пример на врлините на републиканството, не верувал во градови и финансиери и се залагал за поголеми права и самоуправа на државите и лимитирана федерална влада. Џеферсон го подржувал принципот на одделување на црквата од државата и бил автор на Статутот на Вирџинија за Слобода во Религијата (1779, 1786). Тој бил епоним на Џеферсоновата демократија и соосновач и лидер на Демократско-Републиканската Партија која ја доминирала американската политичка сцена во должина од четврт век. Џеферсон бил Гувернер на Вирџија за време на војната (1779-1781), првиот Државен Секретар на САД (1789-1793) и вториот заменик претстедател на САД (1797-1801).
Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаевите кога Џеферсон јадел сам тука“.