Државник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Државник е политичар или друг државен деец со долга и ценета кариера во внатрешната и надворешната политика на една земја.

Државништвото како поим исто така означува и квалитет на раководство и лидерство, кое органски ги обединува луѓето, а означува и старешинство, во смисол на грижа за другите луѓе и за општото добро.

„Политичар“ е било кој избран функционер, но само малку од нив успеваат постојано да дејствуваат како непристрасни поборници за општото добро и интегритет. Така, постојат големи разлики помеѓу поимите „политичар“ и „државник“.

Поимот „државник“ се применува и општо за шеф на држава, виш политички работник, или пак некој кој во даден момент покажува извесни „државнички“ квалитети.

Мисли[уреди]

  • Аристотел — „Државникот е најзаинтересиран да создаде морален карактер кај неговите граѓани, имено наклонетост кон доблест и извршување на доблесни дела.“
  • Хари Труман — „Политичар е човек кој се разбира од управување. Државник е политичар починат пред најмалку 15 години.“
  • Хенри Кисинџер — „Должноста на државникот е да го премости јазот помеѓу доживувањето и визионерството.“
  • Милтон Фридман — „Нечиј опортунизам е нечие државништво.“
  • Ото фон Бизмарк — „Дури и победоносната војна за мене е зло, од кое државништвото мора да се труди да ги поштеди народите.“
  • Винстон Черчил — „Политичарот мисли на следните избори, а државникот мисли на следните генерации.“