4 јули
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јули | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | 31 | |||
4 јули е 185-иот ден во годината според григоријанскиот календар (186-и во престапна година). Остануваат 180 денови до крајот на годината.
Содржина |
Настани
| 1054 | Експлозија на супернова е набљудувана од страна на Кинезите, Арапите и најверојатно Индијанците во близина на ѕвездата ζ Таури. Неколку месеци останува доволно светла за да може да се гледа и преку ден. Нејзините остатоција ја оформуваат Небулата Рак. |
| 1776 | На континентален конгрес во Филаделфија е усвоена Декларацијата за независност на Соединетите Американски Држави; овој ден во САД се слави како Ден на независноста. |
| 1802 | Вест Поинт, познатата воена академија на САД е отворена во истоимениот град во државата Њујорк. |
| 1855 | Во Бруклин, Њујорк од печат излегува првата збирка поеми на Волт Витмен - Листови трева. |
| 1862 | Луис Керол почнува да и раскажува приказна на Алиса Лидл што подоцна ќе прерасне во Алиса во Земјата на Чудата; точно три години подоцна, на 4 јули, издадена е првата книга од оваа незаборавна бајка. |
| 1918 | Болшевиците ги убиле рускиот цар Николај II Романов и неговото семејство (17 јули по новиот календар). |
| 1939 | Лу Гериг, легендарен американски бејзбол играч, го објавува своето повлекување од бејзболот. |
| 2004 | Формирана е ВМРО Народна партија од страна на приврзаниците на Љубчо Георгиевски, по неуспешниот обид за преземање на раководството во ВМРО-ДПМНЕ. За прв в.д. претседател на партијата е избрана Весна Јаневска. |
Родени
| 1546 | Мурат III, отомански султан. |
| 1804 | Натаниел Хоторн, американски писател. |
| 1807 | Џузепе Гарибалди, италијански патриот. |
| 1884 | Луис Б. Маер, филмски продуцент. |
| 1917 | Манолете, шпански матадор. |
| 1921 | Жерар Дебр, француски економист и Нобелов лауреат. |
| 1927 | Џина Лолобриџида, италијaнска актерка. |
Починале
| 1826 | Џон Адамс, американси политичар. |
| 1826 | Томас Џеферсон, третиот американски претседател. |
| 1826 | Џон Адамс, вториот американски претседател. |
| 1868 | Димитриј Иванович Писарев, руски писател. |
| 1916 | Алан Зигер, американски воен поет, познат по својата песна Вечерва имам состанок со Смртта. |
| 1934 | Марија Кири-Склодовска, француски научник од полско потекло. |
| 1938 | Ото Бауер, австриски социјалист. |
| 1944 | Благој Јанков - Мучето, народен херој на Македонија. |
| 1977 | Мигел Најдорф, аргентиснки шаховски велемајстор. |
| 2003 | Бери Вајт, американски пејач, Човекот со велветен глас. |
| 2005 | Неџми Мехмети, македонски писател. |
Празници
| * | Ден на независноста во САД, денот кога во 1776 година Конгресот на САД ја донел Декларацијата за независност. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |