Ричард Никсон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ричард Никсон
Richard M. Nixon
Ричард Никсон

37ми претседател на САД
Мандат
20 јануари, 1969 – 9 август, 1974
Заменик претседател(и)   Џералд Форд
Претходник Линдон Џонсон
Следбеник Џералд Форд

Роден 9 септември 1913
Јорба Линда, Калифорнија
Починал 22 април 1994 (на 81 година)
Партија Републиканска
Сопружник Телма Катерин Никсон

Ричард Никсон (англ. Richard Milhous Nixon) бил триесет и седмиот претседател на САД (1969–1974) и единствениот што дал оставка од таа функција. Претходно, бил потпретседател на САД (1953-1961) во администрацијата на претседателот Двајт Ајзенхауер.

Никсон бил избран во 1968. и првиот голем предизвик му била Виетнамската војна. Откако успешно договорил прекин на огнот и ги повлекол американските војници оттаму, практично ја завршил таа војна. Во следните години ги подобрил односите со СССР и НР Кина. Во домашната економија вовел контрола на платите и цените и го напуштил златниот стандард. Поради тие успеси, со големо мнозинство ги добил изборите за втор мандат во 1972.

Но, соочувајќи се со мошне веројатна осуда за улогата во аферата Вотергејт, бил принуден да даде оставка на 9. август 1974. Неговиот наследник Џералд Форд го помилувал за било какви федерални криминални дела кои можеби ги извршил додека бил претседател.