1974
| < XIX век | XX век | XXI век > | |||||||
| 01 | 02 | 03 | 04 | 05 | 06 | 07 | 08 | 09 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
| 31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
| 41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
| 51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
| 61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
| 71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
| 81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
| 91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
| Грегоријански календар | 1974 MCMLXXIV |
| Ab urbe condita | 2727 |
| Асирски календар | 6724 |
| Бахајски календар | 130–131 |
| Бенгалски календар | 1381 |
| Берберски календар | 2924 |
| Будистички календар | 2518 |
| Бурмански календар | 1336 |
| Византиски календар | 7482–7483 |
| Еврејски календар | 5734–5735 |
| Ерменски календар | 1423 ԹՎ ՌՆԻԳ |
| Етиопски календар | 1966–1967 |
| Календар Игбо | |
| - Нри-Игбо | 974–975 |
| Ирански календар | 1352–1353 |
| Исламски календар | 1393–1394 |
| Јапонски календар | Период Шова 49 (49年) |
| Јулијански календар | Грегоријански минус 13 дена |
| Кинески календар | 癸丑年月日 (4610/4670) — до —
甲寅年月日(4611/4671) |
| Коптски календар | 1690–1691 |
| Корејски календар | 4307 |
| Календар Мингуо | Република Кина 63 民國63年 |
| Селевкидски календар | 2285–2286 |
| Тајландски сончев календар | 2517 |
| Хиндуистички календари | |
| - Викрам самват | 2030–2031 |
| - Шака самват | 1896–1897 |
| - Кали југа | 5075–5076 |
| Француски револуционерен календар | CLXXXII–CLXXXIII 182–183 |
| Холоценски календар | 11974 |
| Џуче-календар | 63 |
1974 (MCMLXXIV) била година според јулијанскиот календар. Тоа била 1974. година од новата ера, 974. од вториот милениум, 74. од 20 век и петта од 1970-тите.
Содржина |
Други календари [уреди]
Годината била броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7482 и 7483 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г.п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6724 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г.п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5734 и 5735 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г.п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2727.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61. година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г.п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г.п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1974. година се протега во 4610 и 4611, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4670 и 4671 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2517. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1393 и 1394 исламска година.
Настани [уреди]
- 13 февруари – Александар Солженицин е протеран од СССР.
- 21 февруари – Донесен е новиот устав на СФРЈ.
- 23 февруари – Во Скопје допатува кубанска партиско-државна делегација на чело со Раул Кастро.
- 25 февруари – Свечено е прогласен новиот Устав на СР Македонија.
- 3 април – Во Домот на младите во Скопје е отворен Планетариумот.
- 10 април – Во Израел, премиерот Голда Меир поднесува оставка.
- 11-13 април – Во Скопје се одржува Шестиот конгрес на Сојузот на комунисти на Македонија. За претседател повторно е избран Ангел Чемерски.
- 25 април – Во Португалија е изведен воен удар со кој е обновена демократијата.
- 7 мај – Канцеларот на Западна Германија, Вили Брант, поднесува оставка.
- 16 мај - Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата.
- 16 мај – Собранието на СФРЈ го избира за свој претседател Киро Глигоров.
- 19 мај – По вториот круг на претседателските избори во Франција, Валери Жискар Д’стен го победува Франсоа Митеран и станува француски претседател.
- 1 јули – По смртта на Хуан Перон, претседател на Аргентина станува дотогашниот потпретседател, неговата жена Изабела Перон. Таа е прва жена шеф на држава во Јужна Америка.
- 15 јули – Во Кипар е извршен воен удар со кој е соборен претседателот Макариос.
- 20 јули – Турските сили извршуваат инвазија врз Кипар.
- 23 јули – Паѓа воената хунта во Грција.
- 8 август – Соочен со сигурен импичмент, американскиот претседател Ричард Никсон поднесува оставка.
- 14 август – Турција врши втора инвазија на Кипар и зазема 37% од територијата на островот.
- 8 септември – Новиот американски претседател Џералд Форд го помилува Ричард Никсон.
- 22 ноември – Генералното собрание на ОН и’ доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација.
- 8 декември – Во Грција избирачите го отфрлаат предлогот за обновување на монархијата.
Родени [уреди]
- 16 јануари – Кејт Мос, англиски модел
- 13 февруари – Роби Вилијамс, англиски пејач
- 9 април – Џена Џејмисон, американска актерка
- 28 април – Пенелопе Круз, шпанска актерка
- 1 јуни – Аланис Морисет, канадска пејачка
- 23 јули – Морис Грини, американски атлетичар
- 9 ноември – Алесандро Дел Пјеро, италијански фудбалер
- 11 ноември – Леонардо Ди Каприо, американски актер
Починале [уреди]
- 2 април – Жорж Помпиду, француски претседател
- 1 јули – Хуан Перон, аргентински претседател
- 26 август – Чарлс Линдберг, американски пилот
- 9 октомври – Оскар Шиндлер, австриски индустријалист
- 24 октомври – Давид Ојстрах, украински виолинист
- 25 ноември – У Тант, бурмански дипломат и генерален секретар на Обединетите Нации
Видете исто:
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „1974“ |