Планетариум
(Планетариумот Сер Томас Бризбејн, Австралија)
Планетариум e театар изграден првенствено за образовни или забавни презентации од областа на астрономијата, за ноќното небо или за обуки по навигација според ѕвезди. Доминантната карактеристика на повеќето планетариуми е екран за проектирање во вид на купола на кои се прикажуваат сцени со ѕвезди, планети и други небески тела. Небеските сцени може да се создадат со користење широка лепеза технологии, од прецизно изработени „ѕвездени топки“ кои комбинираат оптичка и електромагнетна технологија, прожектор за слајдови, видео и проектори за купола, како и ласери. Без разлика на тоа која технологија се користи, целта е да се поврзат со цел да се прикаже точно релативното движење на небото. Типичните системи може да бидат подесени да го покажуваат небото во било која точка во времето, во минатото или сегашноста, или пак да го прикажат распоредот на ѕвездите на небото како што се гледа од некоја друга точка на Земјата.
| Оваа статија од областа на астрономијата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Външни връзки [уреди]
- Planetariums Worldwide list APLF-IPS Планетариуми света списък
