Австралија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Оваа страница се однесува на државата Австралија. За други значења видете Австралија (појаснување).
Commonwealth of Australia
Државна заедница Австралија
Знаме Грб
ХимнаНапредувај, прекрасна Австралијо
Главен град Канбера
35°18′S 149°08′E / 35.3°S 149.133°E / -35.3; 149.133
Најголем град Сиднеј
Службен јазик нема
Национален јазик англиски (де факто)
Народности  92% бели,
7% азијци,
1% Абориџини и други[1]
Демоним Австралиец
Уредување Федерална парламентарна демократија и уставна монрахија
 -  Монарх Елизабета II
 -  Генерален гувернер Квентин Брајс
 -  Премиер Џулија Гилард
Независност од Обединетото Кралство 
 -  Устав 1 јануари 1901 
 -  Статут од Вестминстер 11 декември 1931 
 -  Австралиски акт 3 март 1986 
Површина
 -  Вкупна 7,686,850 km2 (6-та)
sq mi 
 -  Вода (%) 0.897
Население
 -  проценка за 2009 21.807.000[2] (53-та)
 -  Попис 2006 19.855.288[3] 
 -  Густина 2.833/km2 (232)
7,3/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен US$795.305 милијарди[4] (17-та)
 -  По жител US$37,298[4] (15-та)
БДП (номинално) проценка за 2008
 -  Вкупно US$1,010 милијарди[4] (15-та)
 -  По жител US$47,400[4] (13-та)
ИЧР (2008) 0.965 (висок) (4-та)
Валута Австралиски долар (AUD)
Часовен појас различни (UTC+8 до +10.5)
 -  (ЛСВ) различно (UTC+9 до +11.5)
Се вози на лево
НИД .au
Повик. бр. 61

Комонвелтот на Австралија (англиски: Commonwealth of Australia) е држава која се простира на австралискиот континент и на неколку околни острови. Најблиските соседни држави се Нов Зеланд и Индонезија. Главен град е Канбера.

Во Австралија има шест сојузни држави; Нов Јужен Велс, Викторија, Јужна Австралија, Западна Австралија, Квинсленд и Тасманија и две територии; Територија на австралискиот главен град и Северната Територија.

Најголемите градови во Австралија се Сиднеј со над 4.300.000 жители, Мелбурн со над 3.800.000 жители, Бризбејн со над 1.800.000 жители и Перт со 1.500.000 жители.

Содржина

[уреди] Етимологија

Името „Австралија“ доаѓа од латинскиот назив Australis, што значи југ. Легендата за „непознатата земја од југот“ (terra australis incognita) датира уште од времето на Римската империја. Во 1521, Шпанците биле меѓу првите кои заполовиле во пацифичките острови. Првата употреба на зборот Австралија во англискиот јазик било во 1625 година.

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Австралија.
Абориџинска карпеста уметност.

Човеково присуство на територијата на Австралија е забележано уште од пред 42.000 и 48.000 години. Овие први доселеници можеби биле претците на денешното староседелско население- Абориџини. Овие луѓе биле ловци, со сложена орална и духовна култура.

Првата европска посета на Австралија била од холандскиот истражувач Вилем Јансон кој пристигнал во 1606. За време на 17 век западниот и северниот брег бил претставен на карта од Холанѓаните и бил наречен „Нова Холандија“. Покасно во 1770 Џејмс Кук пристигнал на источниот брег на Австралија и го нарекол регионот „Нов Јужен Велс“.

Пристигнувањето на Кук било вовед за основање на британска колонија во Австралија. На 26 јануари 1825 година била основана Британската кралска колонија на Нов Јужен Велс кој денес се слави како национален ден во Австралија. Тасманија започнала да се населува од европски народи во 1803, но станала посебна колонија во 1825 година.

[уреди] Географија и клима

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Австралија.
Климата на Австралија.

Австралија има вкупна површина од 7.617.930 километри квадратни. Австралија е опколена со мориња и океани, па така на исток се наоѓаат Коралното Море и Тасмановото Море, на север се Арафурското Море и Тиморското Море, на југ и на запад е Индискиот Океан.

Најголемиот дел од австралиското копно е пустина или полу-пустински предел и со тоа Австралија е наречена како најрамен континент во светот со најстара и најнеплодна почва. Само јужниот и југоисточниот дел од Австралија се плодни и погодни за живот. Густината на населението на Австралија е 2.8 жители на километар квадратен и тоа ја прави една од најненаселените држави во светот. Северниот дел од Австралија е тропски со многу прашуми, шумски предели и пустини. Климата во Австралија е тропска и има влијание од ооколните океани и мориња.

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Австралиска политика.
Парламентот на Австралија.

Државната заедница на Австралија е уставна демократија базирана на федерална поделба на властта. Формата на владеење е уставна монархија со парламентарен систем. Кралицата Елизабета II е кралица на Австралија. Таа е претставена од генералниот гувернер на федерално ниво.

Во Австралија има две големи политички групи кои формираат влада, во рамките на федерацијата и државите и тоа се: австралиската лабуристичка партија и коалицијата на либералната партија на Австралија и националната партија на Австралија.

[уреди] Административна поделба

Австралија е поделена на шест сојузни држави и две територии. Државите на Австралија се: Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија, Викторија и Западна Австралија. Двете територии кои се дел од Австралија се: Северна Територија и Територија на главниот град на Австралија. Овие две територии функционираат како посебни држави. Сепак, немаат потполна власт врз институциите, туку тоа го обавува федералната влада.

Секоја држава и територија имаат свој законодавен дом. Државите се независни, но сепак споделуваат дел од својот суверенитет со Заедницата според зададениот устав. На чело на секоја држава е премиер, а на териториите главен министер. Кралицата е претставена во секоја држава со гувернер, администратор во Северна Територија и австралиски генерален гувернер во главниот град.

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Австралија.

Официјална валута на Австралија е австралискиот долар. Оваа валута се користи на Божиќен Остров, Кокосови Острови, Норфолшки Остров, Кирибати, Науру и Тувалу.

БНП на Австралија по глава на жител е за нијанса поголем од Обединетото Кралство, Германија и Франција. Според индексот на човеков развој во 2007 Австралија била рангирана на третото место и шеста според квалитетот на живеење. Според истражувањето за најдобри градови за живеење, австралиските градови високо котираат на листите, па така Мелбурн бил на 2 место во 2008 година, Перт на 4 место, Аделејд на 7 место и Сиднеј на 9 место. Економскиот развој на Австралија во последните 15 години изнесува околу 3.6%.

[уреди] Население, јазик и религија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Австралија.
Абориџинец од Австралија.

Австралија има население од околу 21.8 милиони жители и скоро сите се потомци на колонијални доселеници, најчесто емигранти од Европа и Азија. Доселениците сочинуваат 90% од вкупното население. Најголем дел од доселениците биле од Велика Британија или Ирска. Според пописот од 2006 година, населението се изјаснило како: австралијци (37.13%), англичани (31.65%), Ирци (9.08%), Шкоти (7.56%), Италијанци (4.29%), Германци (4.09%), и Кинези (3.37%).

Староседелското население на Австралија, Абориџините, сочинуваат околу 2.2% од вкупното население, или 410.003 жители. Абориџините се соочуваат со висок степен на невработеност, ниско ниво на образование и со повеќе трошоци одошто останатото население.

Англискиот јазик е национален јазик во Австралија, со свој специфичен дијалект наречен австралиски англиски кој е сличен со британскиот англиски дијалект. Англискиот го зборуваат околу 80% од населението, потоа следува кинески јазик и италијански јазик.

Австралија нема официјална религија. Според пописот во 2006 година, 64% од населението се изјасниле како христијани, 19% без религија и 12 % немале одговор. Најголема растечка религија во Австралија е будизмот.

[уреди] Култура во Австралија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Австралија.

Од 1788 година, најголема култура во Австралија е англо-келтската култура. Набрзо се создале специфични културни карактеристики за австралиската култура, најчесто како резултат на околната природа и условите на живеење. Од 20 век, Австралија била под силно влијание на американската култура и во помал процент од околните азиски култури.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Најдете повеќе за Австралија на сестринските проекти на Википедија:
Wiktionary-logo-en.png Вики речник
Wikibooks-logo.svg Вики книги
Wikiquote-logo.svg Вики цитати
Wikisource-logo.svg Вики извор
Commons-logo.svg Заедничка ризница
Wikinews-logo.svg Вики вести
Wikiversity-logo-en.svg Вики универзитет

[уреди] Поврзано

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици