Крал
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
|
Овој серијал е дел од |
|
Системи |
| Портал „Политика“ |
Крал е машки монарх, односно шеф на држава. Женскиот монарх се нарекува кралица.
[уреди] Улоги
Изворно, кралевите во племенските држави имале само неколку улоги:
- Да бидат судии во текот на народните собири
- Да служат како свештеници при принесувањето на жртви
- Да бидат водачи во војните (поради физичките индиспозиции, ова ги исклучувало жените како кралици во раниот развоен период на општествата).
[уреди] Еволуција
Подоцна, во текот на доцната антика и средниот век, кралот прераснал во вистински само-владетел, надлежен за целокупното функционирање на државата. Индивидуалната улога на кралот почнала да опаѓа од 16 век, кога монархиите станале уставни и парламентарни, со што голем дел од функциите на кралот во државата ги презеле други институции. Денес кралевите во повеќето монархии имаат формално церемонијална улога, а во пракса сѐ уште задржуваат значителен имот и политичко влијание. Сеуште постојат и апсолутни монархии, во кои кралот има целосна власт.