Науру
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Република Науру
Ripublik Naoero
|
||||
|---|---|---|---|---|
|
||||
| Гесло: „Прво Божјата волја“ | ||||
| Химна: Nauru Bwiema |
||||
| Главен град | нема1 0°32′S 166°55′E / 0.533°S 166.917°E |
|||
| Најголем град | Јарен | |||
| Службен јазик | англиски, науруски | |||
| Демоним | Науруец | |||
| Уредување | република | |||
| - | претседател | Маркус Стефен | ||
| Независноцт | ||||
| - | од Австралија, Нов Зеланд, и Обединетото Кралство. | 31 јануари 1968 | ||
| Површина | ||||
| - | Вкупна | 21 km2 (227-ма) 8,1 sq mi |
||
| - | Вода (%) | нема податоци | ||
| Население | ||||
| - | проценка за ноември 2007 | 9,275 (215th) | ||
| - | Густина | 442/km2 (23-та) 1.144/sq mi |
||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2006 | |||
| - | Вкупен | $36.9 милиони (192-ра) | ||
| - | По жител | $2,500 (2006 год.) (135-та) | ||
| ИЧР (2003) | n/a (нерангирана) (n/a) | |||
| Валута | Австралиски долар (AUD) |
|||
| Часовен појас | (UTC+12) | |||
| НИД | .nr | |||
| Повик. бр. | 674 | |||
| 1 Јарен е најголемото населено место и седиште на парламентот; често е наречен како главен град, но Науру официјално нема назначено главен град. | ||||
Науру, официјално Република Науру, е островска држава во Микронезија, во Јужниот Пацифик. Науру е најмалата островска држава во светот, најмалата независна членка на Комонвелтот, најмалата независна република и единствената република без официјален главен град.
Содржина |
[уреди] Историја
Науру за прв пат бил населен од микронезиско и полинезиско население пред 3.000 години. На островот традиционално имале 12 клана или племиња кои се претставени со ѕвездата со 12 крака на знамето. Науруанците своето потекло го сметаат според женската страна во фамилијата, односно мајка или баба.
Британскиот капетан Џон Фирн, ловец на китови, бил првиот европеец кој стапнал на копното на Науру во 1798. Од тогаш локалното население имало контакт со странците кои пак покасно се населувале на островот. Островјаните тргувале со храна.
[уреди] Колонијален период
Островот бил анектиран од Германија во 1888 и бил дел од Германскиот протекторат Маршалски Острови, и Науру го нарекле Навадо или Онаверо. Со доаѓањето на Германците се вовел и кралот на Науру и почнале да се пробиваат мисионерските христијански движења. Германците владееле со Науру скоро три декади .
Фосфатот бил за прв пат откриен во 1900 од страна на Алберт Елис. Пацифичката фосфатна компанија управувала со фосфатот и во 1907 година за прв пат почнал извозот на минералот. После војната, Лигата на нациите, го дала Науру на Австралија, додека Обединетото Кралство управувало со фосфатот на островот.
[уреди] Втора светска војна
Јапонските сили го окупирале островот на 26 август 1942. Јапонците депортирале околу 1.200 науруанци да работаат на островите Чук, каде 463 луѓе умреле. Островот бил ослободен на 13 септември 1945 година кога австралиските трупи се приближиле кон островот и ги опколиле јапонските трупи, при што следело предавање на јапонските војници. Островот повторно се вратил под австралиска контрола.
[уреди] Независност
Науру самостојно управувал во јануари 1966 и во 1968 година комплетно бул независен од колонизаторските сили. Локалните британски власти кои управувале со фосфатот биле приморани да ја отстапат контролата на локалните власти и така е основана Корпорацијата за фосфат на Науру. Трговијата со фосфат му овозможило на Науру да биде една од најбогатите држави во Пацофикот. Подоцна залихите на фосфат се намалувале, а со тоа и стандардот на живеење кој резултирал со граѓански протести во Науру.
[уреди] Географија и клима
Науру е мал, округ остров во Тихиот Океан, 42 километри јужно од Екваторот. Островот е опколен од корален гребен, што пак тој придонесува да има мала плима. Поради присутноста на коралниот гребен не е достапно да се направи големо трговско пристаниште, но има 16 други помали пристаништа.
Плодна земја на островот е јужниот дел на Науру каде има кокосови палми. Околу лагуната Буада се одгледуваат банани, ананас, зеленчук како и домати. Населението на Науру е сконцентрирано околу брегот и околу лагуната.
Науру беше еден од трите фосфатни острови во Пацификот, другите два се Банаба во Кирибати и Макатеа во Француска Полинезија, но денес скоро и да нема од минералот на Науру.
На Науру има ограничени извори на свежа вода за пиење. Климата во Науру е топла. Помеѓу ноември и февруари земјата е под влијание на монсуни. Просечната температура на Науру е помеѓу 26 и 35 °C преку ден и 25 и 28 °C преку ноќ.
[уреди] Политички систем
Науру е република со парламентарен систем. Претседателот е шеф на државата и воедно претседател на владата. Парламент од 18 членови се избира секои три години. Парламентот избира претседател, кој пак ги одбира членовите на кабинетот. Науру нема формална поделба на политички партии, кандидатите се најчесто независни. 15 од вкупно 18 членови во парламентот се независни, но како и да е има мали политички партии како на пример Демократска партија на Науру, Науру прво и Централна партија на Науру.
[уреди] Административна поделба
Науру е поделен на 14 административни области кои се групирани во осум изборни единици. Областите во Науру се:
[уреди] Економија
Економијата на Науру скоро целосно зависи од фосфатните резерви. Покрај ова има уште неколку помали ресурси, но воглавно сите останати неопходни суровини се ивезуваат. Владата на Науру од приходите на фосфатот зачувува во резерва за да кога веќе потполно ќе нема минерал на островот, луѓето ќе можат да се служат со парите заштедени од минатото.
Во Науру нема даноци. Невработеноста е 90%, а владата ги вработува сите останати што работат. Администрацијата има силна подржка за реформи за да се изнајдат алтернативи за производство. Туризмот не е главна гранка во Науру зошто не е развен.
[уреди] Население, јазик и религија
Островот има население од 9.265 жители, од кои 96% зборуваат науруански јазик. Претходно, населението било поголемо, но во 2006 околу 1500 луѓе се отселиле.
Официјален јазик во Науру е науруански јазик. Англиски широко се зборува и јазик на владата и јазик за трговија.
Ертничкиот состав на Науру е: 58% се науруанци, 26% останати пацифички етнички групи, 8% кинези и 8% европејци. Сите европејци се Британци. Најголема религија е христијанството.
Осврнувајќи се на медицинските проблеми на Науру, науруанците се најдебели луѓе во светот. Исто така населението има проблеми и со диабетес.
[уреди] Култура
Науруанските потомци верувале во женски дух наречен Еијебонг, и во земски дух и во остров наречен Буитани. Дев од оригиналните дванаесет племиња на Науру исчезнале. На 26 октомври, Науру го слави денот кога се обединила нацијата после Втората светска војна. Културата е мешана со локални и странски елементи.
[уреди] Наводи
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Науру на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада
- Општо
- Запис за Науру во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Науру на UCB
- Науру - Проект „Отворен директориум“ (англиски)
- Патување
- Discover Nauru, официјален туристички портал
- Our Airline, авио-компанија на Науру
- Распоред на летови
- Друго
- High resolution aerial views of Науру на Google Maps
- Six Fivers
- Информации за Науру на globalEDGE
- CenPac
- Радио програма "This American Life" за науру
[уреди] Видете исто така
|
|||||||||||||||||||||||||||||||
