31 јануари

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< јануари >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31

31 јануари е 31-иот ден во годината според григоријанскиот календар. Остануваат 334 денови до крајот на годината (335 во престапна).

Настани:

1945  Со решение број 581 на Президиумот на АСНОМ е основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава ја прикажа на 3 април истата година. Тоа беше драмската претстава „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, а во режија на Димитар Костаров.
1958  САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
1994  Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
1994  Во Скопје е формирано Друштво на македонско - турско пријателство и соработка.

Родени:

1624  Арнолд Гелинкс, фламански философ и следбеник на Декарт
1797  Франц Шуберт, значаен претставник на музичкиот романтизам и најголем композитор на соло песната.
1841  Лаза Костиќ, српски писател и преведувач, родоначалник на српската авангардна лирика.
1911  Баба Ванѓа, позната јасновитка.
1921  Марио Ланца, американски тенор и филмска ѕвезда.
1927  Ацо Караманов, македонски поет и борец.
1943  Ристо Василевски, македонски поет, есеист, критичар, преведувач.
1969  Ивана, бугарска пејачка.
1981  Џастин Тимберлејк, американска поп-музичар и актер.
1982  Елена Папаризу, грчка пејачка.
1983  Фабио Кваљарела, италијански фудбалер.
1984  Џереми Воринер, американски атлетичар.
1985  Каломира, грчка пејачка.

Починале:

1632  Јост Бирги, швајцарски часовничар и математичар.
1933  Џон Голсфорди, англиски писател.
1948  Махатма Ганди, индиски национален водач.
2007  Мухамед Џамал Калифа, саудиски бизнисмен и сопруг на една од сестрите на Осама Бин Ладен.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември