26 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
26 август е 238-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (239-и во престапна година). Остануваат 127 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1071 | Во битката кај Манцикерет помеѓу Византија и Селџучкиот султанат византиската војска доживеала срамен пораз, а царот Роман IV Диоген бил заробен. |
| 1498 | Микеланџело бил најмен да ја направи скулптурата „Пиета“. Ја завршил следната година, а денес е сместена во Базиликата Свети Петар во Ватикан. |
| 1789 | Во Версај, Уставното Собрание ја донесува Декларацијата за правата на човекот и граѓанинот. |
| 1883 | Ерупција на вулканот Кракатау во Пацификот. Како последица на ерупцијата и на создадениот цунами, загинале над 36.000 луѓе. |
| 1922 | Турската војска предводена од Мустафа Кемал Ататурк започнала офанзива против грчките сили кај Измир, која довела до целосна загуба на грчките територии во Мала Азија и иселување на околу 1 милион Грци од Турција. |
| 1936 | Постигната е спогодба за окончување на британската окупација на Египет, со исклучок на зоната на Суецкиот Канал. |
| 1945 | Во Битола бегалците од Егејска Македонија излегоа на протестен митинг со барање да престане теророт и прогонот на Македонците спроведуван од страна на грчките власти. |
| 1972 | Отворени се Дваесеттите олимписки игри во Минхен - Германија кои во историјата, останаа засенети поради нападот на припадниците на организацијата „Црн септември“ на олимпиското село и убиството на 11 израелски спортисти. |
| 2005 | Туркменистан ја напушта Заедницата на независни држави. |
Родени:
| 1743 | Антоан Лавоазје, француски научник. |
| 1896 | Ванчо Михајлов, раководител на ВМРО. |
| 1898 | Пеги Гугенхајм, американска колекционерка на уметнички дела и мецена. |
| 1910 | Мајка Тереза, католичка калуѓерка, добитничка на Нобелова награда за мир и свето лице во католичкиот свет. |
| 1914 | Фазил Хисни Дагларџа, турски поет. |
| 1967 | Александар Ѓорѓевиќ, југословенски кошаркар. |
| 1992 | Дејан Манасков, македонски ракометар. |
Починале:
| 1850 | Луј-Филип, француски крал. |
| 1903 | Александар Ростковски, руски дипломат. |
| 1910 | Вилијам Џејмс, американски психолог. |
| 1944 | Естреја Овадија - Мара, македонски народен херој. |
| 1974 | Чарлс Линберг, авијатичар кој прв со моторен авион го прелетал Атлантикот. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |