18 август

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

18 август е 230-иот ден во годината според григоријанскиот календар (231-и во престапна година). Остануваат 135 денови до крајот на годината. Шаблон:Август 2014

Настани:

Никола Мартиновски
1201  Основан е градот Рига.
1572  Во Париз се венчале Анри IV од Навара и Маргарита де Валоа, во обид да се помират католиците и протестантите. Обидот не успеал, бидејќи само неколку дена подоцна се случила Бартоломејската ноќ.
1917  Голем пожар во Солун уништува 32% од градот и остава преку 70,000 луѓе без покрив над главата.
1943  На Славеј Планина, Дебарца формиран e првиот македонски партизански баталјон Мирче Ацев; овој ден се слави како Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).
1958  Во САД е објавен контроверзниот роман на Владимир Набоков - Лолита.
1969  Џими Хендрикс, со познатата изведба на американската национална химна, го затвора Вудсток.
1992  Лери Брд се повлекува од активно играње кошарка.

Родени:

1450  Марко Марулиќ, хрватски поет.
1750  Антонио Салиери, италијански композитор и диригент.
1814  Иван Мажураниќ, хрватски поет.
1898  Стојан Христов, американски писател.
1903  Никола Мартиноски, македонски ликовен уметник.
1936  Роберт Редфорд, американски актер.
1952  Патрик Свејзи, американски глумец.
1969  Едвард Нортон, американски актер.

Починале:

1276  Папа Адријан V, римски папа.
1503  Папа Александар VI, римски папа.
1559  Папа Павле IV, римски папа.
1642  Гвидо Рени, италијански сликар, припадник на болоњската барокна школа.
1850  Оноре де Балзак, француски писател, автор на Човечката комедија.

Празници:

  Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ)
јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември