21 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Знаме на Обединетите Нации
21 август е 233-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (234-и во престапна година). Остануваат 132 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1897 | Англискиот лекар Роналд Рос го открил видот на комарец пренесувач на маларијата, што било пресудно за сузбивање на болести која предизвикала смрт на милиони луѓе. Еден од првите нобеловци за медицина во 1902. |
| 1911 | Од парискиот музеј „Лувр“ украдена е сликата „Мона Лиза“ на познатиот сликар Леонардо да Винчи. Сликата е пронајдена и вратена во музејот дури по две години во 1913 година. |
| 1944 | Во Дамбартон Оукс близу Вашингтон започнала конференцијата помеѓу СССР, САД, Велика Британија и Кина со цел основање на четирите главни органи на ОН, а тоа се Совет за безбедност, Генерално собрание, Меѓународен суд за правда и постојаните секретаријати. |
| 1968 | Трупите на членките на Варшавскиот пакт, без Романија, ја окупирале Чехословачка. Околу 200.000 војници ги завзеле сите значајни пунктови во земјата. Со тоа е задушена „Прашката пролет“, т.е. обидот на Комунистичката партија за осамостојување на ЧСР со Александар Дубчек на чело. Со оваа окупација воспоставен е принципот на „ограничен суверенитет“ на источноевропските комунистички земји. |
| 1983 | Филипинскиот oпозиционен лидер Бењино Акино бил убиен по излегувањето од авионот на аеродромот во Манила при враќањето во земјата по тригодишното прогонство во САД. Убиството го организирал филипинскиот диктатор Фердинанд Маркос. |
| 1990 | На централниот градски плоштад во Прага 100.000 граѓани за прв пат слободно ја одбележале годишнината од инвазијата на Варшавскиот пакт врз Чехословачка 1968 година. |
| 2000 | Словенечкиот пливач Мартин Стрел, под мотото „За мир, пријателство и чисти води“ пливал по Дунав од неговиот извор во Германија до утоката во Црно Море, при што го соборил рекордот за овој вид на пливање и влегол во Гинисовата книга со препливани повеќе од 2.900 km. Стрел го започнал својот поход на 25 јуни. |
| 2006 | Во Нов Зеланд крунисан маорскиот крал Тухеитиа Паки. |
Родени:
| 1165 | Филип II Август, фрацуски крал. |
| 1725 | Жан Батист Грез, фрацуски класицистички сликар. |
| 1780 | Јернеј Копитар, словенечки преродбеник. |
| 1938 | Кени Роџерс, американски пејач. |
| 1943 | Стеван Ацевски - Стевче, македонски филмски работник. |
| 1952 | Џо Страмер, англиски музичар. |
| 1956 | Ким Катрал, британска актерка. |
| 1967 | Серж Танкијан, ерменско-американски музичар. |
| 1973 | Сергеј Брин, основач на Google. |
| 1985 | Николас Алмагро, шпански тенисер. |
| 1986 | Јусејн Болт, јамајкански атлетичар. |
| 1992 | Боби Мојсоски, македонски пејач. |
Починале:
| 1940 | Лав Троцки, руски комунистички лидер и марксистички теоретичар. |
| 1978 | Чарлс Имс, американски дизајнер и архитект |
| 1988 | Реј Имс, американска дизајнерка и архитект |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |