17 август
Од Википедија, слободната енциклопедија
17 август е 229-иот ден во годината според григоријанскиот календар (230-и во престапна година). Остануваат 136 денови до крајот на годината.
| << | август | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | ||||
| 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
| 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
| 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
| 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |
Настани:
| 986 | Во Ихтиманскиот премин (Трајанова врата), византискиот император Василиј II претрпува пораз во борба со војската на македонскиот цар Самоил кој продолжува со нови освојувања се до 991 година. |
| 1593 | Турскиот султан Мурат III ѝ објавил војна на Австрија, која траела 14 години. Војната ја завршува неговиот внук Ахмед I. |
| 1807 | Првиот американски параброд, изработен од Роберт Фултон, тргнува на првото комерцијално поморско патување во светот. |
| 1960 | Габон стекнува независност од Франција. |
| 1962 | Петер Фехтер станал првата жртва на Берлинскиот ѕид - застрелан е додека се обидувал да ја напушти Источна Германија и да премине на западната страна од Берлин. |
| 1998 | Американскиот претседател Бил Клинтон на снимена изјава признава дека имал „неприкладна физичка врска“ со стажистката во Белата куќа Моника Левински. |
| 1999 | Земјотрес со сила од 7,4 степени ја погодил Турција, со епицентар 30 km југоисточно од Истанбул, при што загинале над 17.000 луѓе, а над половина милион останале без своите домови. |
Родени:
| 1873 | Славејко Арсов, истакнат македонски револуционер и војвода. |
| 1153 | Вилијам IX, гроф од Поатје. |
| 1893 | Мае Вест, американска актерка. |
| 1902 | Методија Андонов - Ченто, македонски револуционер, претседател на Президиумот на АСНОМ. |
| 1911 | Михаил Ботвиник, советски шахист и светски шаховски првак. |
| 1930 | Тед Хјуз, британски поет, сопруг на американската писателка Силвија Плат. |
| 1935 | Олег Табаков, советски и руски филмски актер, директор на Московскиот уметнички театар. |
| 1938 | Теодорос Пангалос, грчки политичар. |
| 1943 | Роберт де Ниро, американски актер и режисер. |
| 1960 | Шон Пен, американски актер и режисер. |
| 1971 | Филипо Симеони, италијански велосипедист. |
| 1977 | Тиери Анри, француски фудбалер. |
| 1977 | Вилијам Галас, француски фудбалер. |
Починале:
| 1153 | Евстахиј IV, син на англискиот крал Стефан I. |
| 1943 | Славчо Стојменски, народен херој на Југославија. |
| 1969 | Ото Штерн, германски физичар и Нобелов лауреат. |
| 1969 | Лудвиг Мис ван дер Рое, германски и американски архитект. |
| 1983 | Ајра Гершвин, американски текстописец, постар брат на композиторот Џорџ Гершвин. |
| 1987 | Рудолф Хес, заменик фирер на нацистичката партија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |