Бразил
Бразил (португалски: Brasil), официјално Федеративна Република Бразил (португалски: República Federativa do Brasil), е најголема држава во Јужна Америка. Површината и е речиси повеќе од половина на целиот континент. Главен град е Бразилија. Официјален јазик е португалскиот. Бразил е обграден од Атлантскиот океан на исток со брегова линија од 7,491 км. На север се граничи со Венецуела, Суринам, Гвајана и со прекуморскиот департмент Француска Гијана. На северозапад се граничи со Колумбија. На запад со Боливија и Перу. На југозапад со Аргентина и Парагвај и на југ со Уругвај. Бројни архипелази припаѓаат на Бразил, како Фернандо де Нороња, Атолските Карпи, Св. Петар и Павлевите Карпи и Тринидад и Мартин Ваз.
Бразил бил колонија на Португалија се до 1822-ра. Во почетокот независен како империја, во доследност Бразил е Република од 1889-та, иако бикамералната легислатура сега нарекувана Конгрес датира од 1850-та. Моменталниот устав ја дефинира Бразил како Федерална Држава, составена од федерален округ и 26 држави конституенти.
Бразил е светска десета економија, новите економски реформи дадоа нови проекции за развојот на Бразил. Бразил е член основач на Обединетите Нации и Унијата на Јужно Американски Нации. Во Бразил предоминира Римо-Католицизмот, се говори португалски.
Содржина |
[уреди] Историја
Денешната територија на Бразил била населена најмалку пред 6000 години. Повеќето домородни народи кои живееле и живеат на територијата на Бразил се верува дека се потомци од првиот бран мигранти од Северна Азија, поточно Сибир, кои што го преминале беринговиот проток кон крајот на ледената епоха околу 9000-та год. п.н.е. Во 1500-та год. од н.е. територијата на модерен Бразил имала население од околу 3 милиони, разделено во над 2000 нации и племиња. Во текот на наредните три века, Бразил бил непрекинато колонизиран од Португалците. Лингвистиката открила над 188 живи домородни јазици со над 150,000 говорници. Во 2007 Националната Индијанска Фондација (Fundação Nacional do Índio) го изнесла податокот за 67 домородни племиња кои се уште живеат без допир со конвенционалната цивилизација. Педро Алварес Кабрал го открил ова подрачје во 1500 година. Во тоа време домородците биле семи-номади концентрирани околу бреговите најмногу онаву каде што се влеваат поголемите реки во океанот.
[уреди] Колонизација
Во почетокот Португалија не гледала со многу интерес кон Бразил, во главно поради профитот што го остварувала при тргување со Индија, Индокина, Кина и Јапонија. Во текот на овој период дрвото Бразил е најексплотираниот ресурс. Од 1530 год. Португалската Круна го ревизирала Наследните Капетании со цел подобро да ја управува новата колонија. Неколку рани населби биле основани покрај брегот, заедно со колонијалната престолнина Салвадор во 1549-та во заливот на сите светци, и градот Рио де Жанеиро бил основан во март 1567 на југ. Колонизаторите адаптирале економија за производство на намирници за извоз кон Европа. Од 17 век. приватни експедиции од Капетанијата Сао Пауло, нарекувани Бандеиранти ја истажувале и раширувале територијата на Бразил. Во 18 век тие пронашле злато и дијаманти на територијата на денешната држава Минаш Гераис. Профитот од Благово е искористен за издржување на Португалската империја. Начинот на владеењето со Бразил и скапиот живот на Португалската монархија довела до движење за независност на Бразил. Производството на злато почнало да стагнира кон крајот на 18-ти век. Колониите се главно експлоатирани од робовите - домородците и Африканците. За разлика од соседните Шпански поседи, Португалската колонија го задржала територијалниот, политичкиот и лингвистиочкиот унитаритет.
[уреди] Империја
Во 1808, кралот Жоао VI од Португалија, бегајќи пред Наполеон, се преселил во Бразил со целата кралска фамилија како и владата. Тие пребегале во Рио де Жанеиро, и градот тогаш станал престолнина на Португалската Империја. Рио останал престолнина помеѓу 1808 и 1815-та. После тоа Обединетото Кралство на Бразил, Португалија и Алгаверите (1815-1825) било прогласено, со престолнина Лисабон, Откако Јоао VI во 1821 се вратил во Португалија неговиот син-престолонаслидник станал регент на Бразил. Следејки серија политички инциденти Бразил станал независен на 7-ми септември 1822. На 12 октомври 1822 Дом Педро бил прогласен за прв император на Бразил, крунисан на 1-ви декември 1822. Португалија ја Признала независноста во 1825-та. Во 1824-та Педро го распуштил конститутивното собрание со образложение дека ја загрозува слободата, и донел устав по терк на Португалија и Франција. Управувањето на Педро било почнато да се смета за административно неадекватно. Политички притисоци го натерале Императорот да ја отстапи власта на својот 5 годишен син Педро Втори на 7-ми април 1831. Педро Први заминал во португалија, а додека Педро Втори да достигне адолесценција Бразил бил управуван од регенти се до 1840-та. На 23-ти јули 1840 Педро Втори бил крунисан за император. Неговото владеење го одбележува бумот на кафе извоз, војната на тројната алијанса и крајот на робо-тргувањето со Африка на Америка во 1850. Во Бразил ропството е аболирано во 1888-ма. По укинувањето на ропството во бразил почнале да доагааат многу европски емигранти. Подоцна почнало да зема сила републиканското движење. Во 1889 Педро абдицирал и републиканскиот систем бил усвоен.
[уреди] Република
Крајот на 19 век и почетокот на 20 век, Бразил привлечил преку 5 милиони европски и јапонски имигранти кои се обидувале да ја пробаат среќата во Бразил. Бразилската демократија три пати била заменувана диктатура: 1930 - 1934 и 1937 - 1945 од страна на Жетулио Варгас и 1964 - 1985 од страна на група генерали на војски.
[уреди] Население
Во Бразил живеат 192,953,126 жители, но просечната густина на населението е нерамномерна. Најгусто население се градовите Рио де Жанеиро и Сао Пауло, а најмала густина на население има на Амазонската низина. Во внатрешноста, огромните простори се готово повечќе населени, освен малите изолирани оази.
Најголем дел од населението се белците 55% и тоа главно потомви Португалци, Германци, Италијанци, Шпанци и Полјаци. 38% припаѓа на мулатите кои се два пати побројни од местиците и чинат главен дел на селското население. Црнците чинат 6% од населението, а останатите 1% им припаѓа на Јапонците, Арапите и американските Индијанци. Службениот јазик им е португалски кои се освојувачи (конкистадори) од Португалците оставиле како еден печат од својата култура.
Иако основната настава е задолжителна, бројот на неписмени е многу голем.
[уреди] Етимологија на име
Името на Бразил е изведено од бразилерово дрво, тоа е црвеникаво дрво. На Тупи се нарекува "ибирапитанга", што во буквален превод значи црвено дрво. Дрвото е користено за боење алишта. Друга теорија околу етимологијата на Бразил е сврзана со ирскиот мит за Хај-Бразил, фантом остров сличен со островот Свети Брендан, ситуиран југозападно од Ирска. Легендата била толку силна што во XV век многу експедиции трагале по него, најпозната е експедицијата на Џон Кабот. Се предпоставува дека после достигнувањето на бразилските земји од страна на Педро Алварес Кабрал во 1500-та ирскиот мит влијаел врз именувањето на земјата. Дека легендата била популарна меѓу иберските народи може да се потврди преку името на островот Азорејска Терцеира, Регистриран во XIV век во Каталонски Атлас. Првите имиња на земјата биле Ilha de Vera Cruz(Остров Вера Круз) и Terra de Santa Cruz(Земја на Св. Круз).
[уреди] Географија и клима
Бразил го зафаќа најголемиот дел од источниот брег на Јужна Америка, исто така зафаќа и голем дел од континенталната земја,[1] делејки земни граници со Уругвај на југ, Аргентина и Парагвај на југозапад, Боливија и Перу на запад, Колумбија на северозапад, Венецуела, Суринам, Гвајана и тпрекуморскиот департмент Француска Гијана на север. Бразил е петта по големина држава во светот по Русија, Канада, Кина и САД и трета по големина во Америка. Бразил се протега низ четири временски зони. Бразилската топографија е исто така разнолика, вклучувајки ридови, планини, котлини, висорамнини. Повеќето Бразил лежи меѓу 200 м и 800 метри нд[2]. Највисоката точка на Бразил е Врв Неблина со 3014 м, а најниска е Атлантскиот брег со 0 метри нв. Поголеми реки се Амазон Парања Рио Негро, Сао Франциско и др.
[уреди] Административна поделба
|
|
Според Бразилскиот устав од 1988 година, Бразил е федерација составена од 26 држави, еден федерален дистрикт, и, исто така, општини. Ниеден од конституентите нема право на оттуѓување. Државите се основани на историски, конвенционални граници создавани низ времето, иако некои граници се обсудливи. Државите можат да бидат делени и соединувани со цел создавање на нови по основа на плебицит. Државите имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата. Тие имаат гувернатор и легислативно тело избрани од нивниот народ. Поседуваат исто така и независно судство. Но сепак го немаат правото да создаваат свои закони. Општините можат да бидат делени или спојувани по основа на плебицит, следејки некои правила на федералниот устав и зачувувајки ги внатрешните државни граници, имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата и федералната конституентка. Имаат градоначалник и легислативно тело избирани од нивниот народ. Федералниот дистрикт е дистриктот на Бразилската престолнина, Бразилија, како таков тој не е држава, иако има одлики, но има својства и на општина. Не може да биде делена но си има свој судски систем. Бразилскиот устав го дозволува постоењето на инкорпорирани држави.
[уреди] Региони
Бразилските региони не се политички или административни дивизии. Единствено се создадени со цел за статистичка регулација. Територијата на Бразил во 1968 година е поделена од Бразилскиот Институт за Географија и Статистика (БИГС), со цел демогравска и статистичка регулација на Северна, Североисточна, Централно Западна, Југоисточна и Јужна статистичка дивизија.
[уреди] Држави
Федералната држава Бразил е унија од 26 држави и еден федерален дистрикт. Ниеден од конституентите нема право на оттуѓување. Државите се основани на историски, конвенционални граници создавани низ времето, иако некои граници се обсудливи. Државите можат да бидат делени и соединувани со цел создавање на нови по основа на плебицит. Државите имаат нивна управа, право да собираат свои даноци и данок на ниво на федерацијата. Тие имаат гувернатор и легислативно тело избрани од нивниот народ. Поседуваат исто така и независно судство. Но сепак го немаат правото да создаваат свои закони.
[уреди] Јазик
Потругалскиот е официјален јазик на Бразил. Се говори од скоро целото население, и во главно е и единствен јазик на весниците, радијата, телевизијата и во администрацијата. Со исклучок на Неѐнгату, домороден јужноамерички јазик официјален заедно со португалскиот во општината Сао Габриел де Какојера. Бразил е единствената земја од јужна америка каде што се зборува португалски.
[уреди] Култура
Доста различни елементи го сочинуваат бразилското општество со својата мултиетничка комплексност.[3] Бразилската култура во главно била под влијание на Европската, Африканската, и Домородните култури и традиции.[3] Најголемото влијание идело од Португалската култура, поради силните колонијални врзки на Португалската империја. Покрај доста наследеното, од поругалците е наследен јазикот, Католичката вера и колонијалните архитектурни стилови.[4] Other aspects of Brazilian culture are contributions of Italian, Германци и други Европски имигранти; дошле во голем број и нивното влијанеи може да се забележи на југ и на југосток во Бразил.[5] Домородните народи влијаеле на кујната и јазикот на Бразил; додека Африканците, донесени во Бразил како робови, влијаеле на јазикот, кујната, музиката, танцевите и религијата.[6][5]
Литературата во Бразил датира од 16-ти век, од пишувањата на првите Португалски истражувачи, како Перо Ваз де Камиња, писател на флотата на Педро Алварез Кабрал.[7] Кујната варира доста од регион до регион. Овој доверзитет го рефлектира миксот на доморидци и емигранти. Така е создадена национална кујна обележена со зачувување на регионалните карактеристики.[8] Бразилските културни традиции се доста уникални во однос на музичките стилови, самба, Боса Нова, Форо, Фрево, Пагоде и многу други.[9] Бразил исто така допринесол и во класичната музика, која може да се забележи во делата на многу композитори.[9] Во уметноста, значајни модерни уметници Aнита Малфати и Тарсила до Амарал се пионери на Бразилската уметност.[10]
Карневалот (португалски: Carnaval), со спектакуларни улични паради и музика,е една од посилните слики на Бразил;[8] се одржува секоја година ден предВелигден aи го означува почетокот на великите пости. CКарневалот се слави во цел Бразил, секаде обележан со своите регионални карактеристики, но најспектакуларни славења надвор од Рио де Жанеиро се одршуваат во Салвадор, Ресифе, и Olinda.[8]
[уреди] Религија
Религијата е многу разнолика во Бразил, уставот дава слобода на вероисповед, и владата генерално го пошитува тоа право во практика.[11] Римо католичката црква преовладува, правејки ја Бразил најголема католичка нација во светот. [12] Формалната врзка меѓу државата и Римо-католицизмот ослабнала кон крајот на 19-ти век, сепак до определен степен црквата задржала влијание.[13]
Бројот на протестантите расте. До 1970-та, мнозинството Бразилски протестанти биле следбеници на "традиционалните цркви", повеќето Лутеранци, Пресбитеранци и Баптисти. Од тогаш навака, бројот на Пентокостал и Неопентокостал следбеници значајно нараснал.[13] Традиционалните Африкански верувања, донесени робовите, се имаат смешано со Католицизмот, и така се создале Афро-Бразилските религии Макумба, Кандомбле и Умбанда.[12] Домородните религии варираат од група до група.[13]
Според пописот од 2009: 73.89% се католици; 15.41% протестанти; 0.907% други христијански деноминации; 0.309% традиционални христијански религии; 0.010% Домородни религии; 7.354% Агностицисти, Атеисти или нерелигиозни; и 0.806% други религии. Некои од последните се 0.126% Будисти; 0.051% Јудаисти and 0.016% Муслимани.[14][15]
[уреди] Спорт
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Бразил на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада и Администрација
- Бразилска Федерална Влада
- Пратеничка Комора
- федерален Сенат
- Претседателство на Бразил
- Глава на државата и членови на кабинетот
- Општа информација
- Бразилски институт за географија и статистика
- Институт за Применето Економско Истражување
- Национална Банка за Социјален и Економски Развој
- Профил на земјата од државната Конгреска Библиотека на САД (1997)
- Економија и бизнис
- Бразилска Централна Банка
- Бразилско-Американска трговска комора
- Британска комора во Бразил
- São Paulo трговска берсза
- Спорт и туризам
[уреди] Видете исто така
[уреди] Наводи
- ↑ „Land and Resources“. Encarta. MSN. проверено на 06.11.2008.
- ↑ „Natural Regions“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-11.
- ↑ 3,0 3,1 „People and Society“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-10.
- ↑ „15th-16th Century“. „History“. Brazilian Government official website. http://www.brasil.gov.br/ingles/about_brazil/history/xvi_cent/. проверено на 2008-06-08.
- ↑ 5,0 5,1 „Population“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-10.
- ↑ Freyre, Gilberto. „The Afro-Brazilian experiment - African influence on Brazilian culture“, UNESCO. Проверено на 2008-06-08.
- ↑ „Literature“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-08.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 „Way of Life“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-08.
- ↑ 9,0 9,1 „Music and Dance“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-08.
- ↑ „Art and Architecture“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-08.
- ↑ „Brazilian Federal Constitution“ (на Portuguese). Presidency of the Republic. 1988. http://www.planalto.gov.br/ccivil_03/Constituicao/Constituiçao.htm. проверено на 2008-06-03. „Brazilian Federal Constitution“. v-brazil.com. 2007. http://www.v-brazil.com/government/laws/titleI.html. проверено на 2008-06-03. „Unofficial translate“
- ↑ 12,0 12,1 (2005-11-08) "Brazil". International Religious Freedom Report, U.S. Department of State. Пристапено на 2008-06-08.
- ↑ 13,0 13,1 13,2 „Religion“. Encarta. MSN. проверено на 2008-06-08.
- ↑ (2000) "Religion in Brazil" (PDF). 2000 Demographic Census, Brazilian Institute of Geography and Statistics. Пристапено на 2008-06-08.
- ↑ „People of Brazil“. Central Intelligence Agency. 2008. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/br.html. проверено на 2008-06-03.
|
||||||||||||||||||||||||||
|
||||||||||||||||||||||||||||||||