Габон
| Габонска Република
République Gabonaise
|
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
| Гесло: "Union, Travail, Justice" (француски за "Единство, Работа, Правда") |
||||||
| Химна: La Concorde |
||||||
| Главен град | Либрвил 0°23′N 9°27′E / 0.383°N 9.45°E |
|||||
| Најголем град | главниот град | |||||
| Службен јазик | француски | |||||
| Зборувани јазици: | фанг, мјене | |||||
| Демоним | Габонец | |||||
| Уредување | Република | |||||
| - | Претседател | Али Бонго Ондимба | ||||
| - | Премиер | Пол Бијоге Мба | ||||
| Независност | ||||||
| - | од Франција | 17 август 1960 | ||||
| Површина | ||||||
| - | Вкупна | 267,745 km2 (76-та) 103,347 sq mi |
||||
| - | Вода (%) | 3.76% | ||||
| Население | ||||||
| - | проценка за 2009 | 1.475.000[1] (150-та) | ||||
| - | Густина | 5.5/km2 (216-та) 14,3/sq mi |
||||
| БДП (ПКМ) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупен | $21.146 милијарди[2] | ||||
| - | По жител | $14.545[2] | ||||
| БДП (номинално) | проценка за 2008 | |||||
| - | Вкупно | $14.535 милијарди[2] | ||||
| - | По жител | $9.997[2] | ||||
| ИЧР (2007) | ▲ 0.755[3] (среден) (103-та) | |||||
| Валута | Франк (XAF) |
|||||
| Часовен појас | CAT (UTC+1) | |||||
| - | (ЛСВ) | н/п (UTC+1) | ||||
| Се вози на | десно | |||||
| НИД | .ga | |||||
| Повик. бр. | 241 | |||||
Габон (француски: Gabon) или официјално Габонска Република (République Gabonaise) е држава во Централна Африка. Државата се граничи со Екваторијална Гвинеја на северозапад, со Камерун на север и со Република Конго на исток и југ. На запад Габон излегува на Гвинејскиот Залив, односно Атлантскиот Океан. Вкупната површина на Габон е 267.745 километри квадратни со вкупно население од 1.475.000. Главен град на Габон е Либрвил.
Уште од независноста на Габон од Франција на 17 август 1960 година, Габон бил владеен од три претседатели. На почетокот на 1990-те во Габон се вовел повеќепартискиот систем и со новиот устав се дозволиле подемократски услови и институции. Поради помалиот број на жители и богатството од природни ресурси, Габон е една од најпросперитетните држави во регионот. Странските инвестиции се доста присутни и Габон е со највиок индекс за човеков развој во суп-сахарска Африка[4]
Содржина |
[уреди] Етимологија
Името на државата потекнува од времето на доаѓањето на европските морепловци. Односно, кога Португалците пристигнале на територијата на Габон тие ја именувале територијата како Gabão, што на португалски јазик значи „наметка“. Овој опис всушност се однесува за формата на коритото на реката Комо.
[уреди] Историја
Најраното население кое живеело на територијата на денешен Габон се пигмеите. Но, тие многу бргу биле потчинети од страна на племето Банту, во времето на нивните миграции. Така, неколку групи од племето Банту се населиле во Габон. Португалските трговци на бреговите од земјата пристигнале некаде околу 15 век. Брегот потоа станал центар за трговија со робови, главно наменети за потребите на Франција, Холандија и Англија. Во 1885 година Габон бил заземен од страна на Франција. Во 1910 година земјата станала дел од Фрнацуската Еквадорска Африка, која постоела до 1959 година. Својата независност земјата ја добила на 17 август 1960 година.
По добивањето на независност, во земјата биле формирани две политички партии: демократи и социјалисти. Во првите слободни избори, што се одржале под парламентарен систем, ниту една страна не била во состојба да освои мнозинство; лидерите потоа се согласиле да формираат заедничка влада.
[уреди] Географија и клима
Габон се наоѓа на атлантскиот брег на Централна Африка. Поради близината со екваторот, Габон има екваторијална клима со врнежи кои се застапени на 85% од територијата на државата. Во Габон има три географски региони, односно: крајбрежен регион, планински регион и саваната.
Најдолга река во Габон е Огоуе која е долга 1200 километри. Во држата има голем број на пештери кои некои сè уште не се истражени во целост. Габон е позната по тоа што вложува напори за зачувување на природната еко средина. Во 2002, претседателот Омар Бонго Ондимба предложил карта со екорегиони во државата кои заземаат околу 11% од вкупната површина на земјата. Габон е богата со природни ресурси како петролеум, магнезиум, железо, злато, ураниум и шуми.
Габон на север граничи со Камерун, на северозапад со Екваторијална Гвинеја и на југ и исток со Република Конго. На запад државата има излез на Гвинејскиот Залив. Вкупната површина на Габон е 267.745 и со вкупно население од 1.475.000 жители. Главен град е Либрвил.
[уреди] Политички систем
Политиките на Габон се во рамките на република, каде претседателот е шеф на државата, додека премиерот е шеф на владата. Извршната власт е во рацете на владата, додека законодавната власт е во рацете на владата и на дводомниот парламент. Од воведувањето на повеќепартискиот систем во државата доминантна политичка партија е конзервативната Габонска Демократка Партија.
Во март 1991 година во Габон бил усвоен нов устав кој се базирал на западноевропските устави и повеќепартиски избори биле одржувани од 1990 година. Претседателот Ел Хаџ Омар Бонго Ондимба бил на власт од 1967 до неговата смрт во 2009 година.
[уреди] Административна поделба
Габон, административно, е поделен на девет покраини, кои пак се поделени на 37 департмани. Покраините на Габон се:
[уреди] Економија
Габон е попросперитетна држава одошто околните држави во регионот со поголем БНП по глава на жител од просекот на суп-сахарска Африка. Овој поголем развој е поради производството на петролеум во приморскиот регион. Според критиките, приходите не биле инвестирани во проширување на проиводството во различни сектори и така Габон зависи од природните ресурси. Исто така, Габон е извозник на магнезиум, железо и дрво. Ураниумските наоѓалишта биле затворени во 2001, но сепак денес има напори за повторно отварање на истите. Извозот на поголеми количини на железо се очекува да започне во 2012 година.
Поради девалвација на франкот, Габон бил принуден да плаќа долгови. Во таа ситуација Франција и Меѓународниот монетарен фонд му помогнале на Габон за излез од ситуацијата. Трговски партнери на Габон се САД, Кина и Русија, додека увозот е воглаво од Франција.
[уреди] Население, јазик и религија
Населението на Габон брои околу 1.475.000 жители. Скоро сите Габонци се Банту црнци, иако сметајќи ги етничките групи во Габон живеат најмалку 40 етникуми со различни јазици и култури. Најголема етничка заедница е Фанг, иако со скорешните пописи се согледува дека етничката група Банџаби е подоминантна. Други етнички групи кои живеат во Габон се Мјене, Бакота, Ешира, Бапуну и Оканде. Етничките граници помеѓу групите не се јасно диференцирани, за разлика од остатокот на Африка. Официјален јазик во државата е францускиот јазик и може да се рече дека јазикот е сила која ги обедува етничките групи во државата. Се проценува дека околу 80% од населението на земјата зборуваат француски и 30% од населението на Либрвил францускиот го зборуваат како мајчин јазик. Државно гледано, 32% од населението зборува фанг јазик како мајчин јазик.[5] Повеќе од 10.000 Французи живеат во Габон кои се главни странски доминанти елементи во габонското оштество.
Поради историски причини, бројот на населението паднало во периодот од 1990 до 1940 година. Габон е држава со најмала густина на население во Африка и недостатокот на работна сила е главен проблем за нормален развој на државата. Голем дел од населенето се христијани, каде се проценува дека христијани се 55 до 77 % од населението. Процентот на писменост во Габон е 63.2%.
[уреди] Култура
Габонската музика е послабо позната во светот поради присуството на поголемите околни држави. Сепак, Габон има богат фолклор и доста познати светски пејачи како Патиенс Дабани и Ани Флор Бачиелилис. Покрај нив, познати се и гитаристите Жорж Ојенѕе, Ла Роз Мбаду и Силвен Авара, но и пејачот Оливер Нгома. Американската и британската музика се доста популарни во Габон. Од фолклорот, познати се инструментите обала, нгомби, балафон и традиционалните тапани.
Сè до појавата на писменоста, Габон имал орална традиција. Покрај фолклорот, Габон има и развиоена и богата митологија. Познат белег на Габон се маските нголтанг.
[уреди] Наводи
- ↑ Department of Economic and Social Affairs Population Division (2009). "World Population Prospects, Table A.1" (.PDF). 2008 revision. United Nations. Проверено на 2009-03-12.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 „Gabon“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=646&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=20&pr.y=18. проверено на 2009-10-01.
- ↑ „Human Development Report 2009. Human development index trends: Table G“. The United Nations. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2009_EN_Complete.pdf. проверено на 2009-10-10.
- ↑ „Human Development Indices: A statistical update 2008 - HDI rankings“. „Human Development Reports“. United Nations Development Programme. 2008. http://hdr.ndp.org/en/statistics/. проверено на 2009-01-25.
- ↑ Le Gabon
[уреди] Додатни информации
- Ghazvinian, John (2008). „Untapped: The Scramble for Africa's Oil“. Orlando: Harcourt. ISBN 0151011389.
- Petringa, Maria (2006). „Brazza, A Life for Africa“. Bloomington, IN: AuthorHouse. ISBN 1425911986.
- Rich, Jeremy (2007). „A Workman Is Worthy of His Meat: Food and Colonialism in the Gabon Estuary“. Lincoln: University of Nebraska Press. ISBN 0803207417.
- Shaxson, Nicholas (2007). „Poisoned Wells: The Dirty Politics of African Oil“. New York: Palgrave Macmillan. ISBN 1403971943.
- Warne, Sophie (2003). „Bradt Travel Guide: Gabon and São Tomé and Príncipe“. Guilford, CT: Chalfont St. Peter. ISBN 1841620734.
- Yates, Douglas A. (1996). „The Rentier State in Africa: Oil Rent Dependency and Neo-colonialism in the Republic of Gabon“. Trenton, NJ: Africa World Press. ISBN 0865435200.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
| Најдете повеќе за Габон на сестринските проекти на Википедија: | |
|---|---|
| Вики речник | |
| Вики книги | |
| Вики цитати | |
| Вики извор | |
| Заедничка ризница | |
| Вики вести | |
| Вики универзитет | |
- Влада
- Габонска Република
- Собрание на Габон
- Габонска амбасада во Лондон
- (француски) Сенат на Габон
- Шеф на држава и кабинет
- Туризам
- Општо
- Габон на BBC
- Запис за Габон во „Светска книга на факти“ (англиски)
- Габон на UCB
- Габон - Open Directory Project (англиски)
- Вести
- Вести за Габон на Gaboneco.com
- Вести за Габон на AllAfrica.com
- Вести за Габон на gabonmagazine.com
|
|||||||||||||||||||||||||||||