Зелен ’Рт

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Република Зелен ’Рт
República de Cabo Verde
ХимнаCântico da Liberdade
Главен град
(и најголем град)
Праја
14°55′N 23°31′W / 14.917°N 23.517°W / 14.917; -23.517
Службен јазик Португалски
Признаени регионални јазици Креолски
Уредување Република
 -  Претседател Педро Перес
 -  Премиер Хозе Мариа Невес
Независност од Португалија 
 -  Призната 5 јули 1975 
Површина
 -  Вкупна 4,033 km2 (172ра)
1,557 sq mi 
 -  Вода (%) занемарливо
Население
 -  проценка за Јули 2006 420.979 (165та)
 -  Попис 2005 507.000 
 -  Густина 126/km2 (79та)
326/sq mi
БДП (ПКМ) проценка за 2005
 -  Вкупен $3,055 милијарди (158ма)
 -  По жител $6.418 (92- ра)
ИЧР (2007) 0.736 (среден) (102ра)
Валута Зелено’ртски ескудо (CVE)
Часовен појас CVT (UTC-1)
 -  (ЛСВ) не е набљудувано (UTC-1)
НИД .cv
Повик. бр. 238

Зелен ’Рт[1] (португалски: Cabo Verde) или официјално Република Зелен ’Рт е независна островска држава во Атлантскиот Океан на околу 570 километри оддалеченост од Западна Африка. Островите, кои заземаат вкупна површина од нешто повеќе од 4.000 километри квадратни, се со вулканско потекло. Три острови, Сал, Боа Виста и Мајо, се рамни и песокливи острови, додека останатите се карпести и имаат повеќе вегетација. Поради слабата врнежливост, островите не се покриени со зелена вегетација, иако името тоа го налагаат.

Зеленио'ртските Острови биле ненаселени, но во 15 век на островите се доселиле и го колонизирале Португалците. Со тоа, островите станале важна трговска рута во Атлантскиот Океан. Развојот на островите привлекле пирати, меѓу кои и Франсис Дрејк. Исто така, островите биле посетени и од Чарлс Дарвин во 1832 година. Зелениот 'Рт била важна точка за ропството, но со падот на истото островите се соочиле со економска криза. Со мали природни резерви и со слаба португалса ивестиција, локалното население стабало незадоволно од колонијалните власти, кои пак не сакале да дадат поголема автономија на островите. Ова незадоволство кулминирало во 1975 година, кога се основало движењето за независност предводено од Амилкар Кабрал и со тоа островите станале независна држава.

Поради тешките економски прилики во државата за време на колонијалниот период, голем број Зелено'ртци мигрирале во Европа, Америка или во Африка. Овој феномен на миграција бил толку силен што денес има повеќе Зелено'ртци во странство одошто во самата држава. Денес, економијата на Зелениот 'Рт се базира на услугите, со зголемен фокус на туризмот и странските инвестиции.

Вкупното население на државата изнесува околу 500.000 жители, од кои најбројни се луѓето со африканско креолско потекло. Главен град на државата е Праја и во него живеат околу четвртина од населението. Околу 38% од населението живее во руралните области, а околу 20% живеат во сиромаштија[2] со просек на писменост од 85%. Политички, државата е стабилна демократија со значаен економски развој и подобрување на условите за живот и покрај недостатокот на природни резерви. Со тоа, од 2007 година, Зелениот 'Рт се смета за земја во развој.

Содржина

[уреди] Етимологија

Името на државата, Зелен 'Рт, всушност потекнува од истоимениот 'рт во Сенегал.[3] И покрај тоа што името налага зелена држава со бијна вегетација, островите се песокливи и карпести.

Според правописот на македонскиот јазик, а и според самото име, Зелен ’Рт е името на оваа африканска држава. Сепак во македонскиот јазик опстојуваат и следните називи за оваа земја: Зелено’ртска Република, Република Зелен ’Рт или Зелено’ртски Острови, сите изведено од основното име.

[уреди] Историја

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Зелениот ’Рт.

За раната историја на денешниот остров каде се наоѓа Зелено’ртската Република многу малку е познато. Се смета дека до португалското доаѓање, островите не биле населени. Островите биле откриени од страна на португалскиот трговец Антонио Фернандез во 1445 година. Своето име островите го добиле во 1461 година. Следната година, 1462 година било основано првото поголемо населено место, Рибеира Гранде, денеска Праја.[4] Како португалска колонија островите официјално станале во 1532 година, како дел од Португалската империја. Како и кај другите африкански земји, така и овде населението било искористувано главно за трговија со робови. Земјата независност станала на 5 јули 1975 година. Како главен фактор за независноста била Афричката партија за независност на Гвинеја-Бисау и Зелено’ртските острови (АПНГЗ). По добивањето на независност, партијата се обидела да ги обедини Зелено’ртските острови и Гвинеја-Бисау. Сепак плановите пропаднале во 1980 година. Денеска, во земјата на власт е Афричката партија за независност на Зелено’ртските острови.

[уреди] Географија и клима

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Зелениот ’Рт.
Карта на Зелениот 'Рт.

Зелено'ртските Острови се архипелаг од 10 острови и 8 островчиња. Од нив најголеми се:

[уреди] Политички систем

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Зелениот ’Рт.

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Зелениот ’Рт.

[уреди] Демографија

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Зелениот ’Рт.

Според последниот попис одржан во 2006 година, населението на Зелено’ртската Република изнесува 426 998 луѓе. Основен јазик во земјата е португалскиот.

Повеќе од 93% од населението на Зелено’ртската Република е Римокатоличко, според едно информативно гласање спроведено од страна на локалните цркви.[5] Најголема протестантска вероисповед е Назаретската црква. [5] Во земјата постојат и други помали верски заедници како Бахаи, која како муслиманска религија бележи раст во последните неколку децении. Бројот на атеистите се проценува на околу 1% од населението. Самиот устав на земјата ја почитува слободата на вероисповед кај сите верници[5] .

[уреди] Култура

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Зелениот ’Рт.

[уреди] Наводи

  1. Правопис на македонскиот јазик, стр. 159, Просветно Дело, Скопје, 2007
  2. „UNDP.org“ (PDF). http://hdr.undp.org/en/media/HDI_2008_EN_Tables.pdf. проверено на 2010-06-26. 
  3. Lobban, p. 4.
  4. Cape Verde background note. U.S. Department of State (July 2008).
  5. 5,0 5,1 5,2 International Religious Freedom Report 2007: Cape Verde. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor (September 14, 2007). This article incorporates text from this source, which is in the public domain.

[уреди] Поврзано

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици