Остров

Од Википедија — слободната енциклопедија

Остров е копно опколено од сите страни со вода од море, езеро или река. Неговото потекло може да биде вулканско, корално, или, пак, островот може да биде продолжување на некој континент или врвови на подводни планини. Една заедничка одлика на сите острови е тоа што климата на нив е во голема мерка условена од близината на морето.

Сите острови на Земјата се класифицирани во неколку групи:

  1. Континентални острови. Вакви се островите кои се наоѓаат во непосредна близина на некој континент, од кој се одделени со не многу длабок проток. Тие, всушност, во геолошка смисла, се продолжение на континентот. Ова го докажуваат некои фосили и видови на карпи. Пример за ваков вид на острови се Британските, кои се наоѓаат на континенталната платформа во Западна Европа, а се одделени од остатокот од континентот со протокот Ламанш, чијашто максимална длабочина изнесува околу 100 m.
  2. Океански острови. Тоа се островите кои се наоѓаат далеку од континентите и кои имаат различно потекло. Се појавуваат како резултат на некои процеси кои настануваат на и во Земјината кора, како што се издигнувањето до површината на водата на некој дорсал (подводен планински венец), при што високите гребени на подводната планина го образуваат островот, кој најчесто е со доста груб релјеф и големите набирања на првобитните натконтиненти, кои не се споиле со сегашните. Океанските острови се обично со големи димензии. Едни од најголемите океански острови се Мадагаскар и Нов Зеланд.
  3. Вулкански острови. Тие се директен резултат на вулканска активност која се јавува кај дорсалите или во други центри од овој вид распрснати во океаните. Овие острови најчесто се јавуваат како собрани во огромни појаси, притоа создавајќи вулкански појаси. Ваков вид на острови се создаваат и денес, како што е случај со островот Суртси, близу Исланд, кој се оформил во 1963 година, во текот на една ерупција. Ваквите острови се многубројни во Тихиот Океан, многу од нив се со интензивна еруптивно-вулканска активност. Друг пример се Канарските Острови, кои се оформиле во текот на последните етапи од набирањето на Атлантскиот Дорсал.
  4. Корални острови. Овие острови имаат биолошко потекло. Се нарекуваат и атоли. Тие се последица на големата активност на коралите. По изумирањето, нивните скелети создаваат една структура која служи како основа за развој на нови корали. На ваков начин може да се постигне голема дебелина. Најдлабоките делови потонуваат и овозможуваат структурата да расте во горниот дел каде има повеќе светлина. Колебањето на нивото на морето овозможува гребенот да излезе на површина, а потоа ерозијата создава почва погодна за растенијата. Тоа се ниски острови, многу малку над нивото на морето. Се создаваат и кога средишната лагуна на некој атол ќе се исуши. Таков пример се островите Голема Барера од австралиските гребени.

Единствен остров во Македонија е Голем Град во Преспанското Езеро.

Мал остров во Јадранско Море

Список на десетте најголеми острови во светот:

Име на островот Океан Земја Површина (км2)
Гренланд Атлантски Данска 2 175 600
Нова Гвинеја Тихи Папуа Нова Гвинеја 791 439
Борнео (Калимантан) Тихи Индонезија, Малезија, Брунеи 725 472
Мадагаскар Индиски Малгазија 587 037
Бафинова Земја Северноледен Канада 507 451
Суматра Тихи Индонезија 473 604
Хоншу Тихи Јапонија 227 411
Велика Британија Атлантски Обединето Кралство 218 040
Викторија Северен Леден Канада 212 197
Елзмир Северен Леден Канада 196 236

Островот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Островот како тема во книжевноста[уреди | уреди извор]

Островот како тема во музиката[уреди | уреди извор]

Островот како тема во филмот[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. Alphonse Daudet, Pisma iz mog mlina. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 15.
  2. Васил Тоциновски, „Во потрага по смислата на живеењето: Меша Селимовиќ Дервишот и смртта“, во: Меша Селимовиќ, Дервишот и смртта. Скопје: АЕА издавачи, Матица македонска, 2000, стр. 9.
  3. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 59.
  4. Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 19.
  5. „Mihail Bulgakov 1891 - 1940. Hronologija“, во: Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008, стр. 123.
  6. Ристо Трифковиќ, „Мак Диздар или Патот до Камениот спијач“, во: Мак Диздар, Горчин. Скопје: Македонска книга, 1968, стр. 138.
  7. Гето Руди, Можеше да биде реми. Скопје: Темплум, 2017, стр. 40-41.
  8. B. P., „Gerhart Hauptman“, во: Gerhart Hauptman, Čuvar pruge Til – Jeretik iz Soane. Beograd: Rad, 1960, стр. 129.
  9. Islands in the Stream by Ernest Hemingway (пристапено на 13.9.2016)
  10. Zbignjev Herbert, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg – Čigoja štampa, стр. 276.
  11. YouTube, Rachmaninov: The Isle of the Dead, Symphonic poem Op. 29 - Andrew Davis (пристапено на 5.2.2017)
  12. King Crimson – Islands (пристапено на 27.1.2023)
  13. Crosby, Stills & Nash ‎– Crosby, Stills & Nash (пристапено на 23.1.2017)
  14. Discogs, Mastodon – Leviathan (пристапено на 28 јануари 2021)
  15. islands in the stream - YouTube (пристапено на 13.9.2016)
  16. Pixies – Come On Pilgrim (пристапено на 1 ноември 2023)
  17. DISCOGS, Hüsker Dü ‎– Land Speed Record (пристапено на 3.12.2020)
  18. IMDb, Islands in the Stream (1977) (пристапено на 13.9.2016)