Суматра

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Суматра
Sumatеra
Топографија на Суматра
Топографија на Суматра
Географија
SumatraLocation.png
Локација Југоисточна Азија
Координати 0°00′ СГШ 102°00′ ИГД / 
Архипелаг Големи Сундски Острови
Површина 470.000 km²
Највисока точка Керинчи 3.805 m
Администрација
 Индонезија
Провинции Ачех, Бенгкулу, Џамби, Лампунг, Риау, Западна Суматра, Јужна Суматра, Северна Суматра
Најголем град Медан (2.392.922 (2003))
Демографија
Население 45 милиони (2005)
Густина 96/km²
Народи Ачеси, Батаци, Минангкабау, Малајци

Суматра (индонезиски: Sumatera) е индонезиаки остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 km² Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Највеќе имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.

Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра (3.805 метри). Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источна половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е одалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.

Цунами со височина од 15 метри, произлезени од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено провинцијата Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.

На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлотира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.

Природа [уреди]

На Суматра живеат 201 вид на цицачи и 580 видови на птици. На островот има 9 ендемски видови на цицачи и уште 14 на околните острови. Од тие видови највеќе се истакнуваат: суматрански тигар, суматрански орангутан, суматрански носорог, суматрански слон, малајски тапир, овошен лилјак и други. Има и 17 ендемски растителни видови (најголемиот цвет на светот: Rafflesia arnoldii).

На островот постојат 10 национални паркови од кои три припаѓаат на листата на Светското културно наследство.

Провинции [уреди]

Суматра е поделена на 10 провинции, од кои само Ачех имна статус на посебен регион.

Надворешни врски [уреди]


Суматра

0°00′ СГШ 102°00′ ИГД /