Јава

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај
Оваа страница се однесува на индонезискиот остров Јава. За друго значење видете Јава (појаснување).

Јава (127.000 km²), остров во Малајскиот Архипелаг, група Големосундски Острови, во состав на Индонезија. Лежи непосредно јужно од Екваторот, меѓу Јаванското Море на север и Индикот на југ. Во правец исток - запад се протега на околу 1.000 km. На половината од островот се простираат планини со стотина вулкани, од кои 30 активни. Највисок врв е вулканот Семеру со 3.676 m. Многу густо населен остров со околу 125 мил. жители. Поголеми градови: Џакарта, Бандунг, Богор, Јогјакарта, Маланг, Семаранг, Сурабаја, Суракарта. Други големи острови се Суматра, Бали.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици