Обединета нормативна податотека
Од Википедија, слободната енциклопедија
Обединетата нормативна податотека (германски: Gemeinsame Normdatei, крат. GND) е меѓународна нормативна податотека во која се организирани лични имиња, предметни определници и здруженија од разни библиотечни каталози. It Наменета е првенствено за документација во библиотеки и архиви. Со неараководи Германската национална библиотека (DNB) во соработка со разни библиотечни мрежи. Правата на GND се водат под лиценцата Криејтив комонс Нула (CC0).[1]
Содржина |
Видови на единици во GND [уреди]
Обединетата нормативна податотека е пуштена во април 2012 и ги здружува содржините на следниве нормативни податотеки (сега укинати):
- Нормативна податотека на лични имиња (Personennamendatei; PND)
- Обединета нормативна податотека на здруженија (Gemeinsame Körperschaftsdatei; GKD)
- Нормативна податотека на клучни зборови (Schlagwortnormdatei; SWD)
- Податотека на единствени наслови на Германскиот музички архив (Einheitssachtitel-Datei des Deutschen Musikarchivs; DMA-EST)
На нејзиното започнување (5 април 2012), GND содржи 9.493.860 податотеки, од кои 2.650.000 се однесуваат на лични имиња.
Постојат шест вида на единици во GND:[2]
| Вид | Германски (официјално) | Превод |
|---|---|---|
| p | Person (individualisiert) | личност (поединец) |
| n | Name (nicht individualisiert) | личност (име) |
| k | Körperschaft | здружение |
| v | Veranstaltung | настан |
| w | Werk | дело |
| s | Sachbegriff | поим |
| g | Geografikum | место |
Поврзано [уреди]
- Виртуелна меѓународна нормативна податотека (VIAF)
- Контролен број на Конгресната библиотека (LCCN)
- LIBRIS - нормативна податотека на Кралската библиотека на Шведска
- Нормативна контрола
- Шаблон:Нормативна контрола
Наводи [уреди]
- ↑ Услуга за поврзани податоци на Германската национална библиотека (англиски)
- ↑ Entitätencodierung: Vergaberichtlinien (кратки списоци: стара и нова верзија)
Надворешни врски [уреди]
- Информации за Обединетата нормативна податотека (GND) (англиски)
- Пребарување преку OGND (англиски)
|