5 април

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
<< април >>
Н П В С Ч П С
1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30

5 април е 95-иот ден во годината според григоријанскиот календар (96-и во престапна година). Остануваат 270 денови до крајот на годината.

Настани:

1942  Во екот на Втората Светска војна Јапонија ја нападнала Шри Ланка.
1654  Со мирот во Вестминстер заврши Првата Англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скрши холандската надмоќност на море.
1955  Британскиот премиер Винстон Черчил поднесе оставка на функцијата. Неговото премиерско место го наследи шефот на британската дипломатија Ентони Идн.
1989  Виетнам соопшти дека до 30 септември 1989 година ќе ги повлече сите војници од Камбоџа што означи крај на меѓусебниот десетгодишен конфликт.
1992  Српските сили воспоставиле опсада на Сараево. Градот останал под опсада до 29 февруари 1996, што е најдолгата опсада во современата воена историја.
1998  Најдолгиот висечки мост на светот, мостот Акаши-Каикио во Јапонија, е отворен за сообраќај.
1999  Властите во Либија ги предадоа двајцата Либијци осомничени дека во декември 1988 година ја предизвикале експлозијата на американскиот патнички авион „Боинг 747“ над местото Локерби во Шкотска, при што загинаа 270 лица.

Родени:

1472  Бјанка Марија Сфорца, свата римска императорка.
1568  Папа Урбан VIII, римски папа.
1588  Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“ (п. 1679).
1899  Винсент Фереира Пастиња, мајстор по афро-бразилската боречка вештина капуера.
1900  Спенсер Трејси,американски филмски актер.
1908  Херберт фон Карајан, австриски диригент (п. 1989.).
1908  Бети Дејвис, американска актерка.
1947  Благој Истатов, македонски фудбалер.
1947  Глорија Макапагал-Аројо, претседател на Филипините.
1958  Глигор Бишев, мскедонски банкар.
1962  Кирсан Иљyмжинов, актуелен претседател на ФИДЕ и престедател на руската Република Калмикија.
1980  Мет Бонер, американски професионален кошаркар.
1985  Кристоф Вандевале, белгиски велосипедист.

Починале:

1794  Жорж Дантон, француски револуционер, противник на монархијата во Француската буржоаска револуција.
1987  Калипсо Налча, прва жена - професионална артистка во Македонија.


јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември