4 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
4 април е 94-иот ден во годината според григоријанскиот календар (95-и во престапна година). Остануваат 271 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1905 | Во Индија земјотрес во близина на Кангра однел најмалку 20.000 животи. |
| 1945 | Втората светска војна заврши на територијата на Унгарија, од каде што Црвената армија ги протера германските војски. |
| 1945 | Во Скопје излезе првиот број на весникот „Флака е влазеримит“ („Пламен на братството“), прво гласило на албански јазик во Македонија. |
| 1949 | Во Вашингтон, министрите за надворешни работи на САД и на 11 западноевропски држави го потпишаа Северноатлантскиот пакт (НАТО), со кој е создадена силна воено-политичка формација на западните сојузници. |
| 1968 | Борецот за правата на американците со афричко потекло, Мартин Лутер Кинг е убиен во Мемфис, САД. |
| 1969 | Во Хјустон, САД е извршена првата операција за вградување на вештачко срце во човековиот организам. Пациентот умрел по четири дена. |
| 1973 | Во Њу Јорк, САД официјално e отворен Светскиот трговски центар, целосно разурнат во терористичките напади на Ал-Каеда од 11. септември 2001. |
| 1975 | Мајкрософт е основан од Бил Гејтс и Пол Ален. |
| 1994 | Марк Андерсен и Џим Кларк го основале Нетскејп. |
Родени:
| 186 | Каракала, римски император (п. 217). |
| 1640 | Гаспар Санз, шпански композитор. |
| 1846 | Лотреамон, француски поет. |
| 1884 | Исороку Јамамото, воен адмирал, јапонски поморски командант (п. 1943). |
| 1927 | Томе Момировски, македонски раскажувач. |
| 1932 | Антони Перкинс, американски актер (п. 1992). |
| 1932 | Андреј Тарковски, руски режисер и сценарист (п. 1986). |
| 1947 | Салваторе Шарино, италијански композитор. |
| 1964 | Аким Селмани, поранешен член на ОНА. |
| 1976 | Емерсон Фереира, бразилски фудбалер. |
| 1979 | Хит Леџер, австралиски глумец (п. 2008). |
Починале:
| 1617 | Џон Непер, шкотски математичар (р. 1550). |
| 1929 | Карл Бенц, германски автоконструктор, пронаоѓач и инженер (р. 1844). |
| 1931 | Андре Мишлен, француски индустријалец, производител на автомобилски гуми (р. 1853). |
| 1968 | Мартин Лутер Кинг, американски борец за граѓански права и мир (р. 1929). |
| 1988 | Славјанка Влахчева, прва современа медицинска сестра во Македонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |
