Питер Венинг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Питер Венинг

Венинг на Трката околу Полска 2013
Лични податоци
Цело име Питер Венинг
Роден 5 април 1981 (1981-04-05) (33 г.)
Харкема, Холандија
Висина 1,86 м
Маса 68 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб Орика-ГринЕЏ
Дисциплина Друмски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за искачување
Аматерски клубови
2003 Рабобанк (стажант)
Професионални клубови
2004–2011
2012–
Рабобанк
ГринЕЏ
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
1 индивидуална етапа (2005)
Џиро д’Италија
2 индивидуални етапи (2011, 2014) + 1 ТТТ (2014)

Етапни трки

Трка околу Полска (2013)
Последна промена
18 мај 2014

Питер Венинг (холандски: Pieter Weening; р. 5 април 1981) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Орика-ГринЕЏ.[1]

Кариера[уреди]

2005[уреди]

Во 2005 Венинг победил на етапа на Тур де Франс. До денес, Венинг е последниот холандски етапен победник на Тур де Франс. По една од најтесните завршници на Тур некогаш, Венинг ја освоил осмата етапа пред Андреас Кледен. Во истата година освоил етапа на Трката околу Полска и завршил втор во генералниот пласман, само пет секунди зад победникот Ким Кирхен. По оваа успешна година бил прогласен за холандски велосипедист на годината.[2][3]

2011[уреди]

Без етапната победа на Трката околу Австрија, Венинг морал да чека шест години на својата следна голема победа. На Џиро д’Италија 2011, само еден ден по неутрализираната етапа поради смртта на Ваутер Вејлант, Венинг победил на етапата 5. Аналитичарите ја оцениле оваа етапа како „мини Џиро ди Ломбардија“.[4] Етапата завршувала на нагорнина и се протегала по неколку неасфалтирани делови (Страде Бјанки). Венинг бил најсилен на крајот од малото бегство и останал напред пред главната група. По етапна победа ја преземал розевата маичка. Освоената маичка добиена на подиумот ја предал на семејството на Ваутер Вејлант.[5]

На 10 август 2011 и по осум сезони со Рабобанк, Венинг ја напуштил екипата и заминал во новата екипа ГринЕЏ во нивната прва сезона во 2012.[6]

Достигнувања[уреди]

2002
2. ГП Вилереву
6. Краен пласман Тур де л’Авенир
2003
1. Краен пласман Јадранска магистрала
1. Етапа 2
9. Краен пласман Трка околу Австрија
10. Краен пласман Трка околу Долна Саксонија
2005
1. Етапа 8 Тур де Франс
2. Краен пласман Трка околу Полска
1. Етапа 6
9. Краен пласман Вуелта а Мурсија
2006
8. Краен пласман Критериум Интернасионал
2008
7. Краен пласман Реџо-Тур
2009
3. Краен пласман Вуелта а Мурсија
4. Краен пласман Трка околу Полска
6. Краен пласман Трка околу Австрија
1. Етапа 3
2010
2. Национално друмско првенство
5. Краен пласман Стер Електротур
8. Краен пласман Вуелта а Мурсија
10. Краен пласман Трка околу Австрија
2011
Џиро д’Италија
1. Етапа 5
Ја носел розевата маичка на четири етапи
6. Краен пласман Тур де Романди
2012
10. Краен пласман Трка околу Калифорнија
2013
1. Jersey yellow.svg Краен пласман Трка околу Полска
2. Краен пласман Тур де Лангкави
2. ГП Импанис-Ван Петегем
6. Краен пласман Трка околу Баскија
8. Краен пласман Енеко Тур
8. Амстел Голд Рејс
9. Трофео Сера де Трамунтана
2014
Џиро д’Италија
1. Етапа 1 (ТТТ)
1. Етапа 9

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди]

Гранд Тур 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013
Jersey pink.svg Џиро 24 45 38
Jersey yellow.svg Тур 72 93 128 63 72
Jersey red.svg Вуелта 59 61 44 88

СО = се откажал

Наводи[уреди]

  1. „Орика-ГринЕЏ (OGE) - АВС“. „Светска турнеја UCI“. Меѓународен велосипедистички сојуз. http://62.50.72.82/UCIBWS/(S(juhnxycdwbv5tbcixhvnfyby))/Teams/detail/en/ROA/2997. конс. 3 јануари 2014. 
  2. Pieter Weening wielrenner van het jaar (холандски)
  3. Gezocht:opvolger voor Weening (холандски)
  4. Cycling News (2 мај 2011). „Преглед на етапата 5“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/races/giro-ditalia-his/stage-5. конс. 6 мај 2011. 
  5. Cycling News (13 мај 2011). „Погребот на Вејлант закажан за среда“. „Cycling News“. Future Publishing Limited. http://www.cyclingnews.com/news/weylandts-funeral-scheduled-for-wednesday. конс. 13 мај 2011. 
  6. Обри, Џејн. „Венинг му се приклучи на ГринЕЏ“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 10 август 2011 (конс. 1 јануари 2012).

Надворешни врски[уреди]