Исидора Секулиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Исидора Секулиќ
Споменик на Исидора Секулиќ пред Педагошкиот факултет во Сомбор
Изворно имеИсидора Секулић
Роден/а16 февруари 1877
с. Мошорин (Тител), Австроунгарија
Починат/а5 април 1958
Белград, Југославија
Занимањеписателка
НационалностСрбинка
Исидора Секулиќ на поштенска марка

Исидора Секулиќ (српски: Исидора Секулић; 16 февруари 1877, Мошорин - 5 април 1958, Белград) — српска писателка и академик во САНУ.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Родена е на 16 февруари 1877 година во подножјето на Тителскиот брег, во бачкото село Мошорин кај Жабаљ. Детството го поминала во Земун, во Рума и Нови Сад. Се школувала во Нови Сад (Виша девојачка школа), Сомбор (Српска препарандија) и Будимпешта (Педагогиум). Работела како наставничка во Панчево, Шабац и Белград.

Творештво[уреди | уреди извор]

До крајот, и без остатоци, посветена на убавината на смислениот збор, писателката Исидора Секулиќ во текот на животот се стекнала со почит како најдобра, најобразувана и најпаметна Србинка на своето време. Познавач на повеќе јазици, и познавач на повеќе култури и подрачја на уметничко изразување, Исидора Секулиќ како писател, преведувач и толкувач на книжевни дела допрела во самата суштина на српскиот народен говор и неговиот уметнички израз, сметајќи го говорот и јазикот за културна смотра на народот. Пишувала за Бранко Радичевиќ, Ѓура Јакшиќ, Лаза Костиќ, Петар Кочиќ, Милан Ракиќ, Вељко Петровиќ, Иво Андриќ, Момчило Настасијевиќ и други.

Се пензионирала во 1931 година. Избрана е за дописен член на Српската академија на науките и уметностите на 16 февруари 1939, а за редовен член на Српската академија на науките на 14 ноември 1950, како прва жена академик. Починала на 5 април 1958 година во Белград.

  1. Потекло на зборот - Антологија на српскиот расказ I, Слово љубве - Буквибукс, Скопје, 2016, стр. 281.