Одбојка
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Одбојката е колективен спорт кој се игра на таков начин што две екипи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Поен се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.
Се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 поени, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 поени. При тоа, победничката екипа мора да има два поени разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број поени за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува се додека некоја од екипите не направи разлика од два поени.
[уреди] Правила и прописи
Полето за игра е правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите страни е широка најмалку три (3) метри. Слободниот простор за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум (7) метри мерено од површината на теренот.
Одбојката е спорт кој се игра помеѓу две екипи на терен поделен со мрежа.Постојат различни верзии, со што се нуди разновидност на играта. Целта на играта е топката да се префрли преку мрежата и да падне во противничкото поле, а воедно да се спречи таква акција од страна на противничката екипа.Екипата има право на три контакти за враќање на топката (со исклучок на блокот) Топката се уфрла во игра со сервис преку мрежа во противничкото поле од страна на серверот.Надигрувањето продолжува додека топката не падне во полето за замени, оди во аут или ако екипата не успее да ја врати на правилен начин. Во одбојката екипата победува во надигрувањето со освојување на поен. Ако екипата која е на прием на сервисот победи во надигрувањето, таа добива поен и да сервира, а играчите од таа екипа се поместуваат за едно место во правец на движење на стрелките на часовникот.
[уреди] Видете исто така
- Одбојкарска Федерација на Македонија
- Одбојкарска машка репрезентација на Македонија
- Одбојкарска женска репрезентација на Македонија