14 април
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | април | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
| 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
| 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
| 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
| 28 | 29 | 30 | ||||
14 април е 104-иот ден во годината според григоријанскиот календар (105-и во престапна година). Остануваат 261 денови до крајот на годината.
Настани:
| 1865 | Во театарот Форд во Вашингтон Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. |
| 1894 | Во Њу Јорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики, предвесник на филмот. |
| 1912 | Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њу Јорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. |
| 1915 | Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. |
| 1941 | Усташите, хрватска екстремно десничарска нацистичка и фашистичка организација, се задолжени за управувањето со Независната држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6. април истата година. |
| 1992 | Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. |
| 1994 | Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник - Ден на Царинската служба на Република Македонија. |
| 1995 | Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставија дипломатски односи. |
Родени:
| 1906 | Семјуел Бекет, ирски писател, драматург и поет. |
| 1907 | Франсоа Дувалие, хаитски диктатор |
| 1924 | Душко Малевски, македонски новинар. |
| 1945 | Ричи Блекмор, англиски гитарист. |
| 1954 | Брус Стерлинг, американски автор на научна фантастика. |
| 1957 | Михаил Плетњов, руски пијанист, диригент и композитор. |
| 1958 | Бранислав Саркањац, македонски социо-политички аналитичар. |
| 1981 | Ристе Наумов, македонски фудбалер. |
Починале:
| 1759 | Георг Фридрих Хендл, германскиот композитор. |
| 1930 | Владимир Мајаковски, руски писател |
| 1964 | Рејчел Карсон, американска екологистка |
| 1986 | Симон де Бовоар, француска писателка и философ. |
| 1997 | Видое Подгорец, македонски писател. |
| 2012 | Пјермарио Морозини, италијански фудбалер. |
Празници:
| * | Ден на Царинската служба на Република Македонија |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |