Диктатура

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Општествени уредувања

Дел од серијалот Политика

Список на општествени уредувања

Комунистичка држава
Непосредна демократија
Репрезентативна демократија
Апсолутна монархија
Уставна монархија
Мешовито управување
Уставна република
Парламентарна република
Социјалистичка република
Капиталистичка република
Портал Политика · уреди

Диктатурата, во современ контекст, се однесува на апсолутно владеење најчесто од страна на диктатор, владеење коешто не е ограничено од законите, уставот или некои други социјални и политички фактори.

Дефиниција[уреди]

Во класичен контекст зборот диктатор се однесува на "главен магистрат" којшто во древниот Рим во време на опасност добивал асолутна моќ. Нивното владеење не било ниту своеволно ниту неодговорно, туку тоа било во целост подлежно на законите. Подоцна во Римската империја се појавиле друг вид на диктатори којшто диктатори силата и моќта која што ја поседувале ја користеле своеволно односно за свои лични потреби. Примери за вакви владетели се принцепсите односно Римските Императори.

Диктаторите во модерно време се стремат кон тоа да ја користат моќта која што ја поседуваат во извршување на свои цели, не водејќи сметка на моралните односно етичките последици кои што тие акции ги предизвикуваат. Тие многу ретко доаѓаат на власт со помош демократски средства, најчесто до власта доаѓаат по пат насила односно револуции. Тие најчесто ги оправдуваат своите постапки велејќи дека ја користат силата и моќта која што ја поседуваат како би се справиле со некои тешкотии односно опасности, без разлика дали тие опасност биле реални или измислени. Диктаторите меѓутоа, многу ретко се откажувале од своите моќи и власта дури и тогаш и кога кризата односно опасноста ќе поминела. Понекогаш во недостаток од вакви кризи, диктаторите и нивните влади измислувале нови проблеми дако би можеле да останат на власт. Ваков е примерот со Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз.

Ваквите режими најчесто зе задржуваат на власт заради големиот страв којшто луѓето го чувствуваат во однос на владата. Диктаторите неретко ги користеле вооружените сили, пропагандата како и строгите казни во остварувањето на својата волја, воедно потиснувајќи го секое мислење коешто се разликувало од нивното. Диктаторите подржувани од војската често креирале еднопартиски системи во којшто немало избори или пак ако имало тие биле диктирани односно преставувале чиста формалност.

Постоењето на диктатурата најчесто се поврзува со тоа во колкава мера диктаторот е способен да ја примени силата како средство за принуда на граѓаните. Без користење насила ваквите диктатури најчесто се распаѓаат брзо по нивното доаѓање на власт. Модерните диктатури покрај силата и принудата ги користат и средствата за масовно комуницирање како алатка со која го контролираат народот. Во повеќе земји од кои како конкретен пример можеме да ја земеме Кина, владата ги контролира емитувањата низ целата земја, врши новинска и интернет цензура, а многу често едноставно ги казнува оние што се спротивставуваат.

Голем број на култури под влијание на диктатурите поттикнуваат нешто што се нарекува "култ на личноста", каде што медиумите не смо што се контролирани од страна на владата, туку тие служат како медиум преку кој се воздигнуваат како владата така и нејзиниот лидер. Во нацистичка Германија сликите на Адолф Хитлер биле поставувани скоро на секоја зграда, во времето на Садам Хусеин цели музеи во Ирак биле преплавувани со цртежи, слики и скулптури на нивниот лидер. Ова е само мал дел од огромниот број на вакви примери.

Постојаната потреба за злоупотребување на апсолутната власт уште и се нарекува мегаломанија. Владите којшто поседуваат односно ја злоупотребуваат апсолутната моќ често се нарекуваат тоталитаристички, термин којшто своето потекло му го должи на Бенито Мусолини, италијанскиот фашистички диктатор. Овој термин се користи како за десничарскиот тип на диктатура, авторитарната диктатура, така и за левиот тип на диктатура (марксистичкиот) односно "диктатура на пролетаријатот."

Некои диктатури во голема мера се поддржани од јавноста, таков е примерот со Нацистичка Германија. Овие режими ги користат периодите на смирување после граѓански војни или економските кризи за да дојдат односно, за да ја зацврстат својата власт. И повторно овие режими ги оравдуваат своите постапки велејќи дека тие се нужни за пребродувањето на некоја криза, па дури и откако таа криза ке биде пребродена. Покрај поддршката која што ја даваат на владата луѓето со текот на времето почнуваат да тежнеат кон добивање на поголеми слободи, па од овие причини диктаторите се принудени да бараат нови начини за преживување. Ваков е примерот со комунистичките режими од бившиот Советски блок којшто во почетокот уживале голема поддршка кај народот.

Видови на диктатури[уреди]

Диктатурите грубо може да се поделат на два вида: диктатури којшто имаат тоталитарна идеологија и диктатури којшто и немаат некој идеолошки мотив, иако постојат случаи кога диктатурата преставува мешавина на овие два вида. Режимите во развиените земји најчесто се базирани на некоја идеологија, вакви биле режимите во нацистичка Германија и Советскиот Сојуз. Другите спаѓаат во воени диктатури и нивна главна цел е што подолгото задржување на власт. За време на Студената војна, многу земји подржувани од западот се развиле во воени диктатури, ваков е случајот со Аугусто Пиноче во Чиле. За разлика од двете групи, режимот на фашистот Франциско Франко во Шпанија не може да се вброи во ниту една од овие категории.

Диктатури во историјата[уреди]

Во периодот помеѓу двете светски војни, фашистичките режими, Мусолини во Италија и Хитлер во Германија, во себе ги вклучиле принципите на диктаторство, еднопартиски систем, масовна мобилизација како и прекумерната употреба на полициска и воена сила. Фашистичката диктатура потекнува од 1922 и за прв пат се појавила во Италија, но подоцна во 1933 била прифатена и од Германија како и од голем број на други фашистички и квази фашистични влади во Европа. Фашистичката диктатура го доживува својот колапс по поразот на силите на Оската во Втората Светска војна.

Исто така во периодот помеѓу двете светски војни Јосиф Сталин во Советскиот Сојуз ги спојува диктатурата, еднопартискиот систем, масовната мобилизација и употребата насила во еден цврст режим. Сталин е првиот модерен диктатор којшто го креирал "култот на личноста" околу себе. Советскиот Сојуз излезе како победник од Втората Светска војна и влезе во нова фаза по смртта на Сталин, фаза во која диктатурата се промени од диктатура на еден човек во колективна диктатура.

По завршувањето на Втората Светска војна, во голем број од новоослободените земји беа воспоставени диктаторски режими. Во повеќето од бившите афрички и азиски колонии, по изборувањето на својата независност во периодот на деколонизацијата, преседателските режими постепено се трансформираа во лични диктатури. Овие диктатури се покажаа нестабилни, па така диктаторите беа често рушени односно заменувани. Воените диктатури беа многу чести, особено во Јужна Америка, Аугусто Пиноче во Чиле, како и во Африка, Мобуту Сесе Секо во Заир.

Колапсот на комунизмот во 1989-1990 доведе до колапс на голем број на диктатури во источна Европа. Меѓутоа многу од државите којшто произлегоа од распаднатиот Советски Сојуз беа контролирани од авторитарни лидери, како што е примерот со Сапармурат Нијазов во Туркменистан. Дел од овие лидери беа мирно сменети преку таканаречените "обоени револуции" во 2004-2005, меѓутоа ваквиот режим во Узбекистан не заврши така мирно, тамо беа масакрирани наколку илјади луѓе. Треба да се спомне и фактот дека во неки земји како што се Кина, Северна Кореја, Лаос и Виетнам комунистичките режими не беа срушени и тие сѐ уште постојат. Многу автократски лидери сѐ уште контролираат земји во Африка, Роберт Мугабе во Зимбабве, но со одреден степен на демократија.