Аугусто Пиноче

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аугусто Пиноче
Pinochet2.jpg

Во служба
17 декември 1974 – 11 март 1990
Претходник Салвадор Алјенде
Наследник Патрицио Ајлвин

претседател на воената хунта на Чиле
Во служба
11 септември 1973 – 11 март 1981
Наследник Хозе Торибио Мерино

58. началник на Генералштабот на Чилеанската армија
Во служба
23 август 1973 – 11 март 1998
Претходник Карлос Пратас
Наследник Рикардо Изуриета
Лични податоци
Роден(а) Аугусто Хозе Рамон Пиноче Угарте
25 ноември 1915(1915-11-25)
Валпараисо, Чиле
Починал(а) 10 декември 2006(2006-12-10) (на 91 год.)
Сантјаго, Чиле
Националност Чилеанец
Сопружник Лусија Хириарт (1943-2006)
Деца Инес Лусија Пиноче
Марија Вероника Пиноче
Жаклин Марија Пиноче
Аугусто Освладо Пиноче
Марко Антонијо
Образование Чилеанска воена академија
Занимање политичар
Струка војник
Вероисповед католик
Потпис Потпис на
Воена служба
Припадност  Чиле
Род Чилеанска армија
Служба 1931 - 1998
Чин капетан - генерал
Единица "Chacabuco" полк
"Maipo" полк
"Carampangue" полк
"Rancagua" полк
1-ва армиска дивизија
Заповедник на "Esmeralda" полк
2-ра армиска дивизија
6-та армиска дивизија
Воениот гранизон во Сантјаго
Чилеанска армија

Аугусто Хозе Рамон Пиноче Угарте (шпански: Augusto José Ramón Pinochet Ugarte), познат како Аугусто Пиноче (25 ноември 1915 - 10 декември 2006), бил чилеански армиски генерал и диктатор кој ја презел власта со државниот удар од 11 септември 1973 година. Тој бил началник на Генералштабот на Чилеанската армија (1973-1998 година), претседател на владината хунта на Чиле (1973-1981 година) и претседател на Чиле од 1974 до 1990 година кога ја предал власта на демократски избраниот претседател Патрицио Ајлвин.

До почетокот на 1972 година, Пиноче бил општ началник на Генералштабот на Чилеанската армијата. На 23 август 1973 година бил унапреден во главен началник на началник на Генералштабот на Чилеанската армијата од страна на претседателот Салвадор Алјенде[1]. На 11 септември 1973 година, Пиноче го предводел државниот удар со кој биле соборени претседателот Салвадор Алјенде и социјалистичката влада. Во декември 1974 година, воената хунта го назначила за свој претседател, меѓутоа воздухопловни сили на генералот Густаво Гузман не се согласувале со тоа [2].

Од самиот почеток, хунтата спроведувала остри мерки против своите политички противници [3]. Според различни извештаи и истражувања околу 1.200-3.200 биле убиени, околу 80.000 биле интерниран и околу 30.000 луѓе биле измачувани од страна на неговиот режим, вклучувајќи жени и деца [4][5][6][7].

Под влијание либералните чилеанските економисти познати како The Chicago Boys, Пиночевиот режим започнал со спроведување на серија на економски реформи, стабилизација на валутата, тарифно кратење, отворање на пазарите на Чиле за глобалната трговија, приватизација на социјална сигурност, приватизацијата на стотици индустрии кои биле под контрола на државата. Овие политики довеле до т.н Чилеанско економско чудо. Економските политики на Пиноче се продожени и засилени од владите кои го наследиле по возбновувањето на демократијата во 1990 година, Чиле денес има најстабилна економија во Латинска Америка, иако некои од експертите го оспоруваат наследство од реформите на Пиноче [8].

Пиночевиот режим добил законска основа преку контроверзниот плебисцит од 1980 година, кога бил донесен нов Устав изготвен од страна на владина комисија. Плебисцитот од 1988 година (во кој 56% гласови биле против продолжување на Пиночевата власт), доведоа до демократски избори за претседател и Парламентот. По мирното повлекување од чело на државата во 1990 година, Пиноче продолжил да ја извршува должноста началник на Генералштабот на Чилеанската армија до 10 март 1998 година, кога станал доживотен сенатор, според устaвот од 1980 година донесен од неговиот режим.

Во 2004 година, чилеански судија Хуан Гузман Тапија пресудил дека Пиноче е здраствено способен да одговара пред суди и го сместил во домашен притвор [1]. По Пиночевата смрт, 10 декември 2006 година, во Чиле сеуште се водат околу 300 кривични пријави против него, за бројни прекршувања на човековите права, даночно затајување и проневера за време на неговото 17 годишно владеење и потоа [9]. Пиноче беше обвинет за коруптивно стекнување на богатство од висина од 28.000.000 $ или повеќе [10].

Потекло и образование[уреди]

Пиноче е роден во Валпараисо. Неговиот татко Аугусто Пиноче Вера бил потомок на бретонски имигранти, а неговата мајка Авелина Угарте Мартинез имала баскиско потекло [11]. Се образувал во Семинаријата Сан Рафаел во Валпараисо, Институтот Рафаел Аритзија во Куљота, Школата Француски Отци во Валпараисо, а во 1931 година се запишал при военото училиште во Сантијаго. Во 1935 година, по четири години на студии, дипломирал со ранг на alférez потпоручник во пешадијата.

Воена кариера[уреди]

Аугусто Пиноче (околу 1933 год.)

Во септември 1937 година, Пиноче бил назначен во "Chacabuco" полкот, во Консепсион. Две години подоцна, во 1939 година, бил унапреден во подполковник и бил преместен во "Maipo" полкот, при воениот гранизонот во Валпараисо. Се вратил во пешадиското училиште во 1940 година. На 30 јануари 1943 година, тој се оженил Лусија Хириарт Родригез, со која имал пет деца: Инес Лусија, Марија Вероника, Жаклин Мари, Аугусто Освалдо, и Марко Антонио.

Кон крајот на 1945 година, Пиноче бил назначен во "Carampangue" полкот во северниот град Икике. Три години подоцна, се запишал во Воената академија, меѓутоа морал да ги одложи своите студии, бидејќи, како најмлад офицер, морал да изврши мисија во јагленската област Лота. Следната година ги продолжил студии во Академијата, по добивањето на чинот офицер началник на Генералштабот, во 1951 година, се вратил да предава во воено училиште. Истовремено работел како помошник на помошниците на Академијата, предавајќи воена географија и геополитика. Бил активен како уредник на списанието Cien Águilas ("Сто орли"). На почетокот на 1953 година, со ранг мајор, бил испратен во полкот "Rancagua" во Арика. Додека е таму, бил назначен за професор на Воената академија, и се вратил во Сантијаго да ја преземе новате позиција [1].

Пиноче на воена обука во 1934 година

Во 1956 година, Пиноче и група на млади офицери биле избрани да формираат воена мисија која требало да соработува со Воената академија на Еквадор во Кито. Останал во Кито три и пол години и се посветил на проучување на геополитиката, воена географија и разузунување. Кон крајот на 1959 година се вратил во Чиле и бил назначен во Главниот штаб на 1-та армиска дивизија со седиште во Антофагаста. Следната година, бил назначен за командант на полкот "Esmeralda".

Поради постигнатиот успех, бил назначен за заменик директор на Воената академија во 1963 година. Во 1968 година, бил именуван за началникот на штабот на 2-та армиска дивизија, со седиште во Сантијаго, кон крајот на таа година, бил унапреден во бригаден генерал и врховен командант на 6 - та дивизија. Исто така бил назначен за гувернер на провинцијата Тарапака. Во јануари 1971 година, Пиноче бил унапреден во генерал на дивизија и е назначен за главен командант на воениот гарнизон Сантијаго.

Во почетокот на 1972 година, бил назначен за општ началникот на Генералштабот на Чилеанската армија. По зголемените турбуленции во Чиле, генералот Пратс поднел оставка на неговата позиција и Пиноче бил назначен за за Главен Командант на Армијата на 23 август, 1973 година од страна на претседателот Салвадор Алјенде. Помалку од еден месец подоцна, Алјенде бил соборен.

Воен удар[уреди]

Чилеански државен удар од 1973 година[уреди]

Бомбардирање на палатата La Moneda

На 11 септември 1973 година на чилеанските вооружените сили (пешадијата, морнарицата, воздушни сили и карбиењерите) ја собориле владата Салвадор Алјенде со државен удар. Претседателската палата La Moneda била бомбардирана, а Алјенде извршил самоубиство [12].

Во своите мемоари Пиноче, дека тој бил водечкиот заговорник на државниот удар и ја искористил својата позиција, главен началник на Генералштабот, за да ги координираа акциите со другите две гранки на војската и националната полиција. Новата влада затворила илјадници луѓе во националниот стадион Julio Martínez Prádanos, каде што многумина биле убиени, со што започнала бруталната репресија која траела со децении [13].

Во месеците, што следувале по државниот удар, Хунта, објавила книга под наслов El Libro Blanco del cambio de gobierno en Chile, попозната како El Libro Blanco, подготвена од историчарот Гонзало Флакон и адмиралот Патрицио Карвајал.

Целта на оваа книга е да се оправда државниот удар, со аргументи дека воените офицери дејствувале за да го спречат наводниот обид за државен удар од страна на соборениот Алјенде и неговите приврзаници. Разузнавачките агенции на САД верувеле дека таквите информации се неточни и преставуваат пропаганда [14]. Меѓутоа, иако таквите тврдења се оценети како политичка пропаганда [15], некои чилеански историчари укажуваат дека приврзаниците на Алјенде имале план за паравоено дејсвување [16], надвор рамките на уставот. Канадскиот новинар Жан Карпентиер од Télévision de Radio-Canada, бил првиот странски новинар кој го интервјуирал Пиниче по државниот удар [17].

Интервенција на САД во Чиле[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Интервенција на САД во Чиле.

Соединетите Американски Држави ослободиле финансики и материјални средства за воениот режим по државниот удар, иако тоа било критикувано од јавност. Според еден документ издаден од страна на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) во 2000 година, насловен како "Активности на ЦИА во Чиле", открива, дека ЦИА активно ја поддржувала воената хунта по соборувањето на Алјенде, а многу офицери на Пиноче се наоѓале на платените списоци на ЦИА или американската војска, иако за некои од нив постоеле иформации дека биле вклучени во кршењето на човековите права [18].

ЦИА одржувала контакти со чилеанската разузнавачка служба ДИНА, а нејзините лидери, под директна команда на Пиноче, предводеле мултинационална "антикомунистичка кампањата" позната како операција Кондор, во текот на која биле извршени повеќе атентати врз истакнати лево настроени политичари и активисти во различни земји во Латинска Америка, Вашингтон и Европа.

Веднаш по државниот удар, ЦИА воспоставила контакт Мануел Контрарас директорот на ДИНА, пред официјалниот трансфер на претседателските овластувања за Пиноче. Во 1975 година, ЦИА ги разгледала предупредувањата дека исползувањето на Контрарас може да предизвика проблеми оклу одржувањето на човековите права во регионот, меѓутоа сепак решиле да го користат во иднина, а во еден период тој се нашол на нивниот платен список.

Воена хунта[уреди]

Дејност[уреди]

Цезар Мендоза Дуран
Пиноче со офицерите, по државниот удар

Веднаш по државниот удар била формирана воена хунта. Во неа влегле Пиноче како претставник на армијата, Хозе Торибио Мерино Кастро претставник на морнарицата, Густаво Гузман претставник на воздухопловните сили и Цезар Мендоза претставник на карбињерите (националната полиција).

Хунтата во свои раце ги презела извршните и законодавните функции на Владата, а биле суспендирани Уставот и Конгресот. Хунтата вовела строга цензура и биле забранети сите политички партии со што замрела сета политичка активност во Чиле.

Веднаш по државниот удар, хунтата започнала да се пресметува со своите левичарски противници. Околу 3 000 биле убиени, околу 27 000 луѓе биле затворени [19], а врз голем број била извршена тортура. Многумина биле протерани надвор од државата, меѓутоа политичките бегалци биле следени од тајна полиција ДИНА.

Воената хунта ја држела во свои раце извршната власт се до 17 декември 1974 година, по што станало исклучиво законодавно тело, а извршната власт била пренесена на Пиноче кој ја зазел функцијата претседател.

Членови[уреди]

Првобитните членови на Воената хунта. Од десно кон лево:Густаво Гузман, Пиноче, Хозе Торибио Мерино Кастро и Цезар Мендоза Дуран
Ја претставуваат Име Ја презеде функцијата Ја напушти функцијата
Армија Аугусто Пиноче 11 септември, 1973 11 март, 1981
Цезар Бенавидеос Ескобар 11 март, 1981 11 март, 1983
Јулијо Канеса Робертс 11 март, 1983 11 март, 1985
Хумберто Гордон Рубијо 11 март, 1985 11 март, 1987
Сантијаго Синклер Ојанедел 11 март, 1987 11 март, 1989
Лукар Фигуера 11 март, 1989 11 март, 1990
Морнарица Хозе Торибио Мерино Кастро 11 септември, 1973 8 март, 1990
Хорхе Мартинез Буш 8 март, 1990 11 март, 1990
Авијација Густаво Гузман 11 септември, 1973 24 јули, 1978
Фернандо Матеј Аубел 24 јули, 1978 11 март, 1990
Карбиењери Цезар Мендоза Дуран 11 септември, 1973 2 август, 1985
Родолфо Станге Оелкерс 2 август, 1985 11 март, 1990

Чиле под Пиноче[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Чиле под Пиноче.

Зацврстување на власта[уреди]

Пиноче во Сан Бернардо
Пиноче ја отпоздравува почесната гарда

Членовите на хунтата, првично планирале претседателската функција да ротира помеѓу командантите на четирите воени гранки. Меѓутоа, Пиноче успеал да ја зацврстил својата позиција, најпрво го задржал претседателство над воената хунта, а на 27 јуни 1974 година, себе се прогласил за "Врховен водач на нацијата" (de facto provisional president). На 17 декември 1974 година, официјално ја сменил својата титула во "претседател". Генералот Густаво Гузман, команант на воздухопловните сили, се спротиставил на Пиноче, меѓутоа на 24 јули 1978 година бил принуден да се пензионира, по контрадикторниот Пиночев плебисцит. Тој бил заменет од страна на Генералот Фернандо Maтеј.

На 11 септември 1980 година, Пиноче организирал референдум. Од Чилеанците било побарано да го ратификуваат новиот Устав, кој требало да го замени стариот, донесен во 1925 година за време на претседателствувањето на Артуро Алесандри. Новиот Устав, делумно изготвен од страна на Џејми Гузман близок советник на Пиноче и иден основач на десничарска партија Независна демократска заедница, давал голема концентрација на моќ во функцијата претседател на Републиката, држана од страна на Пиноче. Биле создадени нови институции, како што е Конститутивниот Трибунал и контроверзниот Националнен совет за безбедност. Претседателскиот мандат со новиот Устав траел 8 години.

Уставот бил одобрен со референдумот со 67,04% - за и 30,19% - против [20] иако опозицијата истакнала дека има бројни нерегуларности. Овие критики биле одбиени од страна на Надзорната комисија, а Уставот бил изгласан на 21 октомври 1980 година и стапил во сила на 11 март 1981 година. Пиноче како претседател на воената хунтата бил заменет на адмиралот Мерино. Новиот устав ја зацврстил моќта на Пиноче, а референдумот ја легегализирал неговата власт.

Герилски отпор[уреди]

Pinochet en Historia Política BCN.JPG
Пиноче врши смотра на чилеанската армија

По државниот удар, левоориентирани организации се обиделе да формираат оружени групи за борба против Пиночевиот режимот. Некои од нив, познати како ГАП (Grupo de Amigos Personales), претходно работеле како телохранители на претседателот Алјенде. Многу активисти создале групи на отпорот меѓу бегалците во странство. Во декември 1982 година било формирано движењето MJL, а Комунистичката партија на Чиле формирала свое воено крило, кое во 1983 година се претворило во Патриотски фронт Мануел Родригез.

Во големата операција предводена од чилеанските армиски паракомандоси, околу 2 000 војници [21], биле распоредени во планините на Нелтуме во периодот од јуни до ноември [22], каде што тие уништиле две бази на Револуционерното левичарско движење, запленувајќи поголема количина на муниција и убиваќи одреден број на герилци. Во извештај од 1985 година, Интер-американската комисија за човекови права изјавила дека се надева дека "случајот кој е во тек ќе доведе до идентификација и казнување на лицата одговорни за извршувањето на тој чин." [23]. Слетствено, шест припадници на тајна служба биле осудени на доживотен затвор.

Според Озрен Агниќ Крстуловиќ, противниците на Пиноче успеале да прошверцуваат пластичен експлозив, RPG-7 и M72 LAW ракетни лансери, како и повеќе од три илјади М-16 пушки [24]. Според истиот извор, оружјето во септември било искористено во неуспешниот обид за атентат врз Пиноче од страна на Патриотски фронт Мануел Родригез. Изненадени, петмина од Пиночевите телохранители биле убиени. Иако блиндираниот Мерцедес Бенц на Пиноче бил погоден со ракета, тој не експлодирал, а Пиноче само со полесни повреди, успеал да избега [25].

Елементи на фашизам[уреди]

Пиночевиот режим од страна на некој автори е окарактеризиран како фашистички. На пример, автор Самуел Чавкин, во својата книга Бура над Чиле: хунтата под опсада, Пиноче и воената диктатура ги дефинира како фашизам [26]. Меѓутоа, Пиноче и неговиот режим од страна на научните кругови најчето не се окарактеризираат како фашистички [27][28][29][30]. Роџер Грифин го вбројува Пиноче во групата на псевдо-популистички деспоти: Садам Хусеин, Сухарто, и Фердинанд Маркос, дистанцирајќи го од фашизмот. Ана Центо Бул, исто така, го дистанцира Пиночевиот режим од фашизмот и го дефинира како антикомунистички, кој имал елементи на неофашизам [29]. Јакобо Тимерман ја нерекува чилеанската армија под пиноче како последната Пруска армија во светот [31], укажувајќи на пред-фашистичкото потекло на моделот на воената влада на Пиноче. Пиночевиот режим има голем број на сличности со владеењето на Франциско Франко и Франкова Шпанија, имено фашизмот се стреми да го трансформира општеството и да воведе нови вредности, нов вредносен сиситем, додека пак Франковиот и Поночевиот режим се залагале за конзервирање на постојните општестевни норми и вредности, користејќи слични методи и средства. Во голема мера, Пиночевиот режим е авторитарен.

Политичко угнетување[уреди]

Портрет на Пиноче
Генералите Серџо Арелано Старк и Аугусто Пиноче неколку часа пред заминувањето на Караванот на смртта (септември 1973)

Веднаш по државниот удар, Хунтата ги забранила сите левичарски партии кој ја сочинувала коалицијата на Алјенде [32], а останатите партии добиле забрана за дејствување на неопределено време, но подоцна целосно биле забаранети. Политичкото угнетување било насочено кон дисидентите, политичките противници, нивните семејства и други цивили [32].

Според извештајот Rettig, 2 279 лица кои исчезнале за време на воената власт, биле убиени од политички причини или како резултат на политичко насилство, според извештајот Valech - 31 947 биле мачени, а 1 312 биле протерани. Политичките противници на режимот кој биле протерани или се засолниле во некоја од странските држави, биле проследувани од страна на разузнавачките агенции. Во Латинска Америка, чилеанската тајна служба, во соработка со различните разузнавачки агенции на јужноамерикански држави, учествувала во спроведувањето на операцијата Кондор со помош на ЦИА. Пиноче верувал дека овие операции се неопходни за да се "спаси земјата од комунизмот" [33].

Во 2011 година, биле идентификувани 9 800 дополнителни жртви на политичка репресија на Пиночевиот режим, со што вкупниот број се искачил на 40 018 жртви, вклучително и 3 065 убиени [34]. Еден од најкрваите настани се случил за време на раниот период, во октомври 1973 година, кога најмалку 70 луѓе биле убиени од страна на чилеанскиот армиски одред на смрта, познат како Караван на Смрта (Caravana de la Muerte), предводен од бригадниот генерал Серџо Арелано. Во 1973 година, исчезнале многумина, меѓу нив биле американскиот новинар Чарлс Хорман и Виктор Олеа Алегрија, член на Социјалистичката партија. Покрај тоа, многу други важни претставници од владата Алјенде биле следени од страна на ДИНА во рамките на операцијата Кондор. Генералот Карлос Пратас, претходник на Пиноче и армиски командант под Алјенде, кој поднел оставка и не ја подржил акцијата против Алјенде, бил убиен во Буенос Аирес, Аргентина, во 1974 година. Меѓу жртвите бил и Орландо Летериер , поранешен чилеански амбасадор во САД и министер во кабинетот на Алјенде, тој бил убиен по неговото ослободување од интернација и егзил во Вашингтон, со автомобил-бомба на 21 септември 1976 година.

Чилеанско економско чудо[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Чилеанско економско чудо.
Чиле (сина) и просечна Латинска Америка (портокалова) БДП по глава на жител (1950-2007).

Во 1973 година, Чилеанската економија била во тешка состојба поради неколку причини: експропријацијаta на 600 бизниси од страна на владата на Алјенде, државниот протекционизам, економските санкции наметнати од страна на Никсоновата администрација [35], инфлацијата бил 1000%, државата немала девизни резерви, а БДП паѓал [36].

До средината на 1975 година, Пиночевиот режимим утврдил нова економската политика врз принципите на слободен пазар, а биле предвидени и реформи со кои требало да се запре инфлацијата и колапсот. Пиноче изјавил дека не сакал Чиле да стане нација на пролетери, туку нација на поединци [37]. Во формулирањето на економската политика, Пиночевиот режим бил под влијание на чилеанските економисти познати како Chicago Boys.

Економската политика на Пиночевиот режим се потпирал врз средната класа, на олигархијата, големи странски корпорации, како и странските заеми[38]. Бизнисот обновил поголем дел од изгубените инустрии и земјоделски имоти, хунтата дел од имотите ги вратила на првобитните сопственици кои ги изгубиле при експропријацијата, а дел биле продадени на приватни купувачи. Дошло до проширување на бизнисот и распростравување на шпекулацијата. Спроведувањето на реформите паднале врз грбот на најсиромашното население [39], платите се намалиле за 8%, [40], семејни надоместоци во 1989 година биле 28% во однос на 1970 година, а буџетите за образование, здравство и домување биле намалени за 20% во просек [40].

Финансиските конгломерати биле главните корисници на либералната економија и напливот на странските банкарски кредити. Меѓународните кредитни организации како што се Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд, а Интер-американската банка за развој повторно почнале да позајмуваат пари [40]. Многу странски мултинационални корпорации како што се ITT, Dow Chemical и Firestone се вратиле во Чиле [40]. Економската политика на Пиночевиот режим довел до значителен раст на БДП, за разлика од негативниот видлив во раните години на неговото владеење. Меѓутоа, надворешниот долг, се зголеми значително за 300% помеѓу 1974 и 1988 година.

Неговата влада спроведува економски политики кој имале три главни цели: економска либерализација, приватизација на државните компании и стабилизирање на инфлацијата. Во 1985 година, владата започнала со втор круг на приватизацијата, зголемување на тарифите и поголема надзор улога на Централната банка. Економската либералзиација продолжила и по смрта на Пиноче [8].

Дипломатија[уреди]

Држави во Јужна Америка.

Изразениот антикумунизам на Пиночевиот режим бил основа за сојуз со останатите воени диктатури во Боливија, Бразил, Парагвај, Уругвај, а подоцна и Аргентина. Овие држави создале план кој станал познат како операција Кондор, кој имал за цел ликвидација на левичарските политички бегалци и герилци од страна на безбедносните служби во државите каде тие нашле прибежиште [41]. Владата Пиноче доби премолчено одобрение и материјална поддршка од САД.

Пиноче ги прекинал дипломатските односи со Куба, кои биле воспоставени од Алјенде. Накратко по државниот удар, неколку комунистички земји, вклучувајќи ги Советскиот Сојуз, Северна Кореја, Северен Виетнам, Источна Германија, Полска, Чехословачка, Унгарија, Бугарија, и Југославија, ги прекинале дипломатски односи со Чиле (меѓутоа, Романија и Кина ги продолжиле своите дипломатски односи со Чиле) [42]. Пиноче ги прекинал дипломатски односи со Камбоџа во јануари 1974 година[43], а ги обновил врските со Јужна Кореја во октомври 1973 година и Јужен Виетнам во март 1974 година[44]. Пиноче присуствувал на погребот на генералот Франциско Франко, кон крајот на 1975 година.

Пиноче се нашол во ситуација да биде нападнат од Аргентина (исто така управуван од страна на воената власт) поради територијален спор, Аргентинската хунта ја започнала операцијата Соберанија на 22 декември 1978 година, меѓутоа до отворена војна не дошло. Односите повторно станале напнати по Аргентинската инвазија врз Фолкландските Острови. Чиле, заедно со Колумбија, биле единствените земји од Јужна Америка кој ја осудиле Аргентина. Во текот на војната, Пиноче ја помогнал Велика Британија. Односите помеѓу Чиле и Аргентина се подобриле со договорот за мир и пријателство од 1984 година.

Во 1980 година, дипломатските односите помеѓу Чиле и Филипини (тогаш под диктатура на Фердинанд Маркос) биле прекинати. Маркос го поканил Пиноче во официјална посета на Филипините, меѓутоа под притисок на Соединетите Американски Држави - кои сакале да го изолираат Пиночевиот режим, не дозволил да слета авионот на Пиноче [45]. Односите меѓу двете земји биле обновени во 1986 година, по соборувањето на Маркос.

Соединетите Американски Држави дале материјална поддршка за воениот режим по државниот удар, иако во јавноста го критикувале. САД во 1976 година, по убиството на Орландо Летериер во Вашингтон, вовеле ембарго на оружје за Чиле, кое останало во сила се до враќањето на демократијата во 1989 година. Францускиот новинар Мари-Моник Робин истакнала дека француската влада на Валери Жискар Естатинг тајно соработувала со Аргентинската хунта и Пиночевиот режим [46].

Референдумот од 1988 година[уреди]

Пиноче во цивилна облека

Според преодните одредби на Уставот од 1980 година, бил закажан референдум за 5 октомври 1988 година, за изгласување на нов осумгодишен претседателски мандат за Пиноче. Соочен со засилувањето на опозицијата и критиките од меѓународно ниво, Пиноче ги легализирал политички партии во 1987 година и повикал на референдум за да се утврди дали тој ќе остане на власт до 1997 година. Ако референдумот бил позитивен, Пиноче ќе останел на власт како претседател, во спротивно требло да ја напушти претседателската функција и за една година требало да бидат закажани претседателски и парламентарни избори.

Друга причина која влијаела врз Пиноче за одржување на референдумот е посетата на папата Јован Павле II во април 1987 година на Чиле. Според авторот Џорџ Вајгел, папата Јован Павле II во текот на средбата со Пиноче побарал режимот да се отвори за демократските процеси и дури побарал негово повлекување од функцијата претседател [47].

Политичко рекламирање било легализирано на 5 септември 1987 година, како неопходен елемент за кампања "НЕ" на референдумот, која се спротивставила на официјалната кампања на Пиночевите приврзаници. Опозицијата се обединила во коалицијата Concertación de Partidos por el NO, формирана од Демохристијанската, Социјалистичката и Радикалната партија. На 5 октомври 1988 година, опцијата "НЕ" победила со 55,99% од вкупните гласовите [48], наспроти 44,1% од гласовите за опцијата "ДА" гласови. Пиноче го прифатил референдумот и организирањето на политичките избори.

Демократски промени[уреди]

Лусија Хириарт и Пиноче

По референдумот, опозициската коалиција го променила своето име во Concertación де Partidos por la Democracia (Коалиција на партии за демократија) и го предложила Патрицијо Ајлвин за свој претседателски кандидат, а исто така, била предложена и листа на кандидати за парламентарните избори. Опозцијата и Пиноче воделе преговори за измени на Уставот и било договорено тој да претрпи 54 измени. Во јули 1989 година се одржал референдум за предложените промени на Уставот, бил поддржан од сите партии, освен десничарската Аванзада Национал. Уставните измени биле одобрени од страна 91,25% од вкупниот број на избирачите. Во декември 1989 година, Патрицијо Ајлвин на претседателските избори освоил 55% од гласовите [48], наспроти 30% за десничарскиот кандидат, Хернан Бучи, министер за финансии во владата на Пиноче од 1985 година.

Повлекување[уреди]

Пиноче ја напуштил претседателската функција на 11 март 1990 година и ја префрлил власта во рацете на новиот демократски избран претседател, меѓутоа останал главен началник на Генералштабот се до март 1998 година. По напуштањето на оваа должност, Пиноче бил инаугуриран во доживотен сенатор, според Уставот од 1980 година. Како сенатор, Пиноче имал имунитет и заштита од правно дејство. Меѓутоа оваа привилегија имала правна важност само на територијата на Чиле, отука во 1998 година, Пиноче бил уапсен во Велика Британија поради побараната екстрадиција издадена од шпански судија Балтазар Гарсон.

Апсење и судење на Аугусто Пиноче[уреди]

Pinochet - 1995.jpg
Поддржувачите на Аугусто Пиноче кај Воената болница, еден ден пред неговата смрт.

На 10 октомври 1998 година, шпанскиот судија Балтазар Гарсон го обвинил Пиноче за кршење на човековите права извршени во неговото родно Чиле. Шест дена подоцна бил уапсен во Лондон и бил ослободен од страна на британската влада во март 2000 година. Пиноче можел слободно да се врати во Чиле, меѓутоа таму бил обвинет од страна на судија Хуан Гузман Тапија, за голем број на кривични дела. Пиноче бил исто така обвинет за злоупотреба на својата позиција за лично збогатување преку проневера на државни пари, нелегалната трговија со дрога и оружје.

Адвокатите на Пиноче, предводени од Пабло Родригез Грез (поранешен лидер на екстремно десничарската група Татковина и слобода), тврдел дека Пиноче има право да имунитет од гонење, како поранешен лидер на држава и според Законот за амнестија донесен од страна на воената хунта во 1978 година. Одбраната тврдела дека поради лошата здравствена состојба, Пиноче не е способен за судење. Пресудите од страна на Апелациониот суд, Врховниот суд, медицински експерти, довеле до апсењето и ослободувањето на Пиноче, пред тој конечно умре на 10 декември 2006 година, откако повторно бил ставен во домашен притвор на 28 ноември 2006 година во врска со случајот Карва на смрта [49].

Против Пиноче биле покренати од 300 кривични пријави за бројни прекршувања на човековите права [50], вклучувајќи ги: случајот Карван на смрта (затворен во јули 2002 година од страна на Врховниот суд на Чиле, но повторно отворена во 2007 година), атентатот врз Карлос Пратс (случајот е затворен на 1 април 2005), Операцијата Кондор (случајот е затворен на 17 јуни 2005), Операцијата Коломбо, Вила Грималди, Кармело Сорија, Антонио Лилидо, Еугенио Бериос случај, даночно затајување и фалсификување на пасош [50][51].

Враќање во Чиле[уреди]

На 3 март 2000 година, Пиноче се вратил во Чиле. Неговиот прв чин, по слетувањето на аеродромот во Сантијаго, било триумфалното станување од својата инвалидска количка проследено со водушевување на неговите приврзаници [52][53][54]. Тој најпрво бил поздравен од својот наследник генералот Рикардо Изуриета, [52]. Новоизбраниот претседател Рикардо Лагос, истакнал дека пристигнувањето на пензионираниот генерал создал лоша слика за Чиле [55]. Во март 2000 година, Конгресот одобрил уставен амандман со кој бил создаден статусот "екс-претседател", кој со себе носел имунитет од судски прогон и паричен надоместок, овој статус го заменил Пиночевото доживотно сенаторство, а 111 законодавци гласаа за, а 29 биле против [56].

Смрт[уреди]

Последни денови[уреди]

Ковчегот на Пиноче
Воена поворка со ковчегот

Утрото на 3 декември 2006 година Пиноче претрпел срцев удар, а истиот ден добил последна причест. На 4 декември 2006 година, Апелациониот суд наредил негово ослободување од домашниот притвор. На 10 декември 2006 година во 13:30 по локално време бил однесен во интензивна нега [57]. Тој починал од конгестивна срцева слабост и пулмонален едем [58], опкружен со членовите на семејството, во Воената болница во 14:15 по локално време [59].

Демонстрации[уреди]

По проширувањето на веста за неговата смрт, започнале спонтани улични демонстрации. Во Сантијаго, противници на Пиноче ја прославувале неговата смрт на авенијата Аламеда, а неговите подржувачи тагувале надвор пред Воената болница. Остатоците на Пиноче биле јавно изложени на 11 декември 2006 година во Воената академија. Во текот на оваа церемонија, Франциско Куадрадо Пратс, внук на Карлос Пратс, поранешен главен командант на армијата во владата на Алјенде убиен од страна на тајната полиција на Пиноче, го испклукал ковчегот, но брзо бил опкружен од страна на симпатизерите на Пиноче. Погребот на Пиноче се одржал следниот ден на исто место пред околу 60.000 негови приврзаници [60].

Погреб[уреди]

Владата на Чиле, одлучила Пиноче да нема државен погрб, чест дарувана на уставно избранте претседатели, но му бил овозможен воен погреб како на поранешен командант на армијата назначен од страна на претседателот Салвадор Алјенде. Владата исто така не објавила официјален национален ден на жалост, но ја овластила армијата, националните знамиња во касарната да бидат спуштени на половина копје. Исто така било дозволено, ковчегот на Пиноче да биде обвиткан со националното знаме на Чиле. Претседателот на Чиле, Мишел Бачелет, чиј татко Алберто бил привремено затворен и мачен под државниот удар, изјавила дека ако присуствува на државен погребот на Пиноче, тоа би било "повреда на (за неа б.н) совеста" [61]. Единствен преставник од владата, бил министерот за одбрана - Вивиен Бланлот.

Кремирање[уреди]

На 12 декември 2006 година, телото на Пиноче било кремирано по негова желба. Според неговиот син Марко Антонио, тоа било направено за да се "избегне вандализам на неговиот гроб" . Истиот ден, неговата пепел била испорачана на неговото семејство и била депонираа во едена од неговите лични резиденции. Вооружените сили одбиле да дозволат неговата пепел да се депонираат на било каква воена основа [62].

Пиночевото наследство[уреди]

По реставрацијата на демократијата во Чиле што следеше по Пиноче, чилеанската економија била стабилна, денес земјата се смета за успешна економска приказна во Латинска Америка. Невработеноста во во 2007 година изнесувала 7% , а сиромаштијата се проценува на околу 18,2% за истата година, двете се релативно ниски за регионот [63]. Неговите симпатизери тврдат дека Пиноче го спасил Чиле од комунизмот и го нарекуваат вториот ослободител на земјата. Тие, исто така тврдат дека трите последователни влади, по него, придонеле за економскиот успех на Чиле со одржување и продолжување на Пиночевите реформите. Неговите противници го критикуваат за неолиберална политика и кршење на човечките права. Чилеанското економско чудо е потенцијален модел за постигнување на значителен економски раст [64].

Галерија[уреди]

Извори[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 Augusto Pinochet: Timeline“, CBSNews, 11 декември 2006.
  2. Cavallo, Ascanio et al. La Historia Oculta del Régimen Militar, Grijalbo, Santiago, 1997.
  3. Chile under Pinochet – a chronology | World news | guardian.co.uk“, Guardian, 24 март 1999 (конс. 10 март 2010).
  4. Chile under Pinochet – a chronology | World news | guardian.co.uk“, Guardian, 24 март 1999 (конс. 10 март 2010).
  5. English translation of the Rettig Report
  6. 2004 Commission on Torture (Valech Report) (шпански)
  7. „Chile to sue over false reports of Pinochet-era missing. The Age. 30 December 2008“. Latinamericanstudies.org. http://www.latinamericanstudies.org/human-rights/false-reports.htm. конс. 10 март 2010. 
  8. 8,0 8,1 Thomas M. Leonard. Encyclopedia Of The Developing World. Routledge. ISBN 1579583881 p. 322
  9. Chang, Jack, Yulkowski, Lisa. „Vocal minority praises Pinochet at his funeral“, Bradenton Herald, 13 декември 2006 (конс. 13 април 2009).
  10. Larry Rohter, Colonel's Death Gives Clues to Pinochet Arms Deals, The New York Times, 19 June 2006 (англиски)
  11. Augusto Pinochet, el insulso hijo del aduanero
  12. Chilean president Salvador Allende committed suicide, autopsy confirms“, „The Guardian“, 20 јули 2011.
  13. Soldier confirms Chile stadium killings“, „BBC News“, 27 јуни 2000.
  14. El fin de un mito en Chile: el Plan Zeta, Clarín, 5 July 1999 (шпански)
  15. Comisión Nacional sobre Prisión Política y Tortura CAPÍTULO III Contexto.
  16. Vial Correa, Gonzalo. „Carlos Altamirano, el Plan Z y la "Operación Blanqueo"“, La Segunda, 23 септември 2003.
  17. Fine, Philip. „Cool and mannerly, he was Trudeau's press secretary at a difficult time“, „Globe and Mail“, 23 јануари 2010 (конс. 7 февруари 2010).
  18. Peter Kornbluh (19 септември 2000). „CIA Acknowledges Ties to Pinochet’s Repression: Report to Congress Reveals U.S. Accountability in Chile“. „Chile Documentation Project“. National Security Archive. http://www.gwu.edu/~nsarchiv/news/20000919/. конс. 26 ноември 2006. 
  19. Постојат многу случаи на тортура. Некои левичарски организации за човекови права велат дека повеќе од 200.000 беа уапсени и малтретирани, но не постои доказ за поддршка на тој број. Извештајот Valech (објавен во ноември 2004 година) му кажува на некои 28.000 апсења во кој поголемиот дел од уапсените биле измачувани.
  20. Hudson, Rex A., ed. "Chile: A Country Study". GPO for the Library of Congress. 1995. 20 March 2005 http://lcweb2.loc.gov/frd/cs/cltoc.html
  21. Chile under Pinochet: recovering the truth. By Mark Ensalaco. Page 146. Cloth 1999“. Books.google.co.nz. 2000. ISBN 9780812235203. http://books.google.com/?id=hzrwMb3UppYC&pg=PA146&dq=black+berets+neltume&cd=1#v=onepage&q=black%20berets%20neltume. конс. 10 март 2010. 
  22. „Chile: Terrorism still counterproductive. CIA document“. Faqs.org. http://www.faqs.org/cia/docs/33/0000451376/LATIN-AMERICA-REVIEW---CHILE:--TERRORISM-STILL-COUNTERPRODUCTIVE.html. конс. 10 март 2010. 
  23. „Inter-American Commission on human rights Report 1986“. Cidh.org. http://www.cidh.org/annualrep/85.86eng/chap.4.htm. конс. 10 март 2010. 
  24. Pinochet S.A.: la base de la fortuna. Ozren Agnic Krstulovic. Page 147. RiL Editores 2006.
  25. Emol, website of newspaper El Mercurio: Adobe Flash presentation reconstructing the September 1986 assassination attempt (шпански)
  26. Samuel Chavkin, Storm Over Chile: The Junta Under Siege. Laurence Hill Books. ISBN 978-1556520679
  27. R. Griffin, The Nature of Fascism, London: Routledge, 2003, pp. 36–37
  28. R.O. Paxton, The Anatomy of Fascism, London: Allen Lane 2004, p. 201
  29. 29,0 29,1 A. Cento Bull, 'Neo-Fascism', R.J.B. Bosworth, The Oxford Handbook of Fascism, Oxford University Press, 2009, p. 604
  30. Walter Laqueur. Fascism: Past, Present, Future. Oxford University Press. 1997. p. 115
  31. Christian, Shirley. „Buenos Aires Journal; Timerman, Stranger in Two More Strange Lands“, „The New York Times“, 14 ноември 1987.
  32. 32,0 32,1 Stern, Steve J.. „Remembering Pinochet's Chile“. 2004-09-30: Duke University Press. стр. 32, 90, 101, 180–81. ISBN 0-8223-3354-6. , accessed 10-24-2006 through Google Books.
  33. Eduardo Gallardo, Pinochet Was Unrepentant to the End, ABC News (Associated Press), 11 December 2006 (англиски)
  34. Chile recognises 9,800 more victims of Pinochet's rule“, „BBC News“, 18 август 2011.
  35. Still Hidden: A Full Record Of What the U.S. Did in Chile, Peter Kornbluh, The Washington Post, Sunday 24 October 1999; Page B01
  36. Manfred Bräuchle. „Applied Theory: The Reforms in Chile“. http://www.ecaef.org/klex/user/1/41894820_10_10.ppt. 
  37. „Augusto Pinochet biography data. Chilean coup d'etat. Pinochet human rights violations“. Mundoandino.com. http://www.mundoandino.com/Chile/History-pinochet. конс. 10 март 2010. 
  38. [1] Chile under Pinochet: recovering the truth
  39. K. Remmer (1998). „The Politics of Neoliberal Economic Reform in South America“. 33. ст. 3–29. Studies in Comparative International Development. 
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 Petras and Vieux (1998). „The Chilean "Economic Miracle": An Empirical Critique“. ст. 57–72. Crit Sociol. 
  41. Operation Condor
  42. J. Samuel Valenzuela and Arturo Valenzuela (eds.), Military Rule in Chile: Dictatorship and Oppositions, p. 317
  43. El Mercurio, 20 January 1974
  44. El Mercurio, 6 April 1975
  45. Helen Spooner, Soldiers in a narrow land: the Pinochet regime in Chile, url
  46. Conclusion of Marie-Monique Robin's Escadrons de la mort, l'école française (француски)/ Watch here film documentary (French, English, Spanish)
  47. George Weigel, Biografía de Juan Pablo II – Testigo de Esperanza, Editorial Plaza & Janés (2003), ISBN 8401013046
  48. 48,0 48,1 Tribunal Calificador, Chilean governmental website (шпански)
  49. Procesan a Pinochet y ordenan su arresto por los secuestros y homicidios de la "Caravana de la Muerte", 20minutos, 28 November 2006.
  50. 50,0 50,1 Más de 300 querellas abiertas, El Periódico, URL accessed on 10 September 2007 (шпански)
  51. Descubren 9.000 kilos de oro ocultados por Pinochet en un banco de Hong Kong, EFE, published by 20 Minutos, 25 October 2006 (шпански)
  52. 52,0 52,1 Pinochet arrives in Chile, BBC, 3 March 2000 (англиски)
  53. video of Pinochet arriving at Santiago airport, 3 March 2000
  54. Alex Bellos and Jonathan Franklin, Pinochet receives a hero's welcome on his return, The Guardian, 4 March 2000 (англиски)
  55. Thousands march against Pinochet, BBC, 4 March 2000
  56. Chile offers Pinochet new immunity, BBC, 25 March 2000 (англиски)
  57. Muere el ex dictador Chileno Augusto Pinochet EFE
  58. Augusto Pinochet falleció en el Hospital Militar tras sufrir recaída "; El Mercurio"
  59. Chile's General Pinochet 'dead' BBC News
  60. "Pinochet's Funeral Draws 360,000", CBA news, http://www.cbc.ca/world/story/2006/12/12/pinochet-funeral.html
  61. "Clashes Break out after Pinochet's death", Yahoo!News, 11 December 2006
  62. Pedregoso camino para que cenizas de Pinochet llegaran a Los Boldos, La Nación 26 December 2006
  63. [2]
  64. [3]

Надворешни врски[уреди]

Ова е избрана статија. Стиснете тука за повеќе информации.
Статијата „Аугусто Пиноче“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).