Виетнам

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Социјалистичка Република Виетнам
Cộng hòa Xã hội chủ nghĩa Việt Nam
Знаме
ГеслоĐộc lập – Tự do – Hạnh phúc
„Независност-слобода-среќа“
ХимнаTiến Quân Ca
"Армиски марш"
Местоположба на Виетнам.
Местоположба на Виетнам.
Главен град Ханој
21°02′ СГШ 105°51′ ИГД / 
Најголем град Хо Ши Мин
Службен јазик виетнамски
Официјално писмо виетнамска азбука
Демоним Виетнамец
Уредување Унитарна социјалистичка,
еднопартиска република
 -  Претседател Труонг Тан Санг
 -  Премиер Нгујен Тан Дунг
Законодавство Национално собрание на Виетнам
Основање
 -  Даи Виет 1054 
 -  Француска колонизација 1853 до 1883 
 -  Независност 2 септември 1945 
 -  Обединување 2 јули 1976[1] 
 -  Сегашен устав 15 април 1992 
Површина
 -  Вкупна 331,698 км2 (65th)
 -  Вода (%) 1.3
Население
 -  Попис 2011 90,549,390 (13th)[2] 
 -  Густина 259 жит/км2 (46-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2010
 -  Вкупен $273.967 милијарди[3] 
 -  По жител $3,104.179[3] 
БДП (номинален) проценка за 2010
 -  Вкупно $104.600 милијарди[4] 
 -  По жител $1,168[3] 
Џини (2002) 37 (среден) (59-та)
ИЧР (2010)  0.572[5] (среден) (113-та)
Валута донг (₫)[6] (VND)
Часовен појас ICT (Индокинеско време) UTC+7 (UTC+7)
 -  (ЛСВ)  (UTC+7)
Се вози на десно
НДД .vn
Повик. бр. 84
1. Според официјалното име од уставот од 1992.

Социјалистичка Република Виетнам (виетнамски: Cộng Hoà Xã Hội Chủ Nghĩa Việt Nam), или скратено Виетнам е земја во југоисточна Азија. Се протега на полуостровот Индокина, и граничи на север со Кина, на запад со Лаос, на југозапад со Камбоџа, како и со Јужното Кинеско Море на исток. Таа е најнаселена земја на копното на Југоисточна Азија.

Етимологија[уреди]

Гиа-Лонг, виетнамски владетел, на своето крунисување во 1802 година, посакал неговото кралство да се вика Нам Виет и испратил гласник за да добие согласност од Пекинг. Но, Синот на Небото Манчу (кинескиот цар) инсистирал името да биде Виет Нам. Причината за оваа инверзија е следново: Виет Нам (на кинески Јуех-нан) значи, приближно, јужно од Виет (Јуе), подрачје кое било освоено од кинеската династија Хан седумнаесет векови порано и за кое се смета дека ги опваќало и денешните кинески провинции Квантунг и Квангси, како и долинината на Црвената Река. Нам Виет за Гиа-лонг значело Јужен Виет (Јуех), односно претензија врз старото царство. Според Александар Вудсајд: тешко дека виетнамските владетели од пред еден век го почитувале името Виетнам како целина еманирано од Пекинг, онака како што се почитува во овој век (20 век б.н). Како вештачки службен назив, не го употребувале многу ни Кинезите ни Виетнамците. Кинезите се залепиле за навредливиот Т‘ анг збор Анам... Виетнамскиот двор, од друга страна, на своја рака измислила ново име за своето кралство во 1838-39 и не чуствувал потреба да го информира кинескиот двор за тоа. Новото име Даи Нам, Големиот Југ или Империјалниот Југ, редовно се појавувало во дворските документи и службените историски компилации. Но, не опстанало до денес. [7]

Историја[уреди]

Географија и клима[уреди]

Политички систем[уреди]

Административна поделба[уреди]

Карта на покраините во Виетнам

Виетнам се дели на 58 покраини (виетнамски: tỉnh) и 5 општини од ист степен како покраините (thành phố trực thuộc trung ương). Владата ги групира покраините во 8 региони, но истите се користат нередовно и класификацијата не е строга и постојат други алтернативни групирања.

Покраините се делат на окрузи (huyện), покраински градови (thành phố trực thuộc tỉnh) и околиски градови (thị xã), кои пак се поделени на општински градови (thị trấn) или општини ().

Општините се поделени на рурални окрузи (huyện) и урбани окрузи (quận), поделени на реони (phường).

Со покраините раководи „народен совет“ кој го избираат жителите. Советот назначува „народен комитет“, кој претставува извршен огранок на покраинската управа. Ваквата поставеност е упростена варијанта на државната управа на земјата. Покраинските управи се потчинети на централната влада.

Економија[уреди]

Демографија[уреди]

Култура[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Robbers, Gerhard (2007-01-30). „Encyclopedia of world constitutions“. Infobase Publishing. стр. 1021. ISBN 9780816060788. http://books.google.com/books?id=M3A-xgf1yM4C&pg=PA1021. конс. 1 јули 2011. 
  2. CIA – The World Factbook
  3. 3,0 3,1 3,2 „Vietnam“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2010/01/weodata/weorept.aspx?sy=2007&ey=2010&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=582&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=71&pr.y=7. конс. 21 април 2010. 
  4. GDP năm 2010 của Việt Nam vượt 100 tỷ USD – VnExpress
  5. „Human Development Report 2010. Human development index trends: Table G“. The United Nations. http://hdr.undp.org/en/media/HDR_2010_EN_Table1.pdf. конс. 5 јануари 2011. 
  6. Local Currency
  7. Бенедикт Андерсон, Замислени заедници, размислувања за потеклото и ширењето на национализмот, ревидирано издание, Скопје, Култура, 1998

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Општо
Влада