Сирија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сириска Арапска Република
الجمهورية العربية السورية
Al-Jumhūriyyah al-ʿArabiyyah as-Sūriyyah
Знаме Грб
ХимнаHomat el Diyar
Чувари на Земјата

Главен град Дамаск
33°30′ СГШ 36°18′ ИГД / 
Најголем град Алепо
Службен јазик арапски
други малцински јазици арамејски, ерменски, курдски, туркменски
Демоним Сириец
Уредување Претседателски систем
 -  Претседател Башар ал Асад
 -  Премиер Мухамад Нџи ал Отари
Независност од Франција 
 -  Прво објавување септември 19361 
 -  Второ објавување 1 јануари 1944 
 -  Призната 17 април 1946 
Површина
 -  Вкупна 185,180 км2 (88-ма)
 -  Вода (%) 0.06
Население
 -  проценка за 2007 19.405.000 (54-ма)
 -  Густина 103 жит/км2 (101-ва)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $94.408 милијарди [1] 
 -  По жител $4,749[1] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $54.803 милијарди[1] 
 -  По жител $2,756[1] 
ИЧР (2007) 0.724 (medium) (109-та)
Валута Сириска фунта (SYP)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .sy
Повик. бр. 963

Сирија (арапски: سورية) или официјално Сириска Арапска Република (арапски: الجمهورية العربية السورية) е држава во Југозападна Азија. Сирија на запад излегува на Средоземното Море и граничи со Либан, на север со Турција, на исток со Ирак, на југ со Јордан и на југозапад со Израел.

Терминот „Сирија“ порано се однесувал за целиот регион Левант, но денес оваа држава се наоѓа на територијата на неколку стари кралства и империи кои порано опстојувале и биле дел од старата Сирија. Дамаск, денешниот главен град на државата, бил главен град и на стариот Омејадски Калифат, како и седиште на Мамлучкиот Султанат. Дамаск се смета за еден од најстарите градови со постојана населеност во светот.[2]

Денешната држава Сирија е создадена, првично, како француски протекторат, но во април 1946 година Сирија ја прогласила својата независност и станала независна парламентарна република. Пост-воениот период бил исто така исполнет со поголем број воени дејствија и бунтови кои се одвивале во периодот од 1949 до 1970 година. Уште од 1962 година, светските организации за човекови права ја сместуваат Сирија во групата на земји со недемократско владеење.[3]

Сирија е владеена од партијата „Бат“ уште од 1963 година, иако всушност со државата владее мала група воени и политички челници. Моментален претседател на Сирија е Башар ал Асад, кој е на таа позиција по втор пат. Башар ал Асид е син на Хафез ал Асад, претседател на Сирија од 1970 до 2000 година.[4][5] Државата имала важна улога во регионалната политика, особено во конфликтите на Израел со арапските држави.

Главен град на Сирија е Дамаск, но најголем град во државата е Алепо. Вкупната површина на Сирија изнесува 185.180 km2 каде живеат околу 22.198.110 жители. Околу 80% од населението на Сирија се Арапи, додека остатокот вбројува Курди, Ерменци и Туркмени.[5] Официјален јазик во државата е арапскиот, додека најголема религија е исламот.

Етимологија[уреди]

Името „Сирија“ доаѓа од старогрчкиот збор за СиријцитеΣύριοι(Syrioi), термин кои старите Грци го користеле и за Асирците.[6][7] Некои научници веруваат дека старогрчкиот збор за Сиријците потекнува од зборот „Ἀσσυρία“, (Асирија), кој пак доаѓа од акадискиот збор Aššur.[8] Според други, терминот „Сирија“ доаѓа од називот „Сирион“, име кое го користеле Сидонците за планината Хермон.[9]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Сирија.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Сирија.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Сирија.

Административна поделба[уреди]

Сирија е поделена на 14 области („мухафази“). Тие се делат на вкупно 60 окрузи („минтаки“), кои пак понатаму се делат на подокрузи („нахии“). Нахиите се состојат од села, кои се најмалата административна единица во земјата.

На чело на секоја област стои управник предложен од надлежниот министер и назначен со одобрение од кабинетот. Со окрузите и подокрузите управуваат функционери назначени од управникот, заедно со избран совет. Функционерите треба да имаат одобрение од надлежниот министер.


Име арапски Население Админ. центар
Дамаск (град) دمشق 4.500.000 Дамаск
Дамаск (област) ریف دمشق 2.235.000 Дамаск
Дејр ез-Зор دير الزور 1.040.000 Дејр ез-Зор
Дера درعا 858.000 Дера
Идлиб ادلب 1.288.000 Идлиб
Латакија اللاذقية 891.000 Латакија
Рака الرقة 811.000 Рака
Тартус طرطوس 720.000 Тартус
Алепо حلب 4.120.000 Алепо
Хама حماه 1.416.000 Хама
Хасеке الحسكة 1.225.926 Хасеке
Хомс حمص 1.561.000 Хомс
Кунејтра القنيطرة 69.000 Кунејтра
Сувејда السويداء 304.000 Сувејда

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Сирија.

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Сирија.

Поголем дел од сириското население живее во долината на реката Еуфрат и покрај сириското крајбрежје. Вкупното население на Сирија изнесува 22.198.110 жители со густина на население од 99 жители на метар квадратен. Според светските анализи за бегалци во светот, Сирија е дом на околу 1.852.300 бегалци. Голем дел од овие бегалци се од Ирак, но има и бегалци од Палестина и Сомалија.[10]

Образованието во Сирија е бесплатно од 6 до 11 година. Образовниот систем е составен од 6 години основно образование, проследено до тригодишно средно образование и тригодишно високо образование. Писменоста на Сирија е 86% за мажите и 73.6% за жените.

Јазици[уреди]

Официјален јазик во Сирија е стандардниот арапски јазик, но најмногу зборувана варијанта е сирискиот арапски дијалект. Покрај арапскиот, во Сирија се зборува и курдски јазик, јазик кој го зборуваат Курдите. Од останатите малцински јазици може да се сретнат и ерменскиот, турскиот и туркменскиот јазик. Пред појавувањето на исламот во државата, во регионот лингва франка бил арамејскиот јазик. Како христијански литургиски јазик може да се забележи и сирискиот јазик.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Сирија.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 „Syria“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=463&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr1.x=39&pr1.y=13. конс. 22 април 2009. 
  2. Neolithic Tell Ramad in the Damascus Basin of Syria. Retrieved 2010-02-01.
  3. Freedom on the world report. Retrieved 2010-02-01.
  4. Baath Party The Columbia Encyclopedia Sixth Edition 2001–05. Retrieved 2007-06-13.
  5. 5,0 5,1 „Syria (05/07)“. State.gov. http://www.state.gov/r/pa/ei/bgn/3580.htm. конс. 25 октомври 2008. 
  6. Herodotus, The Histories, VII.63, s:History of Herodotus/Book 7.
  7. Joseph, John (2008). „Assyria and Syria: Synonyms?“ (PDF). http://www.jaas.org/edocs/v11n2/JohnJoseph.pdf. 
  8. First proposed by Theodor Nöldeke in 1881; cf. Harper, Douglas (November 2001). „Syria“. „Online Etymology Dictionary“. http://www.etymonline.com/index.php?term=Syria. конс. 13 јуни 2007. .
  9. Greater Syria: The History of an Ambition“. Middle East Forum. 1992. стр. 13. ISBN 0195060229. http://books.google.com/?id=J3PsAb1uV94C&printsec=frontcover#PPA13,M1. конс. 1 февруари 2010. 
  10. World Refugee Survey 2008“, U.S. Committee for Refugees and Immigrants, 19 јуни 2008.

Користена литература[уреди]

Поврзано[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Search sister project Википарување има туристички водич за Syria.