10 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
10 јуни е 161-виот ден во годината според григоријанскиот календар (162-ри во престапна година). Остануваат 204 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1786 | Во провинцијата Сечуан во Кина, попуштила природната брана на реката Даду создадена од земјотрес десет дена порано, по што во поплавите настрадале околу 100.000 луѓе. |
| 1793 | Паркот на растенијата (фран. Jardin des Plantes) е отворен во Париз, а по една година станал и првата јавна зоолошка градина во светот. |
| 1942 | НОВ: Почнала битката на Козара, дел од повоената митологија на СФРЈ, помеѓу краишките партизани и германските војски помогнати од усташите. Во битката, која траела до 18 јули 1942 година, загинале околу 2200 краишки партизани, а во логори биле однесени голем број цивили. |
| 1940 | Втора светска војна: Италија им објавила војна на Франција и Обединетото Кралство, а Франклин Рузвелт го осудил овој чин како „нож во грбот“ од Италија. |
| 1940 | Втора светска војна: Канада ѝ објавила војна на Италија, поради претходната објава на војна на Обединетото Кралство од страна на Италија. |
| 1940 | Втора светска војна: Германските сили под команда на Ервин Ромел стигнале до каналот Ла Манш. |
| 1941 | Втора светска војна: Заменикот на Хитлер Рудолф Хес се урнал во Шкотска во мисија за преговори за окончување на војната со Британија. Бил уапсен, осуден во Нирнбершките процеси, и останал во затвор до 1987., кога наводно се самоубил на 93-годишна возраст. |
| 1967 | Шестдневната војна завршила со прекинот на огнот помеѓу Израел и Сирија. |
Родени:
| 1912 | Ванчо Николески, македонски писател. |
| 1921 | Принц Филип, војвода од Единбург. |
| 1922 | Џуди Гарланд, американска актерка и пејачка, позната како мајка на Лајза Минели |
| 1928 | Морис Сендак, американски писател за деца и илустратор. |
| 1932 | Љупка Апостолова, македонска интерпретаторка. |
| 1952 | Пенг Бо, кинески кану-спринтер. |
| 1956 | Зоран Шапуриќ, македонски политичар и публицист. |
| 1959 | Карло Анчелоти, италијански фудбалер и тренер. |
| 1965 | Елизабет Харли, британска актерка, модел и кинематографски продуцент. |
| 1966 | Дејвид Плат, англиски фудбалер. |
| 1972 | Радмила Шекеринска Јанковска, македонски политичар. |
| 1980 | Александра Пилева, македонска пејачка. |
| 1981 | Александар Липатов, руски слалом-кајакар. |
| 1985 | Василис Торосидис, грчки фудбалер. |
Починале:
| 323 п.н.е. | Александар III Македонски, крал на Македонија, еден од најголемите војсководци и освојувачи на сите времиња. |
| 1836 | Андре Мари Ампер, француски физичар и математичар. |
| 1912 | Антон Ашкерц, истакнат словенечки поет, претставник на реализмот во словенечката литература. |
| 1926 | Антони Гауди, каталонскин архитект. |
| 1967 | Спенсер Трејси, американски филмски актер. |
| 1985 | Стефан Русјаков, еден од основоположниците на македонската опера и учесник во првата опера изведена на македонски јазик - „Кавалерија Рустикана“ од Пјетро Маскањи. |
| 1988 | Неџати Зекирија, познат детски писател од турска националност во Македонија. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |