Шестдневна војна
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Арапско-израелската војна од 1967, позната уште и како Шестдневната војна, се водела помеѓу Израел и арапските соседи Египет, Јордан и Сирија.
Содржина |
Повод [уреди]
Поддршката на Сирија за терористички напади од страна на палестинската организација Фатах врз еврејското население била повод за израелска инвазија врз арапските држави. Во почетокот на 1967 година, Израел бил цел на напади од страна на сириското воздухопловство главно во Ерусалим, во кои биле срушени и шест сириски авиони.
Тек на војната [уреди]
Шестдневната војна траела од 5 јуни до 10 јуни 1967 г. Од израелска гледна точка, војната била превентивна воена кампања, чија цел е зачувување на израелската држава од пропаѓање како и зачувување на идентитетот на Евреите.
Војната била многу добро стратегиски разработена и инициирана од страна на генерал Моше Дајан - тогашниот израелски министер на одбраната. Причина за оваа војна е, од една страна притисокот на Египет врз мировните сили на ООН, дислоциран по Синајската кампања од 1956 година и новата египетска поморска блокада, која го затвара заливот Акаба за израелско пристаниште; а од друга страна, од концентрацијата на арапските армии по израелските граници во мај 1967 година.
Успехот на Израел [уреди]
• Воените напади врз аеродромоте во Египет, Сирија, Ирак и Јордан на практика ги уништиле арапските военовоздушни сили на 5 јуни, при кое авијацијата достигнала дури до Луксор и Ран Банас.
• Египетските тенковни сили биле поразени на Синајскиот полуостров, а на 7 јуни е превземен и Суецкиот канал.
• Целиот западен брег на Јордан бил окупиран за еден ден - исто на 7 јуни.
• Израелската армија ги зазела град Кунеитра и навлегле на повеќе од 40 км. во внатрешноста на Сирија.
Резултати од војната [уреди]
• Со поразот на Египет биле ослабеани позициите на претседателот Гамал Абдел Насер.
• Израел повторно завладеал со заливот Акаба.
• Израел ја уништува опасноста од арапска кампања на сите фронтови.
• Нови 600 000 Арапи паднале под израелска власт во окупираните нови територии: Појасот Газа, Синај, Западниот брег и Голанската висорамнина.
Последиците од војната директно влијаеле на денешната геополитичка ситуација на регионот. Дипломатски односи помеѓу земјите кои учествувале во оваа војна биле постигнети во 1991 година.
Надворешни врски [уреди]
- http://www.sixdaywar.co.uk/news_articles-three-soldiers.htm
- http://www.sixdaywar.co.uk
- http://www.youtube.com/watch?v=C4Ooaqtk-Cg Video Clip
- http://www.youtube.com/watch?v=OnsMfKmaizE Video Clip