Движење на неврзаните

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Членки на Движењето на неврзаните (2007). Со посветла сина се означени земјите со статус на набљудувачи.

Движењето на неврзаните е меѓународна организација во која членуваат 118 земји членки главно земји во развој. Движењето на неврзаните се занимава со прашањето на националните борби за независност, надминувањето на сиромаштијата, економскиот развој на земјите и се противи на колонијализмот, империјализмот и нео-колонијализмот. Земјите членки на Движењето на неврзаните претставуваат 55% од населението на Земјата и речиси 2/3 од членките на Обединетите нации.

СФР Југославија до својот распад беше една од основачите и предводниците на Движењето. Нејзините земји наследнички по стекнувањето на независност го изгубија интересот за членување во движењето, но некои, Босна и Херцеговина и Србија, имаат статус на набљудувачи.

Самити на Движењето на неврзаните[уреди]

Самитите на Движењето на неврзаните обично се одржуваат на секои три години.

  • Првиот самит на Движењето се одржува во Белград од 1 до 6 септември 1961 година. На самитот учествуваат 25 држави: 11 од Африка и Азија и Југославија, Куба и Кипар.
  • Шестиот самит се одржува во Хавана од 3 до 9 септември 1979 година. Главната тема на самитот е односот на Движењето кон СССР и се дискутира околу формирањето антиимперијалистички сојуз со СССР.
  • Четиринаесеттиот самит се одржува по втор пат во Хавана од 11 до 16 септември 2006 година. На самитот е усвоена декларација со која се осудува употребата на прекумерна сила од страна на Израел во текот на Израелско-либанската војна, повикани се Обединетите Нации да бидат порепрезентативни за помалите земји членки, поддржана е иранската програма за нуклеарна технологија (за мирољубиви цели) и е осудена надворешната политика на САД.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]