Белорусија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рэспубліка Беларусь
Республика Беларусь
Република Белорусија
Знаме
ХимнаМы, беларусы  (белоруски)
Ние Белорусите
Местоположбата на  Белорусија  (портокалова)in Europe  (бела)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Белорусија  (портокалова)

in Europe  (бела)  —  [Легенда]

Главен град
(и најголем)
Минск
53°55′ СГШ 27°33′ ИГД / 
Службен јазик белоруски, руски
Демоним Белорус
Уредување Претседателска република
 -  Претседател Александар Лукашенко
 -  Премиер Михаил Мјасникович
Незавосност од СССР 
 -  Објавена 27 јули 1990 
 -  Основана 25 август 1991 
 -  Завршена 25 декември 1991 
Површина
 -  Вкупна 207.600 км2 (85-та)
 -  Вода (%) н/п(2.830 km²)1
Население
 -  проценка за 2008 9,689,800[1] (86-та)
 -  Попис 1999 10,045,200 
 -  Густина 49 жит/км2 (142-ра)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $118.875 милијарди[2] (58-ма)
 -  По жител $12,291[2] (65-та)
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $60.288 милијарди[2] 
 -  По жител $6,233[2] 
Џини (2002) 29.7 (низок
ИЧР (2006) 0.817 (висок) (67th)
Валута Белоруска рубља (BYR)
Часовен појас EET (UTC+2)
 -  (ЛСВ) EEST (UTC+3)
Се вози на десно
НДД .by
Повик. бр. 375
1. „FAO's Information System on Water and Agriculture“. FAO. http://www.fao.org/nr/water/aquastat/countries/belarus/index.stm. конс. 4 април 2008. 

Белорусија (белоруски: Беларусь, руски: Беларусь, Белоруссия) или официјално Република Белорусија (Рэспубліка Беларусь, Республика Беларусь), а многу ретко Беларус, е независна држава во Источна Европа[3]. Белорусија се граничи со Русија на североисток, со Украина на југ, со Полска на запад и со Литванија и Латвија на северозапад. Главен град на Белорусија е Минск, а официјални јазици во државата се белоруски и руски. Вкупната површина на Белорусија изнесува 207.600 километри квадратни каде живеат околу 9.503.807 жители според пописот од 2009 година. Над 40% од вкупната површина на земјата е прекриена со шуми[4], а најзначајни стопански гранки на земјата се земјоделството и производството.

Етимологија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Име на Белорусија.

Името „Белорусија“ или „Беларус“ (Беларусь, Белоруссия) потекнува од името Бел Рус (руски: Белая Русь, латински: Rutenia Alba) кое се користело зо западноевропската картографија и географска традиција во 16 век. Така, истонословенските територии „фигуративно“ се именувале како Црвен Рус, Бел Рус и Црн Рус, а тоа довело до именување на териториите на Голем Рус и Мал Рус кое било често употребувано од Византија. Црвен Рус во изворите се однесувал на Галиција и Волињ, а пак Бел Рус и Црн Рус во различни извори се користеле за Големото војводство Литванија и Големото војводство Москва.

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Белорусија.

Среден век[уреди]

Од крајот на бронзеното доба поголем дел од територијата на денешна Белорусија била населена со Балтијци. Кон крајот на 9 век и почетокот на 10 век, оваа територија започнале да ја населуваат Словени.

Се смета дека првата држава на територијата на сегашна Белорусија била Полоцката. Градот Полоцк првпат се споменува во „Повестите на минатото„ од 862 година. Полоцкото кнежество достигнало најголем подем и најголема моќ за време на владеењето на кнезот Усјаслау Брачиславич (10441101). Од 10 век до 13 век на територијата на Белорусија се наоѓале и Туравското кнежество, Смоленското кнежество, Граѕенското кнежество. Следни големи држави на белоруската територија било и Великото кнежество Литовско, Руско и Жамојцко.

Белоруска Советска Социјалистичка Република[уреди]

За време на Првата Светска војна, Белорусија се наоѓала под германска окупација. Својата прва независност, Белорусија ја прогласила на 25 март 1918 година. Но по окупацијата на Црвената армија, на 1 јануари 1919 година била прогласена Советска Социјалистичка Република Белорусија. Во времето на Втората светска војна, Белорусија повторно била окупирана од страна на Нацистичка Германија. Германците се задржиле на власт сè до 1945 година. По војната, таа повторно останала во составот на СССР.

Независност[уреди]

Својата независност Белорусија прогласила од СССР на 27 јули 1990 година, а меѓународно признаена на 25 август 1991 година.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Белорусија.
Езерото Струста во Витепската област

Белорусија е држава која се наоѓа во Источна Европа. Граничи со Русија на исток и на север, со Латвија на север, со Литванија на северозапад, со Полска на запад и со Украина на југ. Белорусија не излегува на море, релативно е рамна. Езерата и реките се ширум распространети по нејзината територија. Во Белорусија има околу 11.000 езера, но голем дел од нив се помали од 0,5 km². Во Белорусија преовладува континентална клима.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Белорусија.

Белоруската клима е умерено континентална,преодна форма од поморска до континентална клима со благи и влажни зими и топли лета.Во последните децении континенталната клима е помалку изразени бидејќи зимите станувале се потопли.Општи карактеристики на климата се условени од локацијата на земјата во средната ширина,доминацијата на рамен релјеф и релативна оддалечност од Атланскиот Океан.Просечната јулска температура се движи од 17 C до 18,5 C,јануарската температура се варира од -8 C до -4,5 C период со температури над нулата трае околу 230-263 дена. Белорусија се наоѓа во зона на доволно врнежи.Просечни врнежи се од 600-700м годишно,во планинскиот дел просекот е 650-700мм и во низините е 600-650 милиметри.Околу 70% од годишните врнежи паѓаат во топлиот период.Повремените поплави се условени од просторни и временски врнежи. Снегот е важна карактеристика на белоруската клима.Периодот со снег трае 75 дена во југозападниот дел и 125 дена во североисточниот дел на земјата.Просечната снежна длабочина се движи од 15 до над 30цм. Климата на Белорусија се менуваше во текот на историјата на Земјата. За време на периодот на инструментални набљудувања (1881-2004) просечната годишна температура се зголеми за 1 C. Во овој период два значајни покачувања на температурата се забележани. Пораст на температурата од 3-4 C се предвидува до крајот на овој век.

Административна поделба[уреди]

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Белорусија.

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Белорусија.

Религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Религија во Белорусија.
Катедралата Света Софија во Полоцк

До крајот на 12 век, Европа била поделена на две големи области: западната област со доминација на римокатолицизмот и источна со доминација на православна Византија. Границата меѓу нив се наоѓала на реката Западен Буг. Оваа област, моментално позната како Белорусија, била една од малкуте каде се водела индиректна војна помеѓу двете цркви. До 14 век, Руската православна црква станала доминантна во Белорусија. Владислав II, тогашен владетел на Литванија, наредил да се направи сето население во Литванија католичко. Белорусија во тоа време била дел од неговото царство, па веќе во средината на 14 век позициите на католицизмот станале силни во Литванија. Во текот на 16 век започнала кризата во христијанството: Протестантската реформација во католицизмот и појавата на ерес. Од половината на 16 век започнало ширењето на протестантизмот во Литванската држава.

Пред 1917 година, во Белорусија постоеле 2.466 верски заедници, од кои 1.650 православни, 127 римокатолички, 657 Еврејски, 32 протестантски, и неколку муслимански заедници. Во времето на комунистичкиот режим (кои официјално биле атеисти), активностите на овие заедници биле строго ограничени. Многу верски заедници биле уништени и нивните водачи биле или прогонувани или затворани; останатите заедници понекогаш се вклучувале во работата на властите но само поради цели нивни, како и во обид да се вметне патриотизам за време на Втората светска војна. [5]

Денеска, околу 96% од населението на Белорусија се христијани. Како помали религиозни организации се издвојуваат муслиманската со околи 0.5%, еврејската околу 0.1 и.т.н.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Белорусија.

Симболи[уреди]

Актуелното државно знаме и грб беа прифатени по пат на референдум во 1995 година. До овој период за државни симболи се сметаа бело-црвено-белото знаме и грбот „Пагонија“.


Наводи[уреди]

  1. The Ministry of Statistics and Analysis of the Republic of Belarus
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Belarus“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/01/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=913&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=51&pr.y=11. конс. 22 април 2009. 
  3. UN Statistics Division (1 април 2010). „Standard Country and Area Codes Classifications (M49)“. United Nations Organization. http://unstats.un.org/unsd/methods/m49/m49regin.htm#europe. конс. 22 април 2010. 
  4. „Belarus: Window of Opportunity (see Table 15, page 66)“ (PDF). United Nations. http://hdr.undp.org/en/reports/nationalreports/europethecis/belarus/belarus_2005_en.pdf. 
  5. Jan Zaprudnik and Helen Fedor. "Religion." Belarus (Country Study). Federal Research Division, Library of Congress; Helen Fedor, ed. June 1995. This article incorporates text from this source, which is in the public domain.[1]

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]


Заедница на независни држави

Азербејџан | Белорусија | Ерменија | Казахстан | Киргистан | Молдавија | Русија | Таџикистан | Туркменистан | Узбекистан | Украина