Словенска Европа

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Словенска Европа
Знамето на Словенска Европа
Местоположбата на Словенска Европа
Главни градови Белград; Братислава; Киев; Љубљана; Минск; Москва; Подгорица; Прага; Сараево; Скопје; Софија; Варшава; Загреб
Официјални јазици белоруски; босански; бугарски; хрватски; чешки; македонски; црногорски; полски; руски; српски; словачки; словенечки; украински
Членство  Белорусија
 Босна и Херцеговина
 Бугарија
 Хрватска
 Чешка
 Македонија
 Црна Гора
 Полска
 Русија
 Србија
 Словачка
 Словенија
 Украина
Население
 -  проц.  г. 282,389,003 
БДП (ПКМ) проц.  г.
 -  Вкупно 3,827,843 

Словенска Европа или словенски држави е регион во Европа каде се зборуваат словенски јазици. Овој регион зазема територии од Средна Европа, Источна Европа и делови од Јужна Европа. Словенската Европа ги вклучува државите: Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Македонија, Црна Гора, Полска, Русија, Србија, Словачка, Словенија и Украина, сите вклучувајќи ги и оспорените територии.

Балтичките држави Естонија, Латвија и Литванија имаат значително словенско население, но има и несловенско население кое зборува словенски јазик. Три-четвртини од Латвијците зборуваат руски јазик.[1] Околу 29% од Естонците се Словени,[2] и 14.3% од Литванците зборуваат словенски јазик.[3] Покрај нив, словенско население живее и во Германија (Лужица), Австрија, Грција, Романија, Молдавија и ширум Централна и Источна Азија.

Религија и култура[уреди]

Словенските народи и држави воглавни се поделени на два христијански правци, православие и католицизам. Оваа религиска поделба е јасно видлива меѓу источните и западните Словени, иако западна Украина била под силно влијание на католицизмот. Јужните Словени се поделени меѓу два христијански правци и исламот, па така Бугарија, Македонија, Србија и Црна Гора се доминантно православни, Словенија и Хрватска се католички, а Босна и Херцеговина е мнозински муслиманска ако се сметаат католицизмот и православието одделно, во спротивно државата е христијанска.

Од културна гледна точка, западните Словени политички и социјално се поблиску до западноевропските филозофски, уметнички, книжевни и архитектонски вредности. Источнословенските и пола јужнословенски народи биле под влијание на Византија, а подоцна на Отоманската Империја. Ова може да се види и според писмата кои се користат во државите, каде западните Словени (заедно со Словенија и Хрватска и Босна) користат латиница, а останатите користат кирилица.

Држави[уреди]

држава изворно име население[4] површина во км2 GDP
($ милијарди)
главен град официјални јазици официјално писмо доминантна религија
 Белорусија Беларусь 9,457,500 207,600 105,246 Минск белоруски и руски кирилица христијанство
 Босна и Херцеговина Босна и Херцеговина
Bosna i Hercegovina
3,791,622 51,129 27,728 Сараево босански, српски и хрватски кирилица и латиница христијанство
 Бугарија България 7,364,570 110,910 86,317 Софија бугарски кирилица христијанство
 Хрватска Hrvatska 4,284,889 56,542 87,984 Загреб хрватски латиница христијанство
 Чешка Česká republika 10,436,560 78,866 248,902 Прага чешки латиница атеизам
 Македонија Македонија 2,022,547 25,713 18,831 Скопје македонски кирилица христијанство
 Црна Гора Црна Гора
Crna Gora
625,266 13,812 2,974 Подгорица црногорски кирилица и латиница христијанство
 Полска Polska 38,544,513 312,685 620,868 Варшава полски латиница христијанство
 Русија Россия 142,856,500 17,098,242 2,087,815 Москва руски кирилица христијанство
 Србија Србија
Srbija
7,186,862 88,361 77,277 Белград српски кирилица и латиница христијанство
 Словачка Slovenská republika 5,397,036 48,845 109,587 Братислава словачки латиница христијанство
 Словенија Slovenija 1,964,036 20,253 54,669 Љубљана словенечки латиница христијанство
 Украина Україна 48,457,102 603,700 320,126 Киев украински кирилица христијанство
Pan-Slavic flag.svg Вкупно: 282,389,003 18,716,278 3,846,843

Словенски симболи[уреди]

држава знаме грб држава знаме грб
Белорусија Flag of Belarus.svg
(опис)
Coat of arms of Belarus.svg
(опис)
Бугарија Flag of Bulgaria.svg
(опис)
Coat of arms of Bulgaria.svg
(опис)
Босна и Херцеговина Flag of Bosnia and Herzegovina.svg
(опис)
Coat of arms of Bosnia and Herzegovina.svg
(опис)
Македонија Flag of Macedonia.svg
(опис)
Coat of arms of the Republic of Macedonia.svg
(опис)
Полска Flag of Poland.svg
(опис)
Herb Polski.svg
(опис)
Приднестровие
(непризната)
Flag of Transnistria (state).svg
(опис)
Coat of arms of Transnistria.svg
(опис)
Русија Flag of Russia.svg
(опис)
Coat of Arms of the Russian Federation.svg
(опис)
Србија Flag of Serbia.svg
(опис)
Coat of arms of Serbia.svg
(опис)
Словачка Flag of Slovakia.svg
(опис)
Coat of arms of Slovakia.svg
(опис)
Словенија Flag of Slovenia.svg
(опис)
Coat of arms of Slovenia.svg
(опис)
Украина Flag of Ukraine.svg
(опис)
Lesser Coat of Arms of Ukraine.svg
(опис)
Хрватска Flag of Croatia.svg
(опис)
Coat of arms of Croatia.svg
(опис)
Црна Гора Flag of Montenegro.svg
(опис)
Coat of arms of Montenegro.svg
(опис)
Чешка Flag of the Czech Republic.svg
(опис)
Coat of arms of the Czech Republic.svg
(опис)
Pan-Slavic flag.svg
(опис)
Пансловенско знаме

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Central Statistical Bureau Database for 2000 Census, table on mother tongues
  2. Statistics Estonia
  3. Statistics Lithuania census 2001: Population by nationality and mothertongue
  4. Според последните национални пописи.
  1.  Michael Fleischer: Niemcy, Europa, USA i Rosja w polskim systemie kultury, Wrocław 2004 (in Polish)

Поврзано[уреди]