Австрија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Република Австрија
Republik Österreich
Знаме Грб
Химна

Местоположбата на  Австрија  (темнозелена)– на Европскиот континент  (зелена и темносива)– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]
Местоположбата на  Австрија  (темнозелена)

– на Европскиот континент  (зелена и темносива)
– во Европската Унија  (зелена)  —  [Легенда]

Главен град Виена
48°12′ СГШ 16°21′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик германски
Регионални
јазици
[1]
Народности (2011)
Демоним Австријци
Уредување Сојузна парламентарна република
 -  Претседател Хајнц Фишер
 -  Канцелар Вернер Фајман (SPÖ)
 -  Претседател на националниот совет Барбара Прамер (SPÖ)
Законодавство Парламент
 -  Горен дом Сојузен совет
 -  Долен дом Национален совет
Независност
 -  Војводство 1156 
 -  Царство 1804 
 -  Прва република 1918–1934 
 -  Сојузна држава 1934–1938 
 -  Аншлус 1938–1945 
 -  Втора република од 1945 
 -  Државен договор во сила 27 јули 1955 
ЕУ пристапила 1 јануари 1995
Површина
 -  Вкупна 83.855 км2 (115.)
 -  Вода (%) 1.7
Население
 -  проценка за 2011 8.414.638[4] (92.)
 -  Попис 2001 8.032.926 
 -  Густина 100.3 жит/км2 (107.)
БДП (ПКМ) проценка за 2012
 -  Вкупен $358.916 billion[5] 
 -  По жител $42.477[5] 
БДП (номинален) проценка за 2012
 -  Вкупно $391.469 billion[5] 
 -  По жител $46.330[5] 
Џини (2007) 26 
ИЧР (2011) 0.885 (19.)
Валута Евро (€)d (EUR)
Часовен појас CET (UTC+01)
 -  (ЛСВ) CEST (UTC+02)
Се вози на десно
НДД .ate
Повик. бр. +43
а. Австрискиот знаковен јазик е заштитен малцински јазик.
б. Во Бургенланд.
в. Во Корушка.
г. Австрискиот шилинг пред 1999; виртуално евро од 1 јануари 1999; евро од 1 јануари 2002.
д. Доменот .eu исто така се користи, кој го дели со другите земји-членки на Европската Унија.

Австрија (германски: Österreich, службено Република Австрија (германски: Republik Österreich) е континентална земја во Средна Европа со околу 8,47 милиони луѓе[4]. Се граничи со Чешка и Германија на север, Унгарија и Словачка на исток, Словенија и Италија на југ и Швајцарија и Лихтенштајн на запад. Австрија има површина од 83.855 км² и има умерена и алпска клима. Теренот во Австрија е планински, поради присуството на Алпи; само 32% од земјата е под 500 метри, а нејзината највисока точка е 3.798 метри.[1] Мнозинството од населението говори на локалниот австробаварски дијалект на германскиот јазик, како нивен мајчин јазик,[6] и германски во неговата стандардна форма, кој претставува и службен јазик на земјата.[7] Други локални официјални јазици се унгарскиот, хрватскиот и словенечкиот.[1]

Етимологија[уреди]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Австрија.

Праисторија[уреди]

Подрачјето на денешна Австрија било населено уште од најстарите времиња во каменото доба. Најпознатиот локалитет од тоа време е Вилендорфска Венера која била пронајдена во Вилендорф во Долна Австрија. Се проценува дека е стара околу 25.000 години. Покасно, преку народите од Балканот престигнале сточарството и металната обработка. Популацијата нараснувала сè повеќе и била создадена првата трајна населба.

Римско време[уреди]

Во периодот кога келтите под контрола на Рим се романизирале, на север се населиле Германите, мешајќи се со староседелското население. Покрај реката Дунав изградиле тврдини, а една од нив на местото на старата келтска или илирска населба била изградена населбата Виндобона, која денеска е главната престолнина на Австрија, Виена.

Среден век[уреди]

Со постепеното слабеење на Римската имерија, Австрија била изложена на сè поголемите напади од страна на германските и други народи. Околу 6 век се појавиле Баварците на запад и Словените и Аварите на исток. Во 10 век биле победени Унгарците и Австрија повторно била вклучена во составот на Баварија. Во 996 година за прв пат се споменува името Остарици, од кој доаѓа и германскиот назив за Österreich. Тоа бил почетокот на германската колонизација на источна Австрија.

Хабсбуршка династија[уреди]

Во 1278 година, кнежеството Австрија било освоено од страна на Хабсбуршката династија. Во следните години, оваа династија станала една од најмоќните во Европа. Во 15 век, тие ја добиле Бургундија, Шпанија и Холандија. Во 1526 година ја наследиле Унгарија, Чешка, Моравија и Хрватска. Османлиската империја брзо напредувала и веќе во 1529 година пристигнале пред портите на Виена. Во следните 150 години, овие две големи империи биле во постојан конфликт.

Голем проблем на оваа империја претставувала религиозната основа на христијанството. Поголемиот дел од австрискиот народ биле протестанти. Царот насилно го принудил своето население да го прифати католицизмот. Од 1618 до 1648 година се водела Триесетгодишната војна. Религиозниот воен конфликт набргу се проширил по цела Света Римска империја, а кога на страната на протестантите се приклучиле Франција и Шведска, се дошло до голем пораз на царската војска.

Во 1683 година стигнала и втората опсада на Виена од Османлиите. Османлиите биле поразени и принудени да се повлекуваат. По ова, Австрија ги освоила Унгарија и Славонија, како и голем дел од Србија. По победата над протестантите, голем број на верници биле прогонети од империјата. Тие се населиле во Прусија.

Во 1867 година, крал Франц Јозеф го одобрил создавањето на двојната монархија Австро-Унгарија. Двата дела на таа монархија располагале со единствен парламент. Оваа монархија постоела до крајот на Првата светска војна.

Прва светска војна[уреди]

Австро-Унгарија во време на Првата светска војна била на страната на Централните сили. Во текот на Првата светска војна Австро-Унгарија ја имала една од најсилната пешадиска армија. Биле мобилизирани околу 9.000.000 војници. Австро-Унгарија во текот на војната била ставена во најлоша положба бидејќи истовремено требала да војува на 4 фронта - Јужен Балкански (Солунски), Романски, Источен (руски) и Италијански фронт. Во почетокот забележала големи успеси. Со поразот во војната, Австро-Унгарија како еден од условите била распарчена од страна на Антантата (ноември 1918 г.). Како главна причина се гледа стравот на Антантата овие две земји многу брзо да закрепнат од војната, со што повторно би се создала можеби и уште посилна земја од тогашната Австро-Унгарија.

По војната од територијата на Австро-Унгарија биле создадени Чехословачка, Австрија и Унгарија, а дел од нејзините територии припаднале на Полска, Романија, Италија и Југославија.

Втора светска војна[уреди]

Во 1938 година, германската војска навлегла во Австрија. За време на војната, Австрија била во составот на Силите на оската, кои повторно доживеале пораз.

По војната, во 1955 година, Австрија прогласила независност.

Најнова историја[уреди]

Австрија од 1 јануари 1995 година е членка на ЕУ. Таа е федеративна полупретседателска република, на чиј врв стои претседател. Парламентот се состои од Национален совет и Федерален совет.

Географија и клима[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Австрија.

Австрија се граничи со Германија и Чешка на север, Словачка и Унгарија на исток, Италија и Словенија на југ, и Швајцарија и Лихтенштајн на запад.

Површината на Австрија изнесува 84.000 km² и според неа се наоѓа на 112 место во светот.

Австрија е планинска земја. Најголем простор од нејзината територија зафаќаат Алпите. Тие се делат на Салцбуршки во северниот дел, во средишниот Таври, а на југ Карнишкорушки Алпи. Во западниот дел на Австрија Алпите се високи, а во источниот дел тие се пониски и со своите падини постепено се спуштаат до Панонската Низина. Алпите се богати со шуми и пространи пасишта. Во Австрија климата е умерено-континентална, континентална и планинска.

Најголемо сообраќајно значење за Австрија има реката Дунав. Преку неа Австрија се поврзува со сите подунавски земји. Други поголеми реки се Драва и Мура.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политика на Австрија.

По своето државно уредување Австрија е република, а нејзин главен град е Виена.

Административна поделба[уреди]

Австрија е федерална држава сочинета од девет сојузни покраини (германски: Bundesländer). Секоја покраина има собрание (Landtag), покраинска влада (Landesregierung) и управник (Landeshauptmann). Изборите се одржуваат на секои пет години (шест во Горна Австрија). Управникот се гласа во собранието. Виена е посебен случај, каде градскиот совет и градоначалникот воедно имаат улога на покраинска управа.

Покраините во Австрија, подредени по азбучен ред, се следниве:

Грб Сојузна покраина Главен град
Македонски Германски
Burgenland Wappen.svg Бургенланд Burgenland Ајзенштат
Wien 3 Wappen.svg Виена Wien
Oberösterreich Wappen.svg Горна Австрија Oberösterreich Линц
Niederösterreich CoA.svg Долна Австрија Niederösterreich Санкт Пелтен
Kaernten CoA.svg Корушка Kärnten Клагенфурт
Vorarlberg CoA.svg Предарлска Vorarlberg Брегенц
Salzburg Wappen.svg Салцбург Salzburg Салцбург
Tirol Wappen.svg Тирол Tirol Инсбрук
Steiermark Wappen.svg Штаерска Steiermark Грац

Население, јазик и религија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Австрија.

Население[уреди]

Австрија е главно населена со Австријци. Тоа е народ од германската група народи. Освен нив, живеат Чеси и Унгарци, а во областа Корушка и Штаерска живеат голем број Словенци и Хрвати. Австрија има 8.356.707 жители (2009), а густината на населението изнесува 99/km2 жител на км². Главниот град Виена со 1.631.082 жители е најголемиот град во земјата.

Религија[уреди]

Австрија во голема мера била под влијание на Протестантската реформација, при кое мнозинство од населението станало протестантско. Но со почетокот на Контрареформацијата, католицизмот повторно станал како доминантна религија. Значајната еврејска популација (околу 200.000 во 1938 година), која главно престојувала во Виена, била сведена на само неколку илјади во текот на масовната емиграција во 1938 (повеќе од 2/3 емигрирале од 1938 до 1941 година) и по Холокаустот за време на нацистичкиот режим. Имиграција во последниве години, главно од Турција и поранешна Југославија, довела до зголемување на бројот на муслиманите и православните христијани. [8]

Меѓу повеќето религии, како најзастапна во Австрија е Римокатоличката. Според пописот од 2001 година, 73,6% од населението на земјата се христијани. [9] Според податоци од крајот на 2005 година бројот на верници на Римокатоличката црква е околу 5.663.000 членови или 68,5% од вкупната популација на Австрија [10] Бројот на верници од Лутеранската црква е околу 5.7% од вкупниот број на верници. Поголемиот број Лутеранци живеат во провинцијата Корушка, Јужна Австрија. Во меѓувреме, бројот на муслиманите е во пораст, со 4,2%. Постојат и помали заедници на хиндуисти, будисти и Евреи и.т.н.[11][12]

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Австрија.

Поврзано[уреди]

Портал „Географија
Портал „Европа

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 1,2 „Регионални јазици на Австрија“. CIA World Factbook. 2001. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/fields/2098.html#au. 
  2. „Kommission für Migrations und Integrationsforschung der Österreichischen Akademie der Wissenschaften“ (PDF). Statistik Austria. 2012. стр. 23. http://medienservicestelle.at/migration_bewegt/wp-content/uploads/2012/07/IBIB_2012_Integrationsbericht.pdf. 
  3. Schlechtes Integrationsklima bessert sich diepresse.com (9 јули 2012).
  4. 4,0 4,1 „Bevölkerungsstand und −veränderung“. Statistik Austria. 19 мај 2011. http://www.statistik.at/web_de/dynamic/statistiken/bevoelkerung/bevoelkerungsstand_und_veraenderung/056447. конс. 24 јули 2011. 
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 „Австрија“. Меѓународен монетарен фонд. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2012/02/weodata/weorept.aspx?sy=2012&ey=2012&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=122&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC&grp=0&a=&pr.x=74&pr.y=5. конс. октомври 2012. 
  6. „Die Bevölkerung nach Umgangssprache, Staatsangehörigkeit und Geburtsland“ (PDF). Statistik Austria. архивирано од оригиналот на 13 ноември 2010. http://web.archive.org/web/20101113171636/http://www.statistik.at/web_de/static/bevoelkerung_2001_nach_umgangssprache_staatsangehoerigkeit_und_geburtsland_022896.pdf. конс. 17 ноември 2010. 
  7. „Австрија“. „Енциклопедија Британика“. 31 мај 2009. архивирано од оригиналот на 19 април 2009. http://web.archive.org/web/20090419153631/http://www.britannica.com/EBchecked/topic/44183/Austria. конс. 31 мај 2009. 
  8. „Religion in Austria on Sacred Destinations“. http://www.sacred-destinations.com/austria/austria-religion.htm. конс. 21 април 2007. 
  9. „Religion in Austria on CIA World Factbook“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/au.html#People. конс. 13 декември 2006. 
  10. „Kirchliche Statistik der Diozösen Österreichs (Katholiken, Pastoraldaten) für das Jahr 2005“. http://www.katholisch.at/site/article_blank.siteswift?so=all&do=all&c=download&d=article%3A107%3A5. конс. 21 април 2007. 
  11. „Religion in Austria on CIA World Factbook“. https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/au.html#People. конс. 21 април 2007. 
  12. „Religion in Austria on Sacred Destinations“. http://www.sacred-destinations.com/austria/austria-religion.htm. конс. 21 април 2007. 

Надворешни врски[уреди]

Владини
Патување
  • Austria.info Официјална страница на националното туристичко биро на Австрија
  • Austria.mu Страница на австриските музеи
  • TourMyCountry.com Страница за австриската култура, храна и туристичките знаменитости
  • Слики од Австрија
Одредници од АВСТРИЈА
 Германија
 Чешка
 
 Швајцарија
 Лихтенштајн
Compasspoint-nw.png С Compasspoint-ne.png
З RoseVents.svg И
Compasspoint-sw.png Ј Compasspoint-se.png
 Словачка
 Унгарија
 Италија  Словенија