Јужна Осетија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јужна Осетија
Республикæ Хуссар Ирыстон
Знаме на Јужна Осетија Грб на Јужна Осетија
(знаме) (грб)
Јужна Осетија во денешната административна карта на Грузија
Официјален јазик осетски
Други јазици руски, грузиски
Главен град Цхинвали
Претседател Едуард Кокојти
Премиер Јури Морозов
Претседател на Парламент Знаур Гассев
Површина
 – Вкупно
 – % вода

 3 900 km²
 n/a
Население
 – Вкупно
 – Густина
(2004)
 70 000 (околу)
 18/km²
Независност
 – објавена
 – призната
од Грузија
 – 28 ноември, 1991
 – Русија и Никарагва
Валута рубла, лари
Временска зона UTC +3
Ossetia05.png
Споменик за жртвите од Грузиско-осетскиот конфликт во Цхинвали

Република Јужна Осетија (осетски: Республикæ Хуссар Ирыстон; руски: Республика Южная Осетия) е самопрогласена република, формално припаѓа на Грузија. Нејзината независност е призната само од Русија и Никарагва и Венецуела.

Грузија на секаков начин се противи да ја признае автономијата на овој регион и да го вметне во официјалните документи називот "Јужна Осетија". Грузиските власти го користат називот "Самачабло" (по фамилијата на кнез Мачабели, кој го управувал тој регион во Средновековието), воведено во употреба од Звијад Гамсахурдија. Во последно време грузиските власти Јужна Осетија ја нарекуваат "Цхинвалски регион" (по името на главниот град Цхинвали). Во административната употреба на поштата цела Јужна Осетија формално влегува во составот на грузиската област Внатрешна Картли.

Историја на конфликтот[уреди]

Карта на Грузија со Јужна Осетија и Апхазија.

На 10 ноември 1989 г. Советот на народните пратеници на Јужно-Осетиската автономна област на Грузиската ССР донесува решение за прогласување на автономна република.

Врховниот Совет на Грузиската ССР признава, дека тоа решение е противуставно, поради што грузиските националисти го обиколуваат Цхинвали и со блокади, кои траат четири месеци. Вооружени престрелки нема.

На 20 септември 1990 г. парламентот на Јужна Осетија прогласува Република Јужна Осетија.

На 10 декември 1990 г. Врховниот Совет на Грузиската ССР спрема решение за прекинување на осетиската автономија.

На 11 декември 1990 г. во Цхинвали во меѓуетничи судири загинуваат 3 цивили. Грузија воведува вонредна состојаба во Цхинвали и Џавскиот регион на Јужна Осетија.

Ноќта помеѓу 5 јануари и 6 јануари 1991 г. во Цхинвали се нанесени тешки порази на милицијата и националната гарда на Грузија.

Низ целата 1991 г. продолжуваат периодични вооружени судири. Започнува бегалска криза во која бегалците се упатуваат кон Северна Осетија-Аланија на руска територија. Во Цхинвали започнуваат да се борат доброволци од Северна Осетија и козаци.

Грузиските сили ги контролираат стратегиските височини околу Цхинвали и воведуваат обрач околу градот, нанесени се многу разорувања и жртви. Тоа и така и не помага на Грузијците да воспостават контрола над административниот центар на Јужна Осетија. Осетијците, кои имаат остар недостиг на оружје и муниција, дејствуваат во мали диверзионистички групи.

За време на распадот на СССР Грузија ја користи својата расположива воена опрема и вооружување од Заткавказскиот воен округ, со која им задава воен пораз на осетските бунтовници.

Воените дејства се прекинати со потпишаните Дагомиски согласности помеѓу Русија и Грузија. на 14 јули 1992 г во зоната на конфликтот се воспоставени миротворски сили кои се состоени од три баталјони (руски, грузиски и осетски).

Дагомиските согласности предвидуваат прекратување на огнот и создавање на орган за регулирање на конфликтот — ‘‘‘Смесена контролна комисия (СКК)’’’, во која влегуваат грузиската и јужноосетиската страна, Русија и Северна Осетија.

Обшто за периодот декември 1990 до јули 1992 како резултат на конфликтот во Јужна Осетија се убиени од 2 до 4 илјади души.

На 12 ноември 2006 се воведува референдум за независност од Грузија паралелно со избори за претседател. На референдумот за независност гласаат 99% од 55-илјадниот електорат, а за претседателот Едуард Кокоити 95%. Референдумот станува широко популарен во Јужна Осетија, но меѓународните набљудувачи се безнадежни. На 13 ноември, Тери Дејвис, генералниот секретар на Советот на Европа го карактеризира референдумот, като "излишен, безполезен и неправилен", затоа што "на етничките грузијци не им било дадено правото да гласаат.

Региони[уреди]

Надворешни врски[уреди]