Совет на Европа
|
Совет на Европа
Council of Europe Conseil de l'Europe |
||||||
|---|---|---|---|---|---|---|
|
|
||||||
| Химна: „Ода на радоста“ (оркестрална) |
||||||
|
Десет основачи
Подоцна приклучени
Официјални кандидати
Набљудувач во Парламентарното собрание
Набљудувач во Комитетот на министри
Набљудувач во Парламентарното собрание и Комитетот на министри
|
||||||
| Седиште | Стразбур, Франција | |||||
| Членство | 47 еврoпски земји 5 набљудувачи (Совет) 3 набљудувачи (Собрание) |
|||||
| Лидери | ||||||
| - | Генерален секретар | |||||
| - | Заменик генерален секретар | |||||
| - | Претседател на Парламентарното собрание | |||||
| - | Претседател на Комитетот на министри | министерот за надворешни работи на државата која претседава со Комитетот на министри | ||||
| - | Комесар за човекови права | |||||
| Основана | ||||||
| - | Лондонски договор | 5 мај 1949 | ||||
| Страница www.coe.int |
||||||
Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.
Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.
Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.
Содржина |
Основање [уреди]
Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстои за заштита на индивидуите.
Држави членки [уреди]
Советот на Европа има навистина пан-европски карактер и во него членуваат:
- 47 земји членки
- 1 земја кандидат - Белорусија
- 5 земји набљудувачи - САД, Канада, Јапонија, Мексико и Ватикан
Цели [уреди]
- заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеење на правото;
- промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост;
- наоѓање на заеднички решенија на проблемите во европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца;
- консолидирање на демократска стабилност во Европа преку подршка на политички, правни и уставни реформи.
Органи [уреди]
Главните органи на Советот на Европа се:
- Комитет на министри
- Парламентарна асамблеја
- Конгрес на локални и регионални власти
- Европски суд за човекови права
- Секретаријат
Буџет [уреди]
Буџетот на Советот на Европа за 2007 година изнесува 197.214.100 евра.
Официјални јазици [уреди]
Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски, но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални. Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.

