Организација на американските држави
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Седиште | Вашингтон |
| Членови | 35 држави |
| Јазици | англиски, француски, шпански, португалски |
| Секретар | Хозе Мигуел Инсулца (26 мај 2005. – денес) |
| Основање - потпишана - стапила на сила |
Повелба на Организацијата на американските држави - 30 април 1948. - 1 декември 1951. |
| Сајт | http://www.oas.org/ |
Организацијата на американските држави (ОАД - OAS на англиски; OEA на останатите три официјални јазици) е меѓународна организација, со седиште во Вашингтон, САД. Основана е во 1948 со склучувањето на Повелбата на Организацијата на американските држави, која стапува во сила во 1951. Нејзини членови се 35-те независни држави на Америка. Членовите расправаат за важните политички прашања и цели во рамките на Генералното собрание, кое ги собира на едно место министрите за надворешни работи на континентот еднаш годишно.
Организацијата има четири официјални јазици: англиски, француски, шпански и португалски.
