Грузија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
საქართველო
Сакартвело

Грузија
Знаме Грб
ГеслоDzala ertobashia (ძალა ერთობაშია)
(македонски: „Силата е во единството“)
ХимнаTavisupleba (თავისუფლება)
(македонски: „Слобода“)
Главен град Тбилиси
41°43′ СГШ 44°47′ ИГД / 
Најголем град главниот град
Службен јазик грузиски
Народности  83.8% Грузијци, 6.5% Азербејџанци, 5.7% Ерменци, 1.5% Руси, 2.5% друго[1]
Демоним Грузиец
Уредување полупретседателска унитарна република
 -  Претседател Михаил Саакашвили
 -  Премиер Биѕина Иванишвили
Создавање
 -  Кралство Грузија 1008 
 -  Демократска Република Грузија 26 мај 1918 
 -  Грузиска ССР 25 февруари 1921 
 -  Независност од СССР (објавена и реализирана)

9 април 1991
25 декември 1991 
Површина
 -  Вкупна 69,700 км2 (120th)
Население
 -  проценка за 2009 4.385.400(Statistics Georgia) (122-ра)
 -  Густина 61.1 жит/км2 (134-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008
 -  Вкупен $21.424 милијарди[2] (109-та)
 -  По жител $4.869[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008
 -  Вкупно $12.864 милијарди[2] 
 -  По жител $2.923[2] 
ИЧР (2007) 0.778 (среден) (89-та)
Валута Лари (ლ) (GEL)
Часовен појас UTC (UTC+4)
 -  (ЛСВ) н/п (UTC+4)
Се вози на right
НДД .ge
Повик. бр. 995

Грузија (грузиски: საქართველო / Сакартвело) е држава во Источна Европа или Југозападна Азија во кавкаскиот регион, па така државата поради својата местоположба може да се смета за европска или азиска земја. На запад, Грузија излегува на Црното Море, на север граничи со Русија, на југ со Турција и на исток со Азербејџан. Вкупната површина на Грузија изнесува околу 69.000 километри квадратни со население од околу 4.385 милиони жители. Главен град на државата е Тбилиси, додека официјален јазик е грузискиот јазик.

Историјата на Грузија започнува уште со старите кралства Колчис и Кавкаска Иберија и таа е една од првите држави кои го прифатиле христијанството во 4 век. Својата најголема економска и политичка моќ Грузија ја стекнала под раководство на кралот Давид IV и кралицата Тамар во 11 и 12 век. На почетокот на 19 век Грузија била припоена кон Царска Русија.[3] По кратката самостојност како Демократска Република Грузија, државата била приклучена кон СССР во 1922, за да во 1991 година повторно стане независна и суверена држава.

Етимологија[уреди]

Свети Ѓорѓи - патрон на Грузија и по кого некои држави ја нарекуваат земјата Џорџија.

Самите Грузијци се нарекуваат „Картвелеби“ (ქართველები), нивната земја ја нарекуваат „Сакартвело“ (საქართველო и значи „место на Картвелите“) и нивниот јазик го нарекуваат „картули“ (ქართული). Според старите грузиски хроничари, предок на грузискиот народ е Картлос, правнук на библискиот Јефет.

Името „Сакартвело“ се состои од два дела. Коренот на зборот е kartvel-i (ქართველ-ი) што означува жител на источниот грузиски регион Картли.

Старите грчки и римски писатели ги именувале источните Грузијците како „Ибери“, додека западните Грузијци како колхиди.[4]

Македонскиот назив за државата најверојатно се презел од рускиот јазик (Грузия), кој пак потекнува од персиско-арапско потекло. Имено, сирискиот назив од 11 и 12 век за регионот бил gurz-ān или gurz-iyān. Исто така во записите на патеписецот Ингатиј Солњанин од 1389 се споменува називот гурзи, додека пак кај Афанасиј Никитин се споменува терминот грузиска земја.

Во јуни 2011 година, владата на оваа земја ги повикала сите држави во светот кои го користат нејзиното име (Грузија) кое потекнува од руското говорно подрачје, да се откажат од него и да почнат да го употребуваат името од англиското говорно подачје - Џорџија. Според властите во Тбилиси, до сега тоа го прифатила само Јужна Кореја.[5]

Историја[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Историја на Грузија.
Карта на Кралство Грузија.

Територијата на денешна Грузија била населена уште од најраните времиња. До 12 век п.н.е. во североисточна Анадолија постоела држава која се викала Диаоха. Во периодот од 6 век п.н.е. до 2 век п.н.е. во Западна Грузија постоела грчката Колхидската империја, а во Источна Грузија постоела Иберија.

Овие простори паднале во составот на Римската империја. Во 327 година, во Грузија било воведено христијанството како основна религија, по примерот на Ерменија која е првата држава која го воведува христијанството. Покасно, Грузија била во составот на Византија, Персија и Арабија. Кон крајот на 10 век, во Грузија настапил т.н. Залтен век од нејзината историја, стекнувајчи независност од Византија. Во периодот од 11 век до 13 век, Грузија била една од најсилните држави на Кавказ. Но, по инвазијата на монголците била под минимум намалена нејзината моќ. Во 16 век, Грузија била во составот на Османлиската империја. Во 1783 година, Грузија склучила одбранбен договор со Русија, а во 1801 година руските кралеви ја вклучиле Грузија во Руската империја.

На 26 мај 1918 година, по Октомвриската револуција, Грузија објавила независност. Но, на 16 февруари 1921 година, Црвената армија ја окупирала Грузија и ја вклопила во составот на Советскиот Сојуз. Воспоставена како Советска Социјалистичка Република на 25 февруари 1921, од 12 март 1922 до 5 декември 1936 била дел од Транскавкаска Федеративна Советска Социјалистичка Република заедно со Ерменска ССР и Азербејџанска ССР.

На 15 ноември, 1990 таа била преименувана во Република Грузија. Прогласи независност на 9 април, 1991, под власта на националистичкиот лидер Звиад Гамсакурдиа. Како и да е, независноста не била призната од Советската влада сѐ до септември 1991.

Географија и клима[уреди]

Карта на Грузија.
Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Географија на Грузија.

Вкупната површина на земјата изнесува 69.700 km², и според тоа се наоѓа на 118 место по големина во светот. Таа граничи со Русија на север, Азербејџан на исток, Ерменија и Турција на југ и Црно Море на запад. Главниот град Тбилиси е најголемиот во државата со oколу 1.093.000 жители.

Климата во Грузија е умерена и суптропска. Најголемиот дел од површината на Грузија е покриен со планини, каде се одгледува грозје и производство на вино и коњак. Црноморскиот брег на оваа земја е популарна туристичка атракција. Многу туристи доаѓаат во Грузија поради лековитите бањи или да ги видат величествените пештери и водопади. Топлата и влажна грузиска клима е погодна за одгледување на чај и агрум. Истотака, Грузија е позната и по производство на свила и останати ткаенини.

Политички систем[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Политики на Грузија.

Грузија е демократска полу-претседателска република. Шеф на државата е претседателот, а моментално на таа функција се наоѓа Михаил Саакашвили. На чело на владата на Грузија стои премиерот. Извршната власт во државата е во рацете на претседателот и кабинетот на министри под претседателство на премиерот. Во овој кабинет министрите за одбрана и внатрешни работи се под раководство на претседателот. Законодавната власт во државата е во рацете на Собранието, кое е еднодомно и има 150 пратеници избрани за четиригодишен мандат.

Административна поделба[уреди]

Република Грузија административно е разделена на 2 автономни републики (Апхазија и Аџарија), една автономна област Јужна Осетија со непризнат статус, 9 региони (Мегрелија-Горна Сванетија, Гурија, Долна Картли, Имеретија, Долна Сванетија (Рача-Лечхуми), Внатрешна Картли, Џавахетија, Мтсхетија-Мтианетија, Кахетија) и самостојниот административен регион (Тбилиси).

Бр. Регион Главен град Карта на Република Грузија
1 Апхазија Сухуми
Административна поделба на Република Грузија
2 Тбилиси Тбилиси
3 Мегрелија-Горна Сванетија Зугдиди
4 Гурија Озургети
5 Аџарија Батуми
6 Џавахетија Ахалцихе
7 Имеретија Кутаиси
8 Долна Сванетија Амбролаури
9 Внатрешна Картли Гори
10 Долна Картли Рустави
11 Мтсхетија-Мтианетија Мцхета
12 Кахетија Телави

Економија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Економија на Грузија.

Уште од распадот на СССР во 1991 година Грузија воведува економски реформи кои се дизајнирани за создавање на слободна економија. Но, како и скоро сите пост-советски републики, Грузија се соочува со големи проблеми и економски падови. Граѓанската војна и воените судири во државата придонеле за таквата ситуација. Така, БНП во 1994 година бил половина од тој во 1989 година.[6] Првата финансиска помош во државата пристигнала во 1995 година од Меѓународниот монетарен фонд. Во 2001 година 54% од населението живеело во сиромаштија, додека во 2006 година тој процент паднал на 34%.[7]

Демографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Демографија на Грузија.
Млади Грузијци во традиционална облека.
Крст од 4 век.

Етнички групи[уреди]

Грузијците, меѓу кои Аџарите и останатите кавкаски народи се најбројна етничка заедница во државата. Вкупното население на државата е 4.661.473 жители. Грузија е дом на најстарата еврејска заедница во светот. Процентуално, етничката слика е:

Јазик[уреди]

Официјален јазик во државата е грузискиот јазик, но се зборуваат и руски јазик, ерменски јазик и останати кавкаски јазици.

Религија[уреди]

Грузија има долга историја на верската хармонија во рамките на своите граници, и покрај историските конфликти со околните народи. Во текот на својата историја, различни верски организации опстојувале на териториијата на денешна Грузија, проследени од верски дискриминации[8]. Еврејските заедници главно се населени во двата најголеми градови Тбилиси и Кутаиси. Азербејџанските групи, кои главно се муслимани се концентрирани главно во новните автономни области во земјата. Ерменската Православна црква, која на некој начин се разликува од грузиската, има статус на афтокефална црква.

Според Уставот на Грузија, верски институции се одвоени од Владата и секој граѓанин има право на избор на религија.

Во историјата, Евангелието било проповедано на овие простори од страна на Апостол Андреј, Апостол Симон и Апостол Матеј. Кавкаска Иберија официјално била христијанизирана во 326 [9] Света Нина од Кападокија. Грузиската Православна Црква, добила статус на афтокефална во 4 век за време на владеењето на кралот Вахтанг Горгасали[9].

Денес, поголемиот дел од населението на Грузија се православни христијани, пред се членови на Грузиската Православна Црква. Од нив (82%), околу 2% се припадници на Руската Православна Црква, околу 3,9% од населението Ерменската апостолска црква, од кои речиси сите се етнички Ерменци. Католиците сочинуваат околу 0,8% од населението и главно се наоѓаат во јужниот дел на Грузија и еден мал број во Тбилиси. Според информации на ЦИА, муслиманите се околу 9,9% од населението, [10] и главно се наоѓаат во регионоите на Аџарија и Долна Картли а ги има и во престолнинара Тбилиси. Исто така, постои значителен број на Еврејско население во Тбилиси каде имаат изградено две синагоги.

Култура[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Култура во Грузија.

Грузиската култура се развивала преку 1.000 години со основањето на цивилизациите од Кавкаска Иберија и Колчис.[11] Подоцна културата се развивала во рамките на Кралството Грузија, така што во 11 век културата го забележала својот најголем подем во уметноста, книжевноста, музиката, архитектурата, науката и философијата.[12]

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

  1. CIA Factbook Georgia
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Georgia“. International Monetary Fund. http://www.imf.org/external/pubs/ft/weo/2009/02/weodata/weorept.aspx?sy=2006&ey=2009&scsm=1&ssd=1&sort=country&ds=.&br=1&c=915&s=NGDPD%2CNGDPDPC%2CPPPGDP%2CPPPPC%2CLP&grp=0&a=&pr.x=58&pr.y=17. конс. 1 октомври 2009. 
  3. David M.Lang, A Modern History of Georgia, p. 109
  4. Braund, David. Georgia in Antiquity: A History of Colchis and Transcaucasian Iberia, 550 BC-AD 562, pp. 17-18
  5. Тбилиси го менува името на државата, www.netpress.com.mk
  6. The EBDR country factsheet - [1].
  7. The World Bank's Economic Development and Poverty Reduction Program progress report - [2].
  8. Spilling, Michael. Georgia (Cultures of the world). 1997
  9. 9,0 9,1 Riassophore, Adrian monk. "A brief history of Orthodox Christian Georgia." Orthodox Word, 2006: p. 11.
  10. CIA - The World Factbook - Georgia
  11. Georgia : in the mountains of poetry 3rd rev. ed., Nasmyth, Peter
  12. Studies in medieval Georgian historiography: early texts and European contexts, Rapp, Stephen

Додатни информации[уреди]

  • Braund, David (1994) Georgia in Antiquity: a History of Colchis and Transcaucasian Iberia 550 BC – AD 562 Clarendon Press, Oxford ISBN 0-19-814473-3
  • Brook, Stephen Claws of the Crab: Georgia and Armenia in Crisis
  • Burford, Tim Bradt Guide: Georgia
  • Goldstein, Darra The Georgian Feast: the Vibrant Culture and Savory Food of the Republic of Georgia
  • Karumidze, Zurab & Wertshtor, James V. Enough!: The Rose Revolution in the Republic of Georgia 2003
  • Kurtsikidze, Shorena & Chikovani, Vakhtang, Ethnography and Folklore of the Georgia-Chechnya Border: Images, Customs, Myths & Folk Tales of the Peripheries, Munich: Lincom Europa, 2008
  • Lonely Planet World Guide: Georgia, Armenia and Azerbaijan
  • Nasmyth, Peter Georgia: In the Mountains of Poetry
  • Rosen, Roger Georgia: A Sovereign Country in the Caucasus
  • Russell, Mary Please Don't Call It Soviet Georgia: a Journey Through a Troubled Paradise
  • Shelley, Louise; Scott, Erik & Latta, Anthony, eds. Organized Crime and Corruption in Georgia Routledge, Oxford.
  • Steavenson, Wendell Stories I Stole

Видете исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Влада
Општо
Вести